ТЕХНОЛОШКО ЧУДО ВО ПРЕСТОЛНИНАТА: Ако поминете со цигара покрај овој билборд, следува казна (Видео)

Како би ја подигнала свеста за штетноста од цигарите, компанија од Шведска дошла до идеа во Стокхолм да постави специјални електронски билборди.

Компанијата го привлече виманието на јавноста, бидејќи станува збор за напредна серија билборди кои се интерактивни. На дигиталниот екран момчето започнува да кашла кога луѓето ќе поминат со запалена цигара.

На билбордот се емитува и промотивен спот за производите кои помагаат во одвикнување од пушењето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.