Ураганот “Ирма” ја промени бојата на Карипските Острови

Пред да ја удри Флорида, ураганот од петта категорија “Ирма” стигна до Карипските острови . Речиси половина од популацијата на малиот остров Барбуда морала да ги напушти своите домови , а ветровите од петта категорија ги опустошија островите Свети Томас, Свети Џон, Тортола и Вирџин Горда.

“Островите станаа кафеави, остана само земја, затоа што ураганот ги искорна растенијата од корен”, напиша на Твитер НАСА.

Кога во неделата небото над островите се исчисти, сателитот Ландсат 8 забележа промена на бојата.  Зелените острови ураганот ги претвори во земја. Дури и бојата на океанот стана посветла.

 

А/Г/


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.