Го оствари сонот, Палермо шанса за нов подем – Интервју со Илија Несторовски

Илија Несторовски, фудбалско име за кое со гордост се зборува, име кое испишува брилијантна фудбалска сторија. Од локален херој и љубимец на прилепската публика, до најдобар стрелец во хрватското фудбалско првенство. Нашиот Иле созреваше низ годините и прерасна во голем амбасадор на Прилеп, на Македонија и во светла точка во Македонската фудбалска репрезентација. Сајните настапи и полнењето на противничките мрежи, вклучувајќи ја и онаа на моќниот Динамо Загреб, му обезбедија виза во италијанската Сериа А. Од лето Несторовски се сели на Сицилија во Палермо, а токму тоа е најголема причина за нашиот интервју разговор.

71503-bomba-od-italija-nestorovski-vo-juni-doagja-vo-palermo

Градот под Марковите Кули е добро запознаен кој е Илија Несторовски, каде започна и како се движеше неговата кариера. Но еве да ги потсетиме сите до сега неупатени, кои беа твоите чекори на градење на фудбалско име и каде сметаш дека го направи најголемиот отскок во твојата досегашна кариера?

Моите први чекори во фудбалот ги направив на 7-годишна возраст во приватните фудбалски школи во Прилеп, додека на 13 години за прв пат зачекорив во домашниот клуб Победа.

10357132_10204075794557580_3588085329990988596_n

Колку време си надвор од државата и каде најубаво си се чувствувал додека си настапувал?

Надвор од Македонија сум од 19 годишна возраст и секако најдобро се чуствувам сега во Хрватска во мојот сеуште актуелен клуб Интер Запрешич.

9874-nestorovski

Кој е твоја најголема поддршка во животот и спортот?

Најголема поддршка во животот имам од своето семејство, без нив сето ова не би било возможно.

Моментално си еден од најдобрите во хрватското фудбалско првенство, како се носиш со тој примат и како на тоа реагира хрватската фудбалска јавност и фановите на клубот?

Па моментално сум најдобар стрелец во хрватскиот шампионат, а со тоа стекнав и голема популарност во хрватските медиуми.
10703860_10205508982066372_9105712144896301505_n

Македонската фудбалска репрезентација беше местото каде многумина те гледаја уште од многу одамна, сепак повикот дојде многу подоцна. На што се должи тоа?

Мое мислење е дека не е ни важно кога дојде повикот за настап во репрезентацијата. Сепак сега сум тука, ќе ги бранам црвено-жолтите бои и ќе дадам се од себе за подобрување на тој очаен ранкинг, бидејќи не го заслужуваме тоа.

Ilija-Nestorovski-sport184-1

Од ова лето се селиш во редовите на Палермо. Како ја дочека таа одлука на Италијанците да те ангажираат во нивните редови, имаше ли големо славење и дали тоа значи дека Трајковски веќе има нов цимер на Сицилија?

Одлуката на Палермо да ме ангажира во нивните редови, секако ја дочекав со воодушевување, токму така, нов цимер на Трајковски ќе бидам јас.

Како Несторовски работи на темпирање на својата форма и брзина?

Покрај секојдневните обврски кон клубот, одвојувам доста време и за додатни тренинзи со приватен тренер и сметам дека тоа е клучот за успехот.

ilija-nestorovski-615x400

Дали трансферот во Палермо е можеби остварување на твојот сон да настапуваш во една од најпознатите европски лиги Сериа А  или твоите желби беа насочени кон некое друго првенство?

Имав многу други понуди, кои доаѓаа од други фудбалски лиги. Кога слушнав дека Палермо е заинтересиран за моите услуги, без ни малку размислување прифатив, бидејќи токму така, мојот сон беше да заиграм во Сериа А.

Што според тебе му е потребно на македонскиот фудбал да застане на здрави нозе, како на клубски така и на репрезентативен план, дали секогаш финансиите се главниот проблем или пред се потребно е добро кадровско екипирање?
Па гледаме дека моменталната состојба во македонскиот фудбал се менува на подобро. Постои напредок во позитивна смисла во квалитетот на натпреварување, а за тоа заслужни се вложувањата во Вардар и Шкендија. Сметам дека ако се продолжи во таков ритам и ако и другите клубови го следат таквиот пример, и македонската лига и репрезентацијата ќе бидат на едно повисоко ниво.

Кој е патот на успехот за Илија Несторовски?

Верба во себе и никогаш да не се откажуваш од нештата кои те прават среќен.

Што е твоја желба, план за во иднина?

Пред се посакувам да ме служи добро здравјето, а другото ќе си дојди само по себе.

А.Г.