дома блог страница 5043

Ова се цените на горивата кои важат од полноќ

benzinska2

Регулаторната комисија за енергетика вчера ја донесе одлуката за новите цени на нафтените деривати.

Според одлуката, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит.

Овие цени важат од полноќ.

Наредната корекција е закажана за 12 јануари идната година.

232323223

 

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ДО СИТЕ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА

222222

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на соопштението, на кои не им  било доставено решение, или по било која основа не добиле решение со соодветно задолжение за 2016 година, да се јават во Одделението за администрирање на приходи во Општина Прилеп на ул.Ѓорче Петров бб (наспроти поштата) за подигање на даночните решенија.

 Списоците со недоставени решенија се објавени на огласна табла во просториите на Општина Прилеп, Одделение за администрирање на приходи и во локалните дневни електронски и печатени медиуми.

Со објавеното соопштение, доставата на решенијата се смета за уредна и сите негативни последици што можат да настанат од неподигањето на решението, паѓаат на товар на самата странка.

Воедно ги информираме граѓаните, даночни обврзници (физички и правни лица) дека е потребно да ги измират своите даночни обврски за 2016 година по основ на данок на имот и комунална такса (за фирмарина заклучно со 31 декември 2016 година.

                                                                                                                                      Со почит,

                             ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ  НА ПРИХОДИ

ИМПРЕСИВНА ИЗВЕДБА: Слушнете како звучи „Земјо Македонска“ во изведба на Сашо Гигов – Гиш и 100.000 Македонци!

Околу 100.000 граѓани, пред два дена се собраа на големиот сенароден митинг во Скопје, организиран од коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ. Поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија дадоа и Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц, и европратеникот Тобијас Зек.

1

Како и минатата, така и оваа година Сашо Гигов-Гиш ја испеа „Земјо Македонска“ која се ореше од 100.000 грла кои заедно со Гиш ја пееа неофицијалната македонска химна. Импресивно!

 

ВИДЕО СПОРЕДБА: Што и порача ВМРО-ДПМНЕ на дијаспората во Швајцарија, а што Заев

111

Паралелно со најголемиот митинг, на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, се одржа собир и на македонската дијаспора од Локарно, Швајцарија во присуство на носителот на ИЕ 7, Рамазан Мифтароски, министерот за одбрана Зоран Јолевски, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Затуроски и претседатели на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ, каде што беше преставена листата на кандидатите за пратеници на ВМРО- ДПМНЕ за ИЕ 7.

На собирот на македонската дијаспора од Локарно, Швајцарија, свое обраќање имаа носителот на ИЕ 7, Рамазан Мифтароски, членот на ИК Никола Затуроски и министерот за одбрана Зоран Јолевски, каде што се престави поврзаноста на Република Македонија и македонската дијаспора, борбата за македонската дијаспора да има право на свои претставници во македонскиот парламент како нејзин нераскинлив дел.

На самиот собир со громогласни аплаузи од сите присутни беше дадена поддршката на лидерот на најголемата политичка партија, Никола Груевски и листата на пратеници за ИЕ 7, поддршка за унитарна Македонија, за просперитетна Македонија, за Македонија каде сите се чувствуваат рамноправно. Гласно го изразија незадоволството од неодамнешните изјави за федерализација и двојазичност во Република Македонија искажани од Заев.

Соопштение за Денот на дрвото

6523-soopshtenie-960x600-1

Општина Прилеп ги повикува сите граѓани, месните заедници, невладини организации, здруженија, стопанските субјекти, Советот и општинската администрација да земат активно учество во граѓанската иницијатива „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и сите заедно да допринесеме за збогатување на шумскиот фонд.

„Денот на дрвото“ ќе се спроведе на ден 30.11.2016 година (среда), во атарот на населеното место Ореовец (непосредно до регионалниот пат за Скопје).
Организиран превоз: 09.00 и 11.00 часот пред новата општинска зграда. Сите граѓани-учесници во акцијата ќе бидат пренесени и вратени од локацијата за пошумување.

