дома блог страница 3235

“Здравство.мк”: Возилата на брзата помош во Прилеп се без зимска опрема – затоа се случила нeсpeќaТa на Плетвар?

По низа скандали што го тресат министерството за здравство излезе на виделина уште еден, а тоа е дека возилата на Итна помош во Прилеп немаат зимска опрема. Пред само неколку дена се преврте возило со медицински персонал и пациент – пишува “Здравство.мк”.

Имено станува збор за возило „Dacia“ со регистарски таблички „PP 1825 AB“. Поточно на 3 јануари 2019 година, четврток возилото се преврте на Плетвар кај Каменоломот. По оваа случка ништо министерството за здравство ништо не презема ниту апелира за набавка на зимска опрема за возилата на Итна помош во Прилеп.

Гумите по оваа случка не се заменети на ниту едно возило за Итна помош во Прилеп до ден денеска, дури се вложуваат напори и сили овој случај да се заташка да не излезе на виделина пред јавноста – додаваат од порталот “Здравство.мк”.

Целата сторија прочитајте ја TУКА

Заврнало многу снег во Македонија? Еве како се справуваат во Австрија со два метри снежна покривка (Видео)

Снегот, кој без прекин врне од минатиот чевртокот, предизвика големи проблеми во многу делови на Австрија.

Многу лавини се закануваат и во скијачките центри, а во Салцбург една лавина затрупа скијачи кои, за среќа, преживеале.

Жителите на неколку населени места се отсечени, а според информациите на светските медиуми има заГинати и исчеЗнати.

На некои места снежната прекривка достигнува и до два метри висина.

Верижен судир на патот Прилеп-Битола: Учествувале неколку возила (Фото)

Верижен судир во кој учествувале 3 aвтомобили и едно комбе, се случил утринава на патот Прилеп-Битола после село Алинци.

Според информациите кои ги добивме од очевидци имало и повредени.

Повеќе информации во текот на денот!

Азири потврди дека Заев прифатил сѐ само да се смени името

Вчера во дебатна емисија на 1ТВ гостуваа претставници на БЕСА и Алијанса при што говореа за барањата кои ги доставиле до Заев. Елми Азири, потпретседател на Алијанса за Албанците посочи дека сите три барања кои ги доставиле до Заев се прифатени дури и што се однесува на Преамбулата ја избришаа реченицата која гласи дека граѓаните кои живеат во границите на Република Северна Македонија.

-Кога може премиерот Заев и кога може македонската условно кажано политика да се договара и да се разбере, да се преговара со Грција, со Бугарија, со Србија зошто да не може со луѓе, сограѓани кои живееме во иста држава. Зошто да не го искористиме моментот кога веќе се отвора Уставот, зошто да не се искористи моментот за да се седне како цивилизирани политички партии и за да надминеме некои пречки односно некои навредливи категоризации кои се во Уставот на Република Македонија почнувајќи од Преамбулата и навака, рече Елми Азири, потпретседател на Алијанса за Албанците.

Азири образложи дека тие како Алијанса за Албанците, јавноста знае дека од почетокот на нивното формирање предлагаа една институција која се вика „Маса на политичките партии на Албанците“ за да кога дојде моментот за да имаат единствено решение за некои ставови за да еднаш и засекогаш за да се завршат етничките прашања во Македонија. Но како јавноста што знае таа маса е дискредитирана до крајност од ДУИ од дневно политичките интереси, од партиските интереси.

Три предлози од Алијанса за Албанците се договорени со премиерот Зоран Заев. Едниот се однесува на уставниот закон што се однесува на ограничувањето на Република Македонија со Република Косово. Второто се однесува на дијаспората значи Република Македонија освен што има законска уставна обврска да се грижи за македонското иселеништво треба да се грижи за сите, затоа што тие се граѓани од оваа држава. И договорот што вчера испадна со претседателот Зијадин Села и премиерот Заев беше што се однесува на Преамбулата ја избришавме реченицата која гласи дека граѓаните кои живеат во границите на Република Северна Македонија, посочи Азири.

