дома блог страница 3237

“Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата пред Собрание со македонскиот народ”

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за уставни измени која е презакажана за во 16 часот. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на прес-конференција пред Собранието порача дека нема да дадат летимититет за промена на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.

Денес е финалниот акт на еден срамен процес во кој Република Македонија е втурната од страна на премиерот Зоран Заев и владејачкото мнозинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата изјава.

До промената на Уставот со цел промена на уставното име се доаѓа не по демократски пат, туку преку акт на насилство врз процедурите, уцени и закани врз пратениците и нивни блиски.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ нема да учествува во тој процес, и на денешната седница, нема да дадеме како политичка партија легитимитет за промената на Уставот затоа што таквите измени немаат легитимитет од граѓаните. Цврсто сме убедени дека тие се штетни и оставаат траен белег врз македонското национално достоинство и го менуваат идентитетот, пред се институционалниот.

Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име до кој што се доаѓа преку пазарења, драконски уцени, и за таа цел има масовна злоупотреба на обвинителството и судскиот систем. Кацарска Судството, Русковска обвинителството и СЈО се механизмите на власта за пресметка и уценување. На референдум Зоран Заев не доби поддршка за менување на Уставот и името, туку тоа го прави на криминален начин преку користење на судските и обвинителските механизми за уцена на пратеници да гласаат. Останува запишано дека името не го менуваат граѓаните туку 80 пратеници обезбедени по пат на уцени и закани.

Значи кај дел од пратениците имаме гласање под уцена, а не гласање по убедување и волја. И сега знам дека ќе има такви кои ќе го негираат сето тоа, но сите тука и вие медиумите, и потесната и пошироката јавност добро знаат за задкулисните игри, пазарења, уцени, притисоци и закани кои се одвиваа јавно. И што значеше процесот на селективно помирување на Зоран Заев, и селективните промени на Кривичниот Законик, и притворите и сето останато. На тоа сме сведоци веќе една година, а финалето започнува со денешната седница.

И сега ќе прашам јасно и гласно, европски ли се тоа вредности? Одговорот го знаеме сите, секако дека не се. Сите оние кои се залажуваат дека на овој начин ќе дојдеме до Европска Македонија, грешат. Вака стануваме се подалеку, затоа што Европа е пред се вредности, принципи, какви владејачкото мнозинство ги крши на дневна основа. Стануваме поделено и разединето општество.

Оваа влада составена за едно прашање го губи легитимитетот затоа што спроведува политика која нема легитимитет од граѓаните. Северна Македонија можеби е на Заев и тесните соработници кои преку промена на името сакаат да си ја сочуваат позицијата и привилегиите што тие ги носат, но мојата татковина и на граѓаните е Република Македонија, онаа за која што мнозинството гласаше на референдум на 8 септември 1991 година.

Се нанесува тешка неправда и прават огромна штета и во една ваква ситуација отпорот е она што ни преостанува.

Сакам да се обратам и до граѓаните, јас како еден од вас ќе го користам демократското право мирно и достоинствено да протестирам и пркосам за сето она што се случува и ќе се случува денес но и следните денови во Собранието, бидејќи тоа ни преостанува. Ве молам искрено од дно на душа да не подлегнувате на провокации, ниту на измислени информации и конструкции од полициски структури инфилтрирани. Ве повикувам да ни се придружите и да останеме достоинствени, иако сакаат да ни го одземат достоинството, да останеме честити иако државата е окупирана од нечестита власт.

Македонија мора да престане да губи, во економијата, во бизнисот, во индустријата, образованието, земјоделието. На планот на државните и стратешки интереси и цели. Единствениот одговор и вистинската сила лежи во граѓаните оние чија волја власта брутално ја гази на дневна основа.

ПpиВeдeн kpaдeц oд Прилеп: Уkpaдeнитe телефони во вредност од 400.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Г.Д.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што соопштуваат од МВР, во периодот од 6 јануари до 8 јануари 2019 година пријавениот со употреба на сила влегол во продавница за мобилни телефони на улица „Јане Сандански“ во Прилеп и одзел кутија со мобилни телефони, како и друга галантерија за мобилни телефони, по што побегнал.

-По пријавување на настанот, полициски службеници презеле мерки за расчистување на случајот. На 08.01.2019 година бил извршен претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени украдените предмети со вкупна вредност од 396.350 денари. Исто така, покрај предметите од ова кривично дело, при претресот бил пронајден лап топ, кој бил пријавен за украден на 5 јануари 2019 година. Пријавениот, кражбата ја извршил во продажен салон на улица „Кеј 1 Мај“ во Прилеп во периодот од 4 и 5 јануари 2019 година, се подвлекува во соопштението.

