дома блог страница 5066

Полска: Пронајден нацистички воз полн со злато

Двајца луѓе во Полска тврдат дека пронашле нацистички воз со товар од злато, скапоцени камења и други вредни предмети. Возот според легендата исчезнал на крајот од Втората Светска војна додека Германците бегале од советските сили.

Марика Токарска, официјална претставничка од градот Валбжиха, град во југозападна Полска, во кој наводно е откриен возот, изјавила дека властите добиле допис од адвокатска фирма која ги застапува двајцата пронаоѓачи на возот – еден полски а еден германски државјанин. Тие бараат 10% од вкупната вредност на скриеното богатство во замена за откривање на локацијата на возот.

Токарска за агенцијата АП изјави дека властите сериозно го сфатиле дописот и договориле состанок на пожарникари, полицајци и други претставници на власта за да се утврди како возот да се извлече на дневна светлост. Постојат сомневања дека возот може да биде поврзан со експлозив.

Месец јули во 2015 година најтопол досега

Минатиот месец јули е најтоплиот месец досега на планетата Земја, со тоа што најтопло било во Европа и Блискиот Исток.

Американските метеоролози објавија дека просечната температура во јули на глобално ниво изнесувала 16,6 степени Целзиусови што е за 1,7 степени повеќе од тоа што е регистрирани последен пат во 1998 година. Најжешки делови во светот во јули биле Европа и Блискиот Исток, пренесува Анадолија.

Според резултатите температурата регистрирана од првиот до седмиот месец годинава, исто така, е над повеќедеценискиот рекорд. Просечната температура на глобално ниво во овие месеци изнесувала 14,7 степени Целзиусови, што е за 1,53 степени над просекот регистриран во 20. век.

Температурата на водите во океаните, исто така, бележи раст од 1,35 степени Целзиусови во месец јули во однос на температурата во истиот период регистрирана минатиот век.

ФК “Победа“ се враќа на голема врата

Победа и официјално е во Втората лига. Враќањето на македонскиот фудбалски бренд и двоен шампион предизвика еуфорија и голема радост меѓу прилепчани и на успехот и враќањето на голема врата на прилепскиот клуб и фудбалерите и навивачите се радуваат. Денеска во просториите на локалната самоуправа Градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со фудбалерите и нивното раководство. Градоначалникот ги поздрави присутните и им посака многу успеси понатаму се со цел за што поголем успех и пласман во првата лига.

[Best_Wordpress_Gallery id=”22″ gal_title=”ФК “Победа“ се враќа на голема врата”]

Младите ракометари на РК Прилеп на средба со Градоначалникот

По големите успеси кои ги постигнаа ракометарите на РК Прилеп, денеска младинците заедно со нивниот раководен тим, остварија средба со Градоначалникот Марјан Ристески. Со играњето во финалето го привлекоа вниманието на јавноста, и доста играчи беа веќе контактрани, јавуваат од клубот, што уште еднаш го покажува потенцијалот кој го има оваа млада екипа. По успехот на нашите ракометари, Локалната самоуправа која што е главен спонзор на ракометниот клуб вети поголема помош и упати апел до бизнис секторот да вложуваат за да се развие повеќе спортот во Прилеп.

[Best_Wordpress_Gallery id=”21″ gal_title=”Младите ракометари на РК Прилеп на средба со Градоначалникот”]

„Летечкиот Македонец“ најбрз и во Германија

Македонскиот рели возач на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе беше најбрз на патеката Глазбахренен во Германија.

Не само што победи, Стефановски сруши и рекорд. При првото возење на денешната трка „Летечкиот Македонец“ имаше време од 2:35.466 минути со што го собори неговиот минатогодишен рекорд за неполни 4 секунди (2:39.460).

При второто возење Иџе имаше време од 2.37,149 минути.

Дека нашиот Стефановски доминираше на денешната трка покажува и фактот дека имаше десет секунди подобро вкушно време од двете возења од директниот ривал за првото место, чешкиот возач Јири Лос.

На третата позиција заврши Мартин Херман од Чешка, додека четвртото место му припадна на Ванек Роланд.

Седумгодишниот Ване е најмладиот Македонец кој се искачил на Триглав

Ване Бошев (7,5) од Неготино се искачи на Триглав и ​четири други планински врвови на Јулските Алпи во Словенија.

Тој е најмладиот Македонец кој стапнал на секој од нив, информираа денеска од Спортско планинарскиот алпинистички и ориентационен клуб „Антигонеа” од Неготино.

​- Бошев беше дел од 16-члената експедиција од повеќе планинарски друштва од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина која деновиве ги освои врвовите „Мала Мајстровка” 2.356 метри надморска височина, „Голема Мајстровка” 2.500 метри, „Мангарт” 2.678 метри, „Мал Триглав” и „Триглав” со 2.864 метри надморска височина, соопштија од клубот.

