Доаѓа снегот во Македонија: УХМР најави заладување и снежна прекривка од недела

Од недела се очекува заладување со дожд на пониските места и снег на планините и на повисоките места над 800 метри.

УХРМ денеска соопшти дека под влијание на постудена и релативно влажна воздушна маса од недела ќе преовладува облачно време, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд во западните и северните делови кои на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Врнежите ќе продолжат и во понеделник претпладне кога ветерот ќе се засилува и ќе предизвика позначителен пад на температурата, која во понеделник ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.