Југото пристигна и во Дизни цртан филм (ФОТО)

Познатото балканско достигнување во автомобилската индустрија се појави и во цртаниот филм на Дизни “Cars 3”, кој излезе во јуни оваа година.

Луѓето секогаш се изненадени кога овој автомобил ќе го видат некаде на другата страна на светот, во некој музички спот или филм.

Во една од сцените на новиот “Cars 3” верните фанови на овој автомобил, забележале жолто Југо помеѓу познатите јунаци.

Иако на прв поглед не се забележува, кога малку подобро ќе погледнете, сепак јасно се истакнати сите негови препознатливи карактеристики.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.