Азири дури потенцира дека голем број на историчари, интелектуалци, политичари не еднаш, пишувале по разни книги, енциклопедии дека Албанците се дојдени, Албанците дошле во тој век оној век. Но со овој предлог што е предложен на Заев ќе се зацврсти ставот во Уставот, во Преамбулата дека Албанците се автохтон народ во Македонија. Не се привремен народ, не се дојдени некогаш па еднаш се очекува да бегаат од Македонија и да ги снема. Албанците се автохтон народ, Албанците сигурно во Македонија се пред сите, во Балканот се пред сите.

Извор: kurir.mk

Нов студен бран – еве што не очекува наредните денови

УХМР најавува нов студен и влажен бран со пообилни врнежи од снег во текот на денешниот ден, особено во западните делови.

Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Во петок времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Во сабота исто така сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на магла по котлините, а слично време не очекува и во недела.

Нови врнежи од снег следуваат во понеделник.

Како да имате уште еден радијатор – со обична фолија до потопол дом

Овие два евтини и практични совети ќе ви помогнат уште повеќе да го затоплите својот дом, а за тоа да не плаќате дополнителни средства. Тие што го испробале овој метод тврдат дека во станот им е дотолку потопло, што се решиле дури и да исклучат еден од радијаторите.

Совет 1

На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлективен материјал, на пример алуминиумска фолија за домаќинство или фолија за заштита од сонце на ветробранското стакло на автомобилите. Радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, па топлината ќе престане да излегува преку надворешните ѕидови и ќе се рефлектира директно во вашата просторија.

Совет 2

Вториот совет е сличен на првиот. Ставете парче алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да е однадвор, па поставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Се разбира, страната со фолијата треба да гледа кон радијаторот.

И на овој начин на топлината се одбива од површината на фолијата и се враќа во вашиот дом, место да биде апсорбирана од ѕидовите.

Koга на општините им е гајле за народот, постои меѓучовечната добрина: Прилепски автобус заглави кај Могила, па го влечеле со трактор (Видео)

Живееме во време кога е чудно што заврнало толку многу снег во месец јануари. Изненадени се сите, од градоначалници до јавни и државни претпријатија….

Навистина чудно, снег во јануари никогаш порано “не заврнало”….

Па, кога на општинарите им е гајле за народот секогаш постои меѓучовечката добрина и желба да се помогне.

Синоќа автобус со прилепски регистарски ознаки заглавил во снегот во општина Могила токму поради неисчистените сообраќајници, па жител на оваа општина им помогнал на патниците и ги влечел со трактор.

Секоја чест за неговата добрина и човечност!

“Еве како се справува Прилеп со снег во јануари? Градот парализиран?” (Фото галерија)

Oпштина Прилеп во текот на изминатиот ден информираше дека успешно се справувале со чистењето на улиците и тротоарите во градот и населените места.

Но, фотографиите од терен не зборуваат баш така.

Според она што ни го испратија нашите читатели, еве каква беше состојбата низ прилепските улици синоќа:

Населба “Точила”

Централно градско подрачје

Плоштадот “Методија Андонов-Ченто” завеан десетина дена, никаде нема патека

Улица “Мирче Ацев”, eдна од попрометните улици која води кон населбата “Рид” И кон градската болница

Историски успех: Македонските одбојкари се пласираа на Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва оствари историски успех пласирајќи се на Европското првенство за првпат.

Нашата репрезентација ја совлада селекцијата на Унгарија со 3:0 во сетови во натпреварот кој се одигра во СРЦ Кале.

Европското првенство ќе се одржи од 13 до 29 септември годинава за прв пат во четири земји домаќини, Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

ФОТО: “Курир”

Заев: Не се каам што го потпишав договорот за промена на името

Претседателот на македонската влада, Зоран Заев, никако не престанува да изненадува со своите изјави.

Вечерва во интервју за телевизија Сител, Заев изјави дека не се кае што го потпишал договорот за промена на уставното име на Република Македонија, напротив дури и да треба повторно би го направил истото.

-Да, би потпишал ако добијам друга шанса. Апсолутно немам покајание за ништо, рече Заев.

Ваквите изјави од страна на премиер е класичен пример за немање на национално чувство и национална свест за својата татковина.

Имено, уставните измени влегоа во третата фаза, а собраниската седницата е презакажана за утре во 13 часот.

Извор: kurir.mk