Сите украдени предмети се вратени на сопствениците.

Изјава на Мицкоски пред Собрание во 13:30 часот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе даде изјава во 13:30 часот.

Како што најавија од партијата, изјавата ќе биде дадена пред Собранието.

Tренерот Гонзалез го објави конечниот список на ракометари: Во петок Македонија го стартува шестиот настап на светските првенства

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари за претстојното Светско првенство 2019 во Германија и Данска.

На списокот на Раул се најдоа:

Репрезентацијата на Македонија првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра в петок (11 јануари) против селекцијата на Јапонија со почеток во 15:30 часот.

Навидум исти како македонските, но еден килограм од овие компири вреди 500 евра

Компирите боноте се одгледуваат, а уште повнимателно се берат во мај, а бербата трае само една недела

Компирите боноте и во 2018 година се најскапите компири на светот. Килограм од овој златен компир чини 500 евра.

Во мај 2500 берачи се собираат во рани зори и работат се до зајдисонце.

Евтината исхрана главно вклучува компир, но не и оној кој доаѓа од малиот француски остров Ниармотејер, западно од Нант. Мали, жолти, но најскапи на светот. Растат во островска почва, во Бискајскиот Залив, богата со минерали, која мириса на океан и алги.

Овој компир обично се служи во најскапите светски ресторани, а се одликува со деликатесна арома на лимон, мириса на портокал, а има солен вкус. Се користи за супи, пире, салати… сеедно, сè додека не се излупи, со што го губи составот.

“Зошто плачеш?” Путин излезе од претседателскиот автомобил и со еден потег го смири расплаканото девојче (Видео)

Рускиот претседател, Владимир Путин, излезе од претседателскиот автомобил за да се фотографира со едно мало девојче, кое започнало да плаче откако не успеално да направи селфи со него.

Путин излегол од автомобилот и покрај насобраниот народ направил една фотографија со девојчето.

Трет ден Божиќ: Православните христијани го празнуваат Св. Стефан, заштитник на болните, старите и сиромашните

Православните христијани денеска на третиот ден од Божик го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе.

Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле.

Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството.

Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград.

Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Не се парите, не е имотот, ова е тоа што не прави поголеми и посилни: Прилепчани на дело! (Видео)

Не е ниту во парите, не е ниту во имотот, големината на човекот се крие во многу помали нешта кои вредат колку цела планина богатство.

Каролина Наумоска и нејзиниот сопруг Ѕвонко Наумоски од Прилеп со овој мал гест покажаа колку богат може да биде човек кога има добрина во себе.

Добрината пред се кон животните и птиците, значи и добрина кон луѓето:

Нема што повеќе да се каже, само погледнете го видеото во продолжение:

На овие минусни температури да се направи вакво дело е за секоја пофалба и почит!

Бадник во Гостивар каков Македонија досега нема видено: Ова е убавина за очи и душа (Фото+Видео)

Фото/printscreen

Небојша Петревски професионален фотограф од Гостивар со неговиот тим го доловија најубавиот Бадник кој Македонија некогаш го видела.

Прекрасниот настан се одржа во Гостивар, каде најпрво дента голем број деца ја поведоа бадниковата поворна низ улиците на градот, а вечерта имаше и бадникарски огномет од црквата Св. Богородица.

Ова е нешто што не се гледа секогаш, а благодарение на професионалноста на Небојша, Боби Лазарески, Александар Нешкоски и Оле Петровска, има што да видеме.

Уживајте:

Нов директор и во Градинките “Наша Иднина” Прилеп: Претходниот директор се враќа на позицијата книговодител

Откако осамна информацијата за промена на директорското место во ЈКП “Комуналец” Прилеп, нов вршител на должност доби и јавната општинска установа детски градинки “Наша иднина”.

На местото на досегашниот вршител на должност Орде Тодороски, кој беше сменет пред Нова Година, именувана е Бети Спиркоска која доаѓа од позицијата раководител на градинката во населбата „Аличаир“.

Оваа институција во текот на изминатата 2018 година ја следеа низа скандали за кои објавуваа медиумите, а најголем потрес предизвика скандалот со “партиските списоци за сместување на деца”.

(ФОТО) СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ГРАДИНКИ: ”Како политички се сместуваат децата во градинките, а Министерката молчи??”

“Наместо оставка за партиските списоци во градинките, директорот засадува јаготки?? Што значат шифрите: ТЕНДЕРИ, ЗАТВОР, УЈП, МИЛЕ, ВАЛЕНТИН??”

Скандали се случуваа и со огласите за вработување.

И во овој случај, како и во случајот со промената во ЈКП “Koмуналец”, недостасува објаснување од општина Прилеп зошто е сменет досегашниот директор Орде Тодороски.