дома блог страница 9

Се сеќавате ли на малиот Никодим од Прилеп – одново му сме сите потребни, тумурот се врати, а сега е уште ПОИТНО!

Се сеќавате на малиот Никодим од Прилеп, детенцето кое во хуманост ја обедини цела Македонија? На 3 години на ова слатко детенце му беше дијагностицирана ИНФИЛТРАТИВНА ТУМУРСКА МАСА, при што минатата година беше опериран во болница во Истанбул, каде имаше операција на тумор на главата и поставување шант.

Но, кога семејството конечно здивна, а Никодим преброди голема болка што ниту возрасен не би ја издржал, тумурот одново се појави, овој пат двојно поголем и многу поагресивен.

Семејството одново бара помош, сега поради итноста на здравствената сосојба потребно е новата операција да се направи што поскоро, а Никодим да добие детство какво што заслужува.

Неговите родители повторно преку Фондацијата “Павел Андреев” бараат помош за собирање финансиски средства, а сите ние сме повикани да помогнеме колку што можеме.

-Секој родител живее за насмевката на своето дете… а јас, веќе подолго време, се борам да ја видам насмевката на мојот Никодим повторно. Мојот син има само четири години, а веќе помина низ болки што ниеден возрасен не би ги издржал. Пред една година ја преживеа својата најтешка битка – операција на тумор на главата и поставување шант. Сите се надевавме дека тоа ќе биде крајот на страдањето, дека конечно ќе започнеме ново поглавје, без болка, со надеж. Но, животот повторно ни го скрши срцето. Туморот се врати – овој пат двојно поголем и многу поагресивен. Никодим сега е во критична состојба и му е потребна ИТНА операција, по што ќе следат хемотерапии и радиотерапии. Професорот ни кажа дека времето е клучно и дека секое одложување може да го чини животот на моето дете. Секој ден за нас е борба со страв, со немоќ, со неизвесност. Секое негово „мамо“ е потсетник зошто морам да бидам силна – дури и кога сè ме боли. Знам дека не можеме сами. Затоа, со скршено срце, но со огромна вера во добрината на луѓето, ви се обраќам: Помогнете му на мојот Никодим. Секоја донација, секое споделување, секој збор на поддршка е дел од неговата борба за живот. Да се обединиме и да му ја дадеме шансата која секое дете ја заслужува – да живее, да расте, да се смее, да си игра без болка. Од дното на моето срце ви благодарам на сите што сте дел од нашата приказна. Вашата помош за нас не е само хуманост – таа е живот – стои во објавата на социјалните мрежи на мајката на малиот Никодим.

Ајде хуман Прилепе, ајде хумана Македонијо, да помогнеме колку што можеме! Отворете го линкот во продолжение и ДОНИРАЈТЕ:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/spasete-go-zivotot-na-nikodim?fbclid=IwY2xjawORbkVleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFqZHFwVTJ1SHBZNVE2R0pyc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHj6Ukp853u4DElPXSX7dhrOOIG2ko76Ra9sBLkO9sjaY4ZQx3MeZ8kDI-3Vd_aem_4Tsmrmq1UQnP7a-Jn7_lUQ

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut

Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

Мирис на традиција во вашите најблиски маркети: Нова соработка во Прилеп, секој ден богати и вкусни готвени јадења

Да се создаде уметност со храна е привилегија на ретки занаетчии – оние кои со талент, умешност и неисцрпна креативност успеваат секојдневно да ги воодушевуваат луѓето. Токму такви се INN KETERING – прилепските мајстори на гастрономијата кои со години ја претвораат својата професија во вистинска уметност. Луѓето кои зад себе имаат стотици и стотици успешни мисии, приредувајќи прекрасни веселби со богати гозби, сега почнуваат соработка на огромно задоволство на многумина.

Нема добра забава без уште подобар кетеринг! Тие се мајстори на својот занает и прават совршенство од секоја пригода (ФОТО/ВИДЕО)

По примерот на модерните соработки меѓу маркетите и професионалните кетеринг компании, INN KETERING и “Форум маркетите” во Прилеп започнуваат нова услуга за сите љубители на вкусната традиционална храна.

