дома блог страница 5059

Балотели во свој стил

Со преселбата на Марио Балотели во Милан, фудбалерот продолжи со инцидентите и во Италија, бидејќи остана без возачката дозвола поради прекумерна брзина.

mario-500

Како што наведува „Газета ди Бреша“ искусниот Балотели на патот во близина на својот дом во Бреша и стадионот „Ригамонти“ возел 90 км на час, каде дозволени се 50.

Иако со враќањето во Милан се чинеше дека италијанскиот напаѓач зад себе ги оставил лудориите, ова е интересно, бидејќи има клаузула во договорот за пристојно однесување.

Од летото Балотели пристигна во Милан на позајмица од Ливерпул каде што не нудеше партиии какви се очекуваа од него.

Во текот на кариерата Балотели досега играше за Лумацено, Интер и Манчестер Сити.

Бугарија и забрани на Русија користење на воздушниот простор

Бугарија го отфрли руското барање за користење на бугарскиот воздушен простор за летови со кои Русија ќе ѝ доставува помош на Сирија, соопшти денеска бугарското Министерство за надворешни работи.

bug.jpg-500

Барањето е отфрлено поради сериозната загриженост околу содржината што се превезува со овие авиони.

-Бугарското Министерство за надворешни работи не дозволи летови над Бугарија за руските воени транспортни авиони на патот кон Сирија. Имаме доволно информации што нè наведуваат на сериозна загриженост околу товарот што се превезува со овие авиони, што е доволна причина зошто на Русија ѝ е забрането користење на бугарскиот воздушен простор – изјави портпаролот на бугарското МНР.

Според заменик-претседателот на Комисијата за надворешни работи при Советот на Руската Федерација, Горниот дом на рускиот Парламент, Владимир Џабаров „одбивањето на Бугарија да го отстапи својот воздушен коридор за руски авиони, кои превезуваат хуманитарни товари за Сирија, нема големо значење, бидејќи Русија користи главно други маршрути“.

Првиот заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи во руската Дума, Леонид Калашников смета дека одлуката на Софија да го „затвори небото“ за прелетување на руски авиони со хуманитарна помош за Сирија ги поткопува руско-бугарските односи.

Претходно, Грција, која е дел од НАТО, била замолена од Москва да им овозможи на два руски авиони со испораки да поминат низ воздушниот простор во насока на Сирија меѓу 1 и 24 септември, но САД побарале Атина да не го прави тоа.

– САД побараа од Грција да не дозволува прелет на два руски авиони со испораки за Сирија во грчкиот воздушен простор – потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Грција одговори дека ќе размисли за барањето на САД, но во меѓувреме Русија решила да користи нова рута за авионите.

-Русија планира да користи воздушен коридор источно од Грција за превезување помош до Сирија, што значи дека прашањето за користење на грчкото воздушно пространство за вакви летови веќе не постои – изјави денеска портпаролот на грчката Влада.

Џонсон Мети на листата 500 најуспешни компании од Централна Европа

Со приходи од 927,5 милиони евра лани, Џонсон Мети е единствената компанија од Македонија која ова година е рангирана на листата на 500 најголеми компании во Централна Европа на Deloitte.

dzonson-meti

Компанијата во однос на минатата година, забележува скок на листата од 159 места.

За една година компанијата ги зголеми приходите за 48,9% и ја заврши годината со добивка од 56 милиони евра.

Од останатите земји во регионот, најмногу компании меѓу ТОП 500 има од Словенија и тоа дури 20, од Хрватска 12, од Бугарија 8, од Србија 6 и од Босна и Херцеговина 4 компании.

Лидер на листата со најмногу компании меѓу најголемите е Полска, и тоа со дури 170. Исто како и лани, листата ја предводи полскиот енергетски гигант ПКН Орлен со приходи од 25,5 милијарди евра.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Дадилка тепа 9 месечно бебе во Скопје

Кривична пријава е поднесена против 65 годишна жена која била ангажирана како дадилка за да чува девет месечно бебе, додека неговите родители биле на работа.

bebence

Наместо тоа, дадилката го тепала, штипела и малтретирала бебе за што сведочи и видео снимката во продолжение, која е објавена со согласност на родителите. Тие поставиле скриена камера во нивниот дом откако на бебето забележале модринки.

-Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување. По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото, соопштија денес од Јавното обвинителство.

