ВМРО-ДПМНЕ бара да се исплатат толку субвенции колку што биле ветени на изборите

20270015_10211863650978161_249347683_n

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска преку пресконференција ја обвини владеачката СДСМ околу негрижата за тутунарите и неисполнетите ветувања, кои ги дадоа пред нив првите луѓе на сегашната власт.

Во продолжение ви пренесуваме интегрален текст од целата пресконференција.

Продолжуваат маките и непријатностите на земјоделците, а посебно на тутунарите во
Македонија, предизвикани директно од негрижата и лагите на новата влада, која за време на изборната кампања им вети повисоки субвенции по класи, репроматеријали, помош во опрема, а не исполни.

Програмата “За живот“ единствено им донесе на тутнунарите празни сметки и грижи како
воопшто оваа година да поврзат крај со крај, зошто субвенциите кои досега им беа редовно исплаќани, од оваа година ги нема.

Масло на огнот долеваат несмасните изјави на министерот за земјоделие, господинот
Николовски кој упорно тврди дека се исплатени комплетно субвенциите за тутун. Ги нема
повисоките субвенции кои беа ветени, или 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета класа, суми за кои Прилепчани веруваа дека ќе бидат вкалкулирани во нивните сметки, имајќи во предвид дека чекаа долго време. Всушност, така им ветуваше и сограѓанинот Хари Локвенец.

Изгледа пратеникот Локвенец не може да ги забележи редиците пред банките кои чекаат
исплата на субвенции.

Состојбата е навистина загрижувачка. Треба ли луѓето да се задолжуваат во земјоделските
аптеки, да набават репроматеријали на одложено плаќање само поради тоа што некој ветил, а многу лесно се оградил од ветеното? На ваков начин ли се грижи новата влада за
земјоделството?

Почитувани земјоделци, со ребалансот за Буџет 2017-та намалува 100 000 000ден. од ставката финансиска поддршка за рурален развој. А во исто време ги зголемуваат средствата за нови партиски вработувања во Министерство за земјоделие. И почитувани сограѓани, почитувани земјоделци, за прв пат од постоењето на ова министерство, министерството ќе финансира НВО, оние соросовите, а крати Владата од средствата за рурален развој.

На ваков начин ли ќе се грижите и за здравството, образованието, социјалата? Вака ли го
носите “животот“ кој го ветивте?

Најостро апелираме да не се поигрува и да не се лажат тутунопроизводителите. Бараме на
секој тутунопроизводител до денар да му бидат исплатени субвенциите кои чесно ги
заработил и да се заврши конечно оваа манипулативна игра. Впрочем исплатата на
субвенциите е пропишана со закон и сакале вие или не мора да биде извршена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.