Од среда, 26.11., во Форум маркетите лоцирани во населба „Точила“ и кај фабриката „11-ти Октомври“, секојдневно ќе можете да купите свежо приготвени порции со готвени јадења – богато, домашно и непогрешливо вкусно.

Она што го најавуваат е секојдневно разновидно мени, автентични прилепски и македонски специјалитети, со вкус што освојува.

Наше е да ги посетиме и да се увериме во нивната мајсторија, а познавајќи ги досега, веруваме дека нема да разочараат.

Домашното готвење отсега е поблиску од кога било – направено од мајстори, достапно за секого!

Среда, 26.ноември, повелете во ФОРУМ!

Изложбата „Модерни и многуоблични“ од академскиот вајар Славчо Павловски и студенти од ФЛУ, во среда пред прилепчани

На 26 ноември 2025г./среда/од 19.00ч. во ликовниот салон од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Модерни и многуоблични “.
На изложбата со дела ќе се претстават академскиот вајар Славчо Павлоски (Прилеп) и студентите на ФЛУ Бранко Mанчев, Ванеса Ода и Вероника Цветаноска.

За изложбата:

Модерната уметност е изразителен и широк поим што содржи различни стилови, техники и концепции во уметноста од почетокот на 20 век. Таа се разликува од класичната уметност, поради својата иновативност, експериментирањето и фокусот на современите теми и искуства. Оваа уметност често го претставува духот на современоста и реакциите врз социјалните, политичките и технолошки промени.

Проектот ја претставува модерната уметност во скулптурата, графиката и сликарството. Ова е изложба која ги претставува разновидноста и комплексноста на модерната уметност, вклучувајќи различни стилови, техники и изразни средства. Исто така вклучувајќи ги и необичните и неочекувани моментни во делата, чисто авторски и експериментални. Вклучувајќи ја линијата, плохата и експресивноста на боите, ни објаснува за експерименталноста на авторите во своите подрачја. Различните аспекти на гледање на делата од страна на авторите во оваа многуоблична дејност, е токму тука претставена со различни техники и медиуми. Исто така се очекува од гледачот да ја разбере таа експерименталност која го следи целиот проект.

Со оваа изложба се истражува богатата разновидност и креативна комплексност на модерната уметност, вклучувајќи ги трите основни медиуми на уметноста, преку различни авторски изрази, изложбата ги осветлува необличните и експериментални аспекти на овие уметнички форми.
За уметниците:

Славчо Павлоски е роден на 15 септември 2001 година во Прилеп, Република Македонија. Средното образование го завршува во прилепската гимназија СОУ “Мирче Ацев”. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на отсек вајарство, под менторство на проф. м-р Гоце Наневски. Член е на Друштвото на ликовни уметници- Прилеп. Член на Друштво на Ликовни Уметници – Македонија (ДЛУМ) Посебен придонес за неговиот развој како ликовен уметник има професорот по ликовна уметност, Александар Џинго. Пред студиите има учествувано на повеќе ликовни колонии и нивни изложби, меѓу кои и на ликовната колонија “Центар за современа ликовна уметност” во Прилеп, а има работено како зограф во неколку цркви во Македонија. За време на студиите има учествувано на неколку ликовни колонии меѓу кои и на ликовната колонија “Дрен” во Прилеп.

02.06.2022 година – Првата самостојна изложба ја реализира со слики во Нови Сад, Р. Србија со изложба насловена како „Инспирација“ а составена од 14 дела масло на платно.

29.04.2023 година – Втората самостојна изложба, а прва со скулптури ја реализира во галеријата на Домот на култура “ Марко Цепенков “ – Прилеп . Изложбата беше насловена како „Материјалот и формата“, составена од 15 скулптури во мермер и дрво.
Учество на изложбата “Симбиоза” во галерија “CAC”- Скопје.

