“Оливер е добро, лекувањето продолжува” – Информациите на хрватските сајтови дезинформација

Неколку хрватски сајтови вечерва објавија дека легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ починал на одделот за онкологија во Сплит.

После кратка и тешка болест и лавовска борба да ја победа “морскиот волк” како што го нарекуваа неговите Хрвати, почина Оливер Драгојевиќ, пренесе Сплитски дневник, повикувајќи се на извори од сплитската болница.

Веднаш откако веста беше демантирана на официјалната Фејсбук страна на пејачот, од порталот ја повлекоа веста.

“Оливер е добро и лекувањето продолжува. Ве молиме, не верувајте на дезинформациите кои моментално кружат”, напишаа на официјалната Фејсбук страна.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.