Обезбедувањето во Хаг направило три грешки – како Праљак го внел отровот при ригорозни контроли?

Службите на обезбедувањето во Хаг направиле најмалку три грешки и пропусти поради кои Слободан Праљак вчера успеа да се самоубие, пиејќи отров, откако ја слушна пресудата од 20. години затвор.

Извор за Јутарњи Лист тврди дека Праљак не бил детално прегледан кога излегувал од притворот, па затоа и успешно го донел шишето отров.

Првиот пропуст е тоа што никој не забележал дека тој набавил отров, вториот дека не бил детално прегледан и не му го нашле шишето, а третиот што пред полна судница со обезбедување, како и пред широкиот аудиториум тој го испи отровот.

Според изворот, тешко е да се внесе било што во Хаг, сигурносните мерки се на високо ниво, особено при пресуда за да не дојде до инциденти.

Инаку, при доагањето во зградата на судот осудениците поминуваат на рендгенски преглед, со рачни скенери, па ако Праљак имал мало шише, а тие го провериле, тоа ќе се откриело.

Исто така, потоа затворениците се носат на детален преглед во соба каде нема видеонадзор.

Јутарњи Лист пишува дека е повеќе од јасно дека се направени големи пропусти со Праљак.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.