На 23 август 2023 имаше Изложба на скулптури под Саат Кулата во центарот на градот Прилеп. Всушност оваа изложба, серија на скулптури, во мермер како дематеријализација, започна како тримесечна работилница на почетокот на летото во 2023.

10.11.2023 година – Учество на изложба “Чаршијата галерија на занает и уметност” низ стара чаршија – Скопје.
Учество на манифестацијата поддржана од “europehouseskopje” – Студентска уметничка пролет во Сули ан – Скопје.
Учество на прва вајарска колонија – Музеј галерија – Кавадарци.

30.09.2024 година – Учество на изложба “Современата уметност како инспирација за идните генерации” во Лапидариумот во НУ Завод и Музеј – Прилеп.

31.11.2024 година – Учество на изложба – „СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА“ организирана од Друштво на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ).
02.11.2024 година – Учество на годишна изложба на Друштво на Ликовни Уметници – Прилеп (ДЛУП).
13.11.2024 година – Учество на годишна изложба на Друштво на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ).
21.11.2024 година – Учество на изложбата „Мал формат/Миниартура“ организизрана од Друштво на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ).
20.12.2024 година – Учество на изложбата „Избери ме“ , организирана од Друштво на Ликовни Уметници – Прилеп (ДЛУП).
06.04.2025 година – 06.06.2025 година – Учество на проект како конзерватор соработник, за чистење, конзервација, реконструкција и стабилизација на римскиот театар во археолошкиот локалитет – Стоби.

Поевтинуваат горивата од полноќ, ова се новите цени

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,756 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,865 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,335 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,379, а кај екстра лесното масло за 0,51 отсто, додека кај мазутот има намалување за 3,089 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0455 отсто.

Патот кон совршено тело и убавина никогаш не бил полесен – Млад тим во Прилеп со современа технологија и знаење го прави невозможното-возможно

Добредојдовте во „Ласер и Убавина“ – место каде професионалната грижа, модерната технологија и врвната експертиза се спојуваат за да ви понудат резултати што се гледаат и чувствуваат. Лоцирани во центарот на градот, на бул. „Гоце Делчев“, во зградите открши „Палма шоп“ (влез 1, стан 7), тоа е место каде со огромна љубов и внимание работи еден млад и стручен тим, посветен на убавина, враќање на самодовербата и ширење насмевки и позитивна енергија.

Имаат широка лепеза на услуги, стотици задоволни муштерии досега, како од женската, така и од машката популација, а она што ги прави посебни и единствени, се третманите со ласерска епилација.

Се обидовме накратко да направиме една компактна слика за сите нивни услуги, со сите придобивки врз изгледот и здравјето, а за повеќе информации, и секако за да се уверите во нивната прецизност и успешност, ќе морате да ги посетите. Во “Ласер и убавина” можете да добиете:

Ласерска епилација – или трајна слобода од несакани влакна

Ласерската епилација е најсовремен и најефикасен метод за долготрајно намалување на влакната. Со целно дејство врз коренот на влакното, третманот овозможува:

• помалку влакна по секоја сесија,
• посветла, нежна и мазна кожа,
• елиминација на враснати влакна,
• трајни резултати без иритации и црвенило.

Безболна, брза и безбедна, ласерската епилација е идеална за секој што сака чиста и уредна кожа со минимална грижа. Нашиот тим работи со внимателен пристап и врвна технологија за да го добиете најдоброто решение за Вашиот тип на кожа.

Ултразвучен лифтинг – неинвазивен пат до помлада и затегната кожа

Современиот ултразвучен лифтинг користи високофреквентни бранови кои продираат длабоко во кожата и ја стимулираат природната регенерација.
Благодарение на микро-вибрациите:

– се активира циркулацијата,
– се подобрува хидратацијата и еластичноста,
– се намалуваат фини линии и брчки,
– кожата станува посвежа и поцврста.

Овој третман е целосно безболен, сигурен и идеален за лица што сакаат природно подмладување без инвазивни процедури.

