(Обновено) СТРАШЕН пожар го загрозува манастирот Трескавец! Во опасност и три населени места – Градоначалникот Ристески на терен со граѓаните! (ФОТО)

BeFunky Collage

Над 50-тина хектари со борова и нискостеблеста шума вечерва горат околу манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец кај Прилеп. Пожарот започнал околу 16 часот над новите градски гробишта и тој моментално се шири со огромна брзиина. Гори целата планина околу манастирскиот комплекс. На терен се излезени екипи на против пожарната единица како и доброволци кои упатуваат апел до граѓаните да се вклучат уште вечерва во гаснење на пожарот затоа што постои голема опасност повторно да се запали ова наше светилиште. Се претпоставува дека причина за пожарот е човечки фактор.

DSC01136

„Ги замолувам сите мои сограѓани да дојдат тука да помогнат околу гаснењето на огнот, моментално сме мала група на луѓе и се наоѓаме многу блиску до манастирот Трескавец. Дојдете за да не ни се случи повторно да изгори овој наш храм. Се бориме со надчовечки напори за да го изгаснеме огнот, но тој се шири со огромна брзина“, вели Филип Илиески, еден од доброволците кои го гаснат пожарот.

DSC01135

DSC01122

Во опасност од големиот пожар се и населените места Горно Село, Мажучиште и Забрчани. Вечерва увид гаснењето на пожарот изврши и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој го осуди намерното подметнување на голем дел од пожарите кои што се на територија на Општина Прилеп. На територија на Општина Прилеп моментално се активни 4 големи пожари.

DSC01107

„Пред се тука би го осудил несовесното однесување на поединци кои се предизвикувачи на голем дел од овие пожари и тука би ги повикал соодветните институции да реагираат, да се пронајдат сторителите на овие кривични дела и да се постапи според законот. Со сите овие пожари е направена огромна материјална штета, се прават големи трошоци кои се на товар на Општината, ТППЕ, Јавните институции и сите кои се вклучени во гаснењето на пожарите. Тука би истакнал голема благодарност до противпожарната едница, јавните претпријатија, ЈП Македонски шуми и секако до мештаните на населените места каде се случуваат овие пожари и кои актиивно се вклучуваат во нивното гаснење. Бидејќи овој пожар е во близина на манастирот Трескавец би упатил апел  вечерва и утре да се пријават добровиолци за локализирање на пожарот за да не се прошири до самиот манастир“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Општина Прилеп.

DSC01122

DSC01118

DSC01117

„Пожарот се шири со огромна брзина кон манастирот. Моментално има мали екипи на луѓе кои гаснат. Последниве денови има повеќе пожари на територија на Општина Прилеп, како екипа интервенираме со денови. Гаснењето во вакви услови е отежнато, терените се доста лоши, а температурите се високи. Повикуваме граѓаните да не палат оган на отворен простор и да ја почитуваат забраната за движење во шумите“, истакна Станко Колески, командир на ТППЕ – Прилеп.

DSC01112

Сите доброволци кои сакаат да учествуваат во гаснењето на пожарот кај Трескавец да се обратат до противпожарната екипа во Прилеп или на телефонот 193.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.