ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА ДАМЈАН ПЕЈЧИНОСКИ ТРИО ВО КИНА (ВИДЕО)

image

Триото на Дамјан Пејчиноски  ја доби наградата “Excellence in performance” (Извонредност во изведбата) во Ланжоу, НР Кина за нивните концерти одржани на фестивалот China Cultural Season 2017.

Во периодот од 6 до 12 јули 2017, по концертот во Њу Јорк- САД, Дамјан Пејчиноски Трио гостуваше на фестивалот China Cultural Season 2017, организиран од Министерството за култура на НР Кина и Џез Асоцијацијата на Кина (The Chinese Jazz Association).

Во рамките на овој голем интернационален фестивал, Триото на Дамјан Пејчиноски имаше четири концерти на кои, пред масовна публика, изведуваше македонски евергрини во џез аранжмани, класични композиции, џез стандарди и авторски композиции, аранжирани од Пејчиноски.

Наградата, по свечена церемонија, лично им ја врачи Градоначалникот на Ланжоу.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.