Радиофреквенција, Кавитација, Липо ласер, Вакуум – современи третмани за обликување на телото

Во „Ласер и Убавина“ ќе ги најдете најдобрите технологии за моделирање на фигурата, намалување на масните наслаги и затегнување на кожата:

• Радиофреквенција – стимулира производство на колаген и ја прави кожата поцврста, поеластична и подзатегната.
• Кавитација – со ултразвучни бранови ги разградува масните клетки кои телото природно ги елиминира.
• Липо ласер – нежен, безболен третман кој ги разградува масните клетки и го подобрува тонусот на кожата.
• Вакуум третман – стимулира лимфна дренажа, ја подобрува циркулацијата и помага во намалување на целулит и затегнување на кожата
.

Комбинацијата од овие третмани дава видливи, постепени и долготрајни резултати – совршени за секој кој сака природно моделирано тело.

Ендосфера – ревитализација и сјај на кожата

Овој иновативен третман со микровибрации ја стимулира циркулацијата, го засилува производството на колаген и ја подобрува текстурата на кожата. Резултатот? Освежен, затегнат и здрав изглед.

Масажи, педикир, маникир и восочна депилација

Покрај апаратурните третмани, салонот нуди и:

• терапевтски масажи за опуштање и третман на болка,
• професионален педикир и маникир,
• топла и ладна восочна депилација прилагодена за секој тип кожа.

Секој третман се изведува со максимална хигиена, прецизност и професионализам.

Одберете нега што го менува чувството, изгледот и самодовербата!

Дојдете во „Ласер и Убавина“ и уверете се во разликата што ја прави експертскиот третман.

За малку ќе заборавевме, искористете ја BLACK FRIDAY промоцијата за ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА НА ЦЕЛОТО ТЕЛО, понуда на која нема да одолеете:

Резервирајте термин: 070 287 842

И секако, следете ги на социјалните мрежи за да не ги пропуштите сите промоции, пакети и специјални понуди.

Прилепските гимназијалци се вратија со грст награди од натпреварот „Млади физичари“

На 13.11.2025 во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје, во организација на друштвото на физичари, се одржа XLVII Школа „Млади физичари“, на која беше одржан натпреварот во областа на експериментална физика.

Покрај натпреварот, се одржаа и предавања од различни области од физиката.

На настанот учествуваа седум ученици од гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп заедно со професорките по физика.

Под менторство на професорките по физика, со иновативни експерименти од областа на физиката и изработени, оригинални поставки за експериментите, учениците зедоа учество на натпреварот и постигнаа одлични резултати:

* Тимот составен од учениците од прва година: Марко Кузески и Христина Николоска, освои II награда, ментор проф.Соња Димовска
* Ева Беличанец, ученик во прва година, освои II награда, ментор проф.Соња Димовска
* Мила Вршкоска, ученик во втора година, освои III награда, ментор проф.Марина Попоска
* Георги Николоски ученик во четврта година, освои III награда, ментор проф.Ивана Златевска Кедиоска
* Андреј Вршкоски од трета година, ментор проф.Соња Димовска и Ивана Атанасоска од четврта година, ментор проф. Марина Попоска, имаа успешно учество

Закажете средба! Градоначалникот на општина Крушево ги повикува граѓаните на ПРИЕМЕН ДЕН

Градоначалникот на општина Крушево, Нико Чонески, ги повикува граѓаните на приемен ден, секој четврток од 10 до 14 часот.

Граѓаните средба со првиот човек на општината, каде ќе си ги кажат проблемите кои ги мачат, можат да закажат секој работен ден од 09-15 часот.

-Овие средби ќе овозможат подобра комуникација, размена на идеи и заедничко разгледување на сите прашања што се важни за заедницата и решавање на сите предизвици со кои се соочуваат жителите – велат од општина Крушево.

Бесплатен концерт на групата “Луфтанза” за Денот на Медитеранот во Прилеп

Општина Прилеп ќе биде еден од градовите (повеќе од 50 на број) што ќе го одбележи Денот на Медитеранот со организација на бесплатен концерт за граѓаните на Прилеп.

