дома блог страница 3236

Политичарот кој го нарече Стоилов “ментално нестабилен“, стана пратеник во коалицијата на Заев

Собранието на Република Македонија на денешната 75-та седница го верифицираше мандатот на пратеникот Рубин Земон.

Тој доаѓа на местото на досегашниот координатор на пратеничката груипа на СДСМ, Томислав Тунтев, кој беше именуван за генерален директор на Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.

Името на политичарот Рубин Земон до пред кус период не беше познато за пошироката македонска јавност. Тоа по кое луѓето го знаат денес, се неговите изјави за македонскиот репрезентативец Столе Стоилов, со кои ја разгневи јавноста.

Посебниот советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој е претседател на сојузот на балкански Египќани го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари за ментално нестабилен, пишуваше Лидер.

Земон кој бил присутен на настанот на Агенцијата за спорт и млади од која Стоилов си замина затоа што се зборуваше на албански јазик тврди дека немало никаков скандал и дека еден од добитниците на спортските награди прво зборувал на мајчин јазик, а потоа продолжил на македонски.

Според Земон, ракометната ѕвезда Стоилов морал да остане да му честита на годинешниот добитник на наградата “Спортист на годината”, што ја освоил самиот лани.

„Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански, а потоа го стори истото и на македонски.

Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку СтојанЧЕ, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент.

Тој прво мораше да остане до крај како “спортист” на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен.

Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е “дупка”, најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи“, анализира советникот за мултикултура на премиерот Заев.

Денес овој политичар доби мандат на пратеник во Собранието на Република Македонија. Заев тогаш не се огради од овие навредливи ставови.

Извор: “Курир.мк”

Затоа е македонски бренд број еден! За Шарпланинецот нема зима (Видео)

На фејсбук страната “zemjodelie.mk” објавено е видео од два шарпланинци како се справуваат со силна зимска бура.

Затоа ова куче е македонски бренд број еден и ја заслужува секоја почит.

Погледнете:

(Видео) Ако не ви е јасно зошто се лошите резултати, еве што се слуша во автобусот на Интер

Добро е познато дека хрватскиот репрезентативец и играч на Интер, Марко Брозович, обожава турбофолк.

Познати се снимките од автомобилот на Брозович во кој го слуша Миле Китич, но веројатно тој го “проширил” музичкиот вкус.

За време на патувањето со клубскиот автобус на Интер, хрватскиот репрезентативец ја “сподели” Сека Алексич со неговите соиграчи.

Ако не ви беше јасно која е причината за очајната игра на Интер во италијанското првенство, погледнете го видеото:

“Тунтев ги кратеше патните трошоци, а сега ќе зема 2.000 евра плата? Ќе си ја намали ли сега на 300 евра??”

Во пресрет на последното гласање на уставните амандмани, со кои треба да се имплементира Преспанскиот договор и да се деблокираат евроатланските интеграции на земјава, координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев се повлече од парламентот.

Тунтев се сели во Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на негово место во собраниската фотелја треба да седне Рубин Земон.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на денешната пленарна седница ја констатира оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

На новото работно место во АЦВП, пак, тој треба да зема плата од околу 2.000 евра, која е речиси двојно поголема од пратеничката плата, без патни трошоци, кои во изминатиов период беа редуцирани – пренесува “Фокус”.

Новиот ангажман на Тунтев го прокоментираа и твитерџиите:

Победа ги започна подготовките за пролетната полусезона: “Опстанокот е приоритет!”

Победа ги започна подготовките за пролетната полусезона

Николоски:Опстанокот е приоритет!

„Од Вас барам максимална дисциплина. Сите ќе добиете шанса. Но само од Вас зависи кој и како ќе ја искористи дадената шанса“.

Со овие зборови Шефот на Стручниот штаб Јане Николоски на првиот собир во 2019 година ги дочека фудбалерите на Победа. На првата прозивка со која беше означен стартот на пролетниот дел на првенството во Првата лига се појавија дел од играчите кои го носеа дресот на клубот во есенската полусезона.