Видеото е превземено од Телеграф.мк

Гугл го чествува Денот на независноста на Република Македонија

Денешното лого на Гугл во Македонија го чествува празникот на Република Македонија, Денот на независноста.

googlemkd

По повод празникот 8-ми Септември – трка Трофеј Македонија

Под покровителство на Општина Прилеп, а во организација на Велосипедски клуб „ИЛИНДЕН“ и Велосипедска Федерација на МК (ВФМ) денеска во Прилеп се оддржа велосипедска трка „Трофеј Македонија“ низ централните улици на градот. Градоначалникот Марјан Ристески ја отвори велосипедската трка која се состоеше во две категории У- 15 и У – 13. Со оваа трка Општина Прилеп и В.К. „ИЛИНДЕН“ ја продолжуваат традицијата на пригодно одбележување на 8 – ми Септември – Денот на Независноста на Р. Македонија со спортски натпревари.

111111

222222

3333333

Поставени камен темелите за новиот „Сити Центар“ во Прилеп

Камен темелник за трговскиот центар „Сити центар“, беше поставен денеска во присуство на сопствениците на комапнијата „Тинекс“ и градоначалникот Марјан Ристески. Објектот се протега на парцела од 1.700 квадратни метри. Со вкупна инвестиција од пет милиони евра, а во него ќе бидат вработени стотина лица. Се предвидува паркирање за околу 150 возила во соодветен паркинг-простор со можност за дотур на стока до сите нивоа во објектот. Предвидени се дуќани, канцеларии, кафетерии и продавници на познати марки.
Со овој проект ќе се добијат нови естетски вредности во самиот центар на градот, со што градот ќе добие објект кој со своето надворешно обликување ќе наликува на типична современа и елитна архитектура.

123

12345

1234567

Фрлена бомба на полицајци: Најмалку 10 загинати, хаос на улиците во Турција!

сирија-500

Во бомбашкиот напад на полициски минибус во Турција убиени се најмалку 10 полицајци, а тројца се повредени.

Нападот се случил во Игдир, провинција на истокот на Турција, соопштија официјалните служби.

Нападот, за кој се претпоставува дека го извеле припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК), изведен е врз минибус во кој се наоѓале полицајци кои работата на граничниот премин кој води од истокот на Турција кон Азербејџан, извести приватната турска телевизија НТВ, пренесоа агенциите.

Македонија слави 24 години самостојност

Република Македонија денеска одбележува 24 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

1

Убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“, пишува миа.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

Во изминатите 24 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели – зацврстување на демократијата, економски развој и интеграција во евроатлантските структури. Последниве години ги одбележа процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО.

И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот.

Во 2005 година Македонија доби статус на земја – кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и годинава. Грција, по примерот со НАТО, ја блокира и македонската евроинтеграција, условувајќи со претходно решавање на прашањето за името.

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска собраниска делегација предводена од Силвана Бонева, во состав Светлана Јакимовска, Авдија Пепиќ и Соња Мираковска ќе положи венец цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија” во паркот „Жена борец“. Цвеќе ќе положат и партиски, општински и граѓански делегации.

За државната награда „8-ми Септември“, која оваа година ќе се додели по четврти пат, а е поделена во две категории – за животно дело и признание за остварувања во областа на спортот, пријавени се 11 кандидати.

Еден ќе ја добие наградата за животно дело, а на четворица ќе им бидат доделени признанија. За „Животно дело“ конкурирале Венцислав Недев, Владимир Радиќ, Лазар Лечиќ и Петар Алексовски. За наградата „Признание за остварувања во областа на спортот“ конкурирале: Љупчо Стојчевски, Руждија Калач, Кирил Манев, Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, Ристо Магдинчев и Сашо Поповски.

Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која ќе му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на десет просечни плати во Република Македонија.

Свеченото доделување и соопштување на носителите на државната награда за спорт ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија.

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, синоќа во националното Собрание, се одржа прием под покровителство на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

На приемот присуствуваше претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, пратеници од првиот Собраниски состав, актуелни пратеници, министри, претставници на верските заедници, на АРМ, на дипломатскиот кор и други гости од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

Одбележан Денот на независноста на Република Македонија 8-ми септември

 

 

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегации од локалната самоуправа на Прилеп, Сојузот на борците, на политичките партии и граѓанските здруженија положија цвеќе и им оддадоа почит на прилепски дејци кои се бореа за слободна и самостојна држава.

5

Цвеќе беше положено на споменикот на првиот третседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, пред  споменикот на идеологот на Народната револуција во НОБ Кузман Јосифоски Питу, пред спомениците на пере Тошев и Ѓорче Петров, на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои и пред споменикот „Карпалак“.

– Осми септември е сонот на бројни генерации за самостојна и независна Македонија. Денес тој е стварност. Борбата на современите генерации е да изградиме просперитетна, економски силна и стабилна  држава, а во неа и економски цврст Прилеп со нови работни места и многу инвестиции, порача градоначалникот Марјан Ристески.

По повод празникот денеска ќе биде поставен камен-темелник на нов трговско-деловен центар во центарот на Прилеп, инвестиција на компанијата „Тинекс“ од Скопје