Денот на Медитеранот ќе се одбележи на 28 ноември (петок), во кино салата “Мис Стон” при НУЦК „Марко Цепенков“, со бесплатен музички концерт на групата “Луфтанза”, каде што граѓаните на Прилеп ќе имаат можност да се дружат и да разменуваат искуства. Настанот ќе биде покриен со live stream за сите оние што нема да можат да бидат во Прилеп на тој ден преку Youtube каналот на GoGreen.

Овој настан, поддржан од Anna Lindh Foundation и Здружението “Љубезност”, ќе ги обедини звуците од корените, претставувајќи ги вистинските приказни, ритмови и врски што ги спојуваат заедниците од медитеранот. За се да биде како што треба логистички и организациски ќе се погрижат Општина Прилеп и “Форумот за авангардна креативност”.

Koњановски и Димитровски на Самит на градоначалници во Париз (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски, беа дел од Самитот на градоначалници против антисемитизмот, кој се одржа во Париз.

Самитот, со кој претседаваше градоначалничката на Париз Ан Идалго, ги обедини градските лидери, креаторите на политики и претставниците на заедниците, во нивната заедничка мисија за активно спречување и сузбивање на антисемитизмот во сите негови форми. Настанот претставува значајна платформа за акција, дијалог и размена на искуства, нагласувајќи ја клучната улога на градовите во заштитата на граѓаните и унапредувањето на квалитетот на заедничкиот живот.

Во рамките на програмата, учесниците активно учестваа во панел-дискусиите и работните сесии фокусирани на практични стратегии, успешни локални иницијативи и специфичните предизвици со кои се соочуваат општините при справувањето со омразата и дискриминацијата. Градоначалниците и општинските лидери ги споделија своите практични искуства, политички пристапи и дискутираа за можностите за прекугранична соработка која може да ја зајакне едукацијата, безбедноста и довербата во заедницата.

Самитот имаше за цел да го поттикне развојот на заеднички решенија, да ја засили солидарноста меѓу градовите и да ја нагласи важноста на локалното делување во борбата против антисемитизмот.

Во рамките на посетата на Париз, градоначалникот Коњановски и секретарот Димитровски остварија средба со амбасадорот на Македонија во Франција, Игор Николов, во македонската амбасада.

Oдлични резултати за пингпонгарите на ППК Младост 96 на државните првенства во Пехчево

Изминатиот викенд во Пехчево се одржаа три државни натпреварувања, на кои одлични успеси постигнаа играчите на ППК Младост 96.

Во петокот се одржа Државното првенство за основни и средни училишта во организација на Федерација на училишен спорт, на кое државен првак за средни училишта стана Софија Хасану, додека за основни училишта во машка конкуренција пораз во финале и освоено второ место имаше Мартин Ристески. Давид Јоноски се пласира меѓу најдобрите 8.

Во саботата се одржа Државното првенство до 21 година во организација на ППФМ. Софија Хасану го освои второто место, каде во неизвесно финале загуби од Сара Стојановска од ППК 1060 АС Ѓорче Петров. Во игра на двојки со Фани Јованоска загубија во финале од Сара Стојаноска од Крива Паланка и играчот со исто име и презиме од 1060 АС Ѓорче Петров.

Во мешани двојки со Мартин Ристески го освоија третото место.

Во неделата повторно најдобра Софија Хасану во ТОП 8, во игра секој со секого на првите 8 најдобри пингпонгари од Државното Првенство. Со седум победи без пораз го освои првото место и со вкупни бодови од двете првенства го зазеде првото место на ранг листата за играчи до 21 година.

На топ 8 во машка конкуренција играше и Мартин Ристески, кој имаше 3 победи и 4 порази, што е одличен успех за младиот пингпонгар.

Наредниот викенд продложуваат лига натпреватрите, ППК Младост96 ќе има свои натпревари и во Супер лигата машка и женска конкуренција и втората екипа во Втора лига.