Рикалоски на квалификации за Олимписки игри

Пингпонгарот на “Младост96”- Прилеп, Александар Рикалоски во периодот од 02 – 05 ноември во Сплит, ќе учествува на квалификациите за младите Олимписки игри кои во 2018 година ќе се одржат во Буенос Аирес во Аргентина. На квалификациите секоја земја има право на по еден свој претставник. Вкупно пријавени се 32 млади пингпонгари од кои првите четворица од квалификациите ќе се изборат да играат на Олимписките игри. Патот до посакуваните четири места ќе биде многу тежок, бидеќи пријавени се најдобрите млади пингпонгари од цела Европа. За што подобро претставување на нашата земја Рикалоски од 19-24 октомври ќе биде на припреми во Зрењанин (Србија), со најдобрите европски тренери од Војводина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.