НИ СЕ ЗАКАНУВА ЛИ ЛЕДЕНО ДОБА!? Снимките од НАСА се застрашувачки (ВИДЕО)

Филмот “Ден после утре” од 2004 година во своето сценаријо предвиде ледено доба благодарејќи на сателитски снимки кои по многу работи се слични со оние на ураганот Ирма и Катиа.

Ураганот Ирма, Хозе и Катиа се движат околу американскиот брег и се едни од најголемите природни катастрофи во 21 век. Ирма веќе ги опустоши Антигва и Барбудам Свети Мартин, Порторико, Девствените острови и Куба, а од последиците на ураганот досега 42 лица го загубија животот.

Западниот брег на Флорида е под тежок удар, а иако Ирма е ослабена и понатаму прави големи штети  и проблеми на населението. Додека поголемиот дел од светот го следи движењето на ураганот Ирма, во нејзина сенка е ураганот Хозе, кој се движи речиси по истиот пат по кој се движеше Ирма.

На интернет се појави интересна споредба на сателитски снимки од моменталната ситуација и онаа од филмот “Ден после утре” (The day after tomorow).

На сателитската снимка од филмот прикажано е подрачјето на интензивно делување на струите кои предизвикаа ледено доба и кои речиси целосно потсетуваат на движењето на денешните урагани. Сето тоа предизвика голем страв во јавноста.

А/Г/


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.