Милијардер дава 5 милиони долари ако имате решение на овој проблем – крајниот рок е 30-ти септември (ВИДЕО)

Шведскиот милијардер Ласло Зомбатфалви, основач на “Тhe Global Challenges Foundation”, планира да исплати 5 милиони долари на оној кој ќе успее да ја реши моменталната целосно заплеткана ситуација во однос на светските случувања.

Како што напишал Ласло на сајтот на својата фондација во неодамнешната објавена порака, на светот му е потребна нова идеја и филозофија на уредување на државите, која ќе ја извлече целата планета од проблемите на кои не им се гледа крајот, а за решавањето на оваа ситуација е можеби и прекасно.

“Тhe Global Challenges Prize 2017” ќе му биде доделена на оној поединец или група, универзитет или компанија која може да соработува било каде во светот, а кој ќе предложи најдобро алтернативно решение за модел на државно уредување, било да се работи за предлог како “поправен испит” за веќе постоечките и познати, или како потполно нова реформа за сите нас, односно ново досега непознато државно уредување.

Новиот модел мора да биде јасен и јасно да ги дефинира проблемите и да укаже во која сфера на уредувањето би морало да се направат промени и кои.

30 септември е крајниот рок за пријавување на предлози, после тоа списокот со најдобри идеи ќе се најде на сајтот на фондацијата, а за најдобрите од нив ќе се обезбеди финансиска помош за имплементација.

Погледнете го видеото:

Ф/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.