Јане Николоски го образложи планот на подготовките на екипата и плановите врзани за играчкиот кадар во преодниот рок во кој досега ангажирани се повратникот во клубот Александар Ристевски и Благоја Љамчевски:

-Денес со првиот тренинг стартуваме. Од утре продолжуваме со засилено темпо со по 2 тренинзи дневно. Така ќе биде до 24 јануари кога ќе заминеме за Дојран во комлексот Истатов каде ќе ја сработиме втората фаза од подготовките и каде ќе одиграме неколку пријателски натпревари во кои ќе ја тестираме формата.

Што се однесува до плановите за преодниот рок Николоски најави дека ќе има уште нови лица:

-Ристевски и Љамчевски сигурно нема да бидат единствените засилувања. Ни треба уште еден квалитетен играч од средината на теренот кој ќе направи разлика и можеби уште еден напаѓач. Но останува да видиме како ќе се одвиваат работите. Нема да брзаме затоа што има слободни и играчи кои се нудат, се со цел да донесеме квалитетни засилувања-играчи кои ќе го дигнат нивото на играта.

Пласманот на дното на прволигашката табела ги диктира амбициите и приоритетите на прилепскиот тим:

-Примарна цел е опстанокот. Пласманот во полуфиналето на Купот е голем успех и мотив за сите. Но не треба да заборавиме дека на полусезона сме на делба на последното место и во ситуација која не е ни малку наивна. Затоа велам дека опстанокот е приоритет, а доколку успееме да стигнеме до финалето и до пехарот во Купот тоа би било екстра за нас. Во ситуација кога најавите од Општината и од ФФМ велат дека се очекува почетокот на работите на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ уште позначаен би бил опстанокот со цел наредната сезона Победа во Прва лига да игра на својот стадион.

Од играчите кои настапуваа есеноска во преодниот рок Победа ја напуштија:Нвабуезе, Маркоски, Драгарски, Мустафов, Манчевски, Исаевски, Велковски и Шопоски. Покрај стандардните првотимци на подготовките приклучени се и повеќе младинци, а за сите од утре тренажниот процес ќе опфаќа по два тренинзи дневно-претпладне во сала а попладне на терен.

Според календарот на ФФМ пролетната полусезона во Првата лига ќе започне на 17-тти февруари, кога во 1-то пролетно –редовно 20 коло Победа ќе ја пречека Беласица.

“Оставки во Македонија пат? Треба ли да има жРтви за да се чисти автопат?? Чочекот им беше побитен”

Се чини снегот не престанува да ги изненадува од “Македонија пат”?

Автопатот Скопје-Велес во моментов изгледа вака:

Снег вее и денеска во Македонија – на овие патни правци воведена е забрана за товарни возила

Поради снег на коловозот, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан од 07:15 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила, соопштија АМСМ и ЈП Македонија пат.

Од 04:10 часот, забрана за сообраќај на камиони има и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива по наместа влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Надлежните апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Само најхрабрите поминуваат, останатите молат да добијат крилја за да прелетаат (Фото)

Само најхрабрите можат да го преминат градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп, останатите молат да добијат крилја за да прелетаат.

Лизгалиште “Прилеп 2019”

До кога вака? Дали еднаш ќе се случи да не бидеме изненадени? Снегот го блокира Прилеп (Фото/Видео)

Дали еднаш снегот во зима нема да не изненади? Дури и 5 центиметри снежна прекривка ни е проблем и успева да го блокира целиот сообраќај.

Вака изгледа главната сообраќајница, булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп денеска:

Има коефициент на интелегенција 400, дипломирал на 11 години, а сега живее како занаетчија

Адрагон де Мељо дипломирал на Универзитетот во Калифорнија на 11 години, има коефициент на интелегенција 400, а планот на неговиот татко бил да освои Нобелова награда до 16-тиот роденден.

На неговиот татко може да му се заблагодари или да го обвинува, за неговиот успех и амбиција. Аугустин де Медо, таткото на Адрагон, опсесивно го притискал својот син како би ја остварил неговата намера. “Соништата за кои луѓето слушаат, за добивање на Нобелова награда и докторат воглавно се од мојот татко. Овие работи не ми се многу важни”, рекол Адрагон за телевизијата Си-Би-Ес.

На 11 години завршил математички факултет и станал најмладиот човек во историјата на САД кој завршил факултет.