Бошев планинари од неполни три години и досега има освоено педесетина планински врвови во земјава и странство.

Сребрен медал за одбојкарите

Македонската одбојкарска репрезентација го освои второто место во Европската лига откако во финалето во полскиот град Валбжих загуби од Словенија со 3:0 во сетови.

Резултат по сетови: 25:21, 25:20 и 25:17.

Македонската репрезентација со освоеното второ место го подобри резултатот од лани кога беше полуфиналист и заврши на делба на третата и четвртата позиција.

Во дуелот за третото место Полска ја победи Естонија со 3:0 во сетови.

МТВ ја откри вистината зошто немаше пренос: Работнички не сакаше и не дозволи

Македонската телевизија откри кој е виновникот за тоа што немаше директен пренос од мечот помеѓу нашиот Работнички и руски Рубин Казан, откако деновиве јавноста бурно го нападна јавниот сервис поради тоа што не врши директен пренос од плеј-офот во квалифкациите за групната фаза во Лигата на Европа, пишува Спортклуб.мк.

Како што објави на својот Фејсбук профил, одговорниот уредник на спортската програма, Тони Стојановски, до пренос на дуелите на Работнички не дошло, само затоа што тимот не сакал и не дозволил тоа да се случи.

„Уште едно едноставно објаснување, МТВ сакаше да прави пренос од натпреварот Работнички – Рубин. Побаравме, а не добивме понуда. Со други зборови, Работнички не сакаше и не дозволи. Нема никаква позадинаа од наша страна. Нема ни лутење. Тие можат да одберат да не бидат емитувани во Македонија. Во групната фаза ќе биде поинаку, во неа МТВ е играч“, напиша Стојановски.

Од чудни причини Работнички не сака неговите натпревари да се пренесуваат на македонската телевизија и како што тврди МРТ клубот не дозволува да бидат емитувани во Македонија, поради што во спортските кулоари се поставува прашањето дали Работнички го прави тоа како начин да привлече повеќе публика, односно да продаде повеќе влезници од кои ќе има поголема заработка?!

toni
Од јавниот сервис и претходно беше соопштено дека кај МТВ постоела силна желба да ги пренесува сите европски натпревари на Работнички летово, но не добиле дозвола од клубот за тоа.

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ за Македонија десетта година по ред

123

Кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтинг на Република Македонија. Ова е десетта година по ред како кредитната агенција ја потврдува оценката ББ+ за Македонија.

Како база за својата оценка Фич ги зема растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава за кои вели дека се „над ББ просекот“. Фич ја оценува бизнис климата во Македонија како исклучително поволна и наведува дека земјава е помеѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис.

Фич во својот извештај го нотира и намалувањето на невработеноста за 10 отсто, односно од 37 отсто во 2005 година на сегашните 27 отсто.

Банкарскиот сектор во Македонија кредитната агенција го опишува како добро капитализиран и високо ликвиден, вклучително и двете банки кои се во грчка сопственост.

Како ризик Фич ја посочуваат домашната политичка ситуација, за која очекуваат да се надмине со спроведување на договорот потпишан под покровителство на комесарот Хан.

Според прогнозите на Фич Македонија и во иднина ќе продолжи да води стабилна фискална и монетарна политика, а трговските партнери на Македонија во ЕУ ќе продолжат со закрепнување што ќе влијае поволно на надворешно трговската размена.

Македонија е инаку една од ретките земји во регионот и пошироко која успеа да го задржи истиот кредитен рејтинг толку долг период. Минатата и оваа година им беше намален рејтингот на Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Словенија, Русија и други земји.

 

Нови инвестиции во училиштата

Нови инвестиции во училиштата

Нови инвестиции во училиштата

Градоначалникот Марјан Ристески ги посети СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и ОУ „Блаже Конески“ каде во тек се нови инвестиции во училиштата.
Првиот спрат од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ доби нови подови. Извршена е замена на стариот и оштетен паркетен под со нов под од линолеум со висококвалитетни својства. Во ОУ „Блаже Конески“ во тек е изградбата на нова балон сала во дворното место на основното училиште. Станува збор за приватна инвестиција која ќе се реализира по пат на јавно – приватно партнерство, а ќе допринесе за подобрување на спортската инфраструктура и атрактивност на градот. При крај се и реконструктивните зафати за менување на подот на влезот во училишптето како и во неколку училници.
Средствата за реализација на проектите се обезбедени од Локалната самоуправа како и од училиштето.

[Best_Wordpress_Gallery id=”2″ gal_title=”Нови инвестиции во училиштата”]