6523-soopshtenie-960x600-2

Гимназијалки oд “Мирче Ацев”, учеснички во меѓународен проект

polska-proekt001

Во периодот од 16 до 24 ноември, во градот Елк во Полска, во организација на програмата за образование, обуки, млади и спорт „Erasmus+“ реализиран беше проектот “DeterminateYOUrself”. Во реализацијата на проектот учествуваа вкупно 24 учесници (од кои и три тренери) од 10 држави и тоа: Македонија, Полска, Романија, Италија, Бугарија, Грција, Естонија, Словенија, Чешка и Литванија.

Во проектот учествуваа и нашите ученици Анастасија Ристеска и Доротеа Дамјановска заедно со менторот, професорката Христина Манческа.

Целта на проектот беше „Психогимнастика“ „Streetworking“ како алатка за помош на лицата отфрлени од заедницата, како и размена на искуства, знаење и информации поврзани со проблемите на лицата отфрлени од заедницата и наоѓање начини за решавање на истите.

polska-proekt004

„Цело време ни беше исполнето со работилници каде имавме можност и самите да ги имплементираме истите методи прво на постари лица со помош од тренерите, а подоцна се поделивме во неколку групи каде ние бевме тренерите на истите методи.
Работевме со бездомници, зависници и деца од различни возрасти. Навечер имавме меѓусебни презентации за земјите учесници во проектот“ – велат учесничките во проектот.

5

7

На овој проект  ученичките од СОУ “Мирче Ацев” и менторот, успешно, меѓународно ги претставија  гимназијата, градот и државата.

Се урна авион во Колумбија: Загинаа фудбалери од Бразил

Авион со 72 патника и девет членови на екипажот, со кој патувале и фудбалери на бразилски клуб, се урна во централниот дел на Колумбија, соопшти денеска здружението на колумбиската цивилна авијација.

731358

Засега не се знае бројот на евентуални жртви, но според западните медиуми шестмина бразилски фудбалери ја преживеале авионската несреќа. На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи, а преживеаните веднаш биле пренесени во болница.

2

 

– Веројатно авионот останал без гориво, изјавил Елкин Оспина, градоначалник на блискиот град Ла Цеха.

Поради лошите временски услови до местото на несреќата може да се стигне само по копнен пат, се наведува на Твитер налогот на аеродромските власти.

3

Фудбалерите на бразилскиот клуб „Чапокоензе“ требале утре да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.

– Ова е огромна трагедија, истакна градоначалникот на Меделин, Федерико Гутирес.

Во оваа зоолошка градина, животните се движат слободно а луѓето се во кафез

Во Лехе Леду зоолошката градина во Кина, туристите се “заробени” во кафези додека животните се движат слободно.

zoo2-768x490

Според Дејли Меил ова е една од ретките зоолошки градини каде луѓето не ги нарушуваат природните навики на дивите животни, каде уживаат во нивната убавина заштитени во посебно возило кое е максимално безбедно.

За да бидат привлечени дивите животни, на овие возила има големи парчиња со месо. На овој начин луѓето се многу близу до животните и може да ги видат во посебно издание.

zoo3-768x513 zoo4-768x482 zoo5-768x512 zoo6-768x512

Ф.Г.

 

ВИДЕО: Не ги фрлајте старите тегли, еве како можете да ги искористите

staklene-tegle-620x353-150x150

Имате во шпајзот неискористени тегли и не занете што да правите со нив? Едно е сигурно, никако немојте да ги фрлате. Еве неколку кративни идеи кој можете да ги направите со помош на теглите.

 

 

 

Страшни лузни и последици: Овие луѓе преживеале удар од гром (ВИДЕО)

5803b7e2-be90-44cf-82fb-5be50a0a0a77-5803780d-cba4-4001-a407-46de0a0a0a6c-grom-690x480-preview

Мала е веројатноста дека ќе ве погоди гром, меѓутоа ако е мала, не значи и дека е невозможно.

Сепак, уште е помала веројатноста дека ќе те удри гром и ќе преживееш.

Во ова видео ќе видите луѓе кои преживеале удар од гром, но тоа им оставило последици и страшни лузни кои секогаш ќе ги потсетуваат на таа несреќа.