Лукас фатен со новата девојка: Таа е познатата актерка

Како што дознаваат српските медиуми, девојката со која Лукас дојде на прославата на српските кошаркари е српска актерка која публиката ја знае по улогите во сериите „Нашата мала клиника“, односно „Будва на пена од море“.

Пејачот Аца Лукас пред две ноќи беше гостин на белградскиот сплав Ривер за да ја збогати прославата на српските кошаркари кои на Евробаскет освоија сребрен медал.

Лукас на паркингот бил со момците од обезбедувањето и со девојката која побегнала штом ги здогледала папараците.

Подоцна, сепак, се појавила на сплавот, а како што пренесуваат медиумите, се работи за актерката Барбара Петровиќ.

Барбара играше во сериите „Нашата мала клиника“, „Будва на пена од морето“, а активна е и во театарот.

Еве како изгледа:

Лукас не се огласи по овој повод, па не е потврдено официјално дали е во прашање нова девојка, сериозна врска, или познанство и пријателство.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.