Нови фотографии и прво видео од новиот iPhone 8 кој изгледа фантастично

ajfon-620x350-121931

Само неколку дена откако се објавени првите фотографии на новиот  iPhone 8, на Твитер се појави и прво видео.

На него се гледа тој прототип за кој Бенџамин Гескин тврди дека претставува изглед на идниот модел на најпопуларниот телефон на светот.

Гескин претходно објави фотографии за кои тврди дека ги добил од извор од фабриката Foxconn во која се произведува телефонот на Apple.

Битно да се нагласи е дека не постојат официјални информации за новиот модел на iPhone, па овие тврдења треба да се земат со резерва.

Доколку е вистина дека ова е прототип, сигурно ќе дојде до уште многу промени кога во прашање е конечниот производ.

Погледнете го видеото:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.