Во сабота хуманитарен Концерт На КУД ,,Моминок”- Прилеп

КУД„Моминок“ в сабота 21.10.2017 од 19 часот во големата сала на ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен концерт на кој играорците ќе го презентираат богатиот македонски фолклор. Гости на вечерта се КУД „Иван Цветковиќ“ – Гркиња од Р. Србија и ЗП„Пенка Котеска“. Концертот има хуманитарен карактер.

КУД „Моминок“ формирано во 2003 година, кое работи под покровителство на ЦК„Марко Цепенков“ настапувало на бројни фолклорни фестивали, манифестации, собири низ Македонија и во странство презентирајќи го богатиот македонски фолклор, за што е добитник на повеќе награди и признанија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.