Ова се најморничавите места во светот: Таму лутаат духови на деца и се слушаат чудни звуци (ФОТО+ВИДЕО)

Здружението “Инглиш херитејџ” во очи на “Ноќта на вештерките” 31 октомври, објави список од најстрашни историски локации на кои се појавуваат духови, а ноќе се слушаат чудни звуци на плач или хистерично смеење.

Најстрашно е во дворецот Болсовер на сверозападот на Англија. Градбата која потекнува од 17 век изградена е врз некогашни гробишта, а сведоштвата на луѓето се дека забележувале жена која поминува низ ѕидови.

Виден е и дух на дете кој се држи за рака за посетител на местото, кој не бил свесен за целата ситуација. Страшно место е и средновековниот замок во Кенилворт на сверот на Англија, каде дух исто така на дете се појавува во шталата.

Во Керисбрук на југот од Англија редовно се појавува бледото лице на Елизабет Рафин, девојка која се удавила во бунарот, како и дух облечен во долг мантил кој со себе носи четири кучиња.

Во дворецот Пенденис на југозападот на Англија, посетителите можат да чујат вриштење на девојче кое многу одамна се фрлило од прозорецот на кујната.

На рушевините на еден средновековен манастир пак на северот од Англија, посетителите често кажуваат дека се чувствувале како некој да ги држи за рамото.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.