дома блог страница 3234

Изгоре куќа во Прилеп – семејството не било дома

Дел од куќа во Прилеп изгоре во пожар што избувна, од засега непознати причини. Станарите не биле во куќта кога избувнал пожарот и нема повредени, информират од прилепскта противпожарна единица.

Според Методија Николоски, од прилепската противпожарна единица, во 17:15 часот во единицата бил пријавен пожарот, но е навреме локализиран.

– Една просторија во куќата на улицата „Републиканска“ број 25 е опожарена од засега непознати причини. Нема повредени, зашто семејството не било дома. Веднаш е интервенирано и пожарот е локализиран и изгаснат. Има материјална штета, но допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот, изјави Николоски.

Увод на местото на опоижарувањето направи полицијата.

Екстерно се укина, ама во мај за основците ќе има ново тестирање

Наместо екстерно тестирање, надлежните воведуваат меѓународно познато како ТИМСС. Веднаш по преземањето на владините функции прво ветување беше дека нема да има екстерно тестирање. Истото го укинаа, но затоа веќе се спрема новото. Сега и упатените и родителите велат еден назив сменија во друг, а суштината помалку или повеќе е иста.

– Моето дете е четврто одделениe. Пред Нова година неговата наставничка ни соопшшти дека учениците од нејзиниот клас во мај годината ќе бидат тестирани по два предмети и тоа по предметот математика и природни науки, сведочи родителот.

Ова го потврдува Зеќирија Хасипи, директор на Бирото за развој на образованието. Хасипи за порталот Деца.мк кажува дека станува збор за ТИМСС – меѓународно тестирање кое се спроведува на светско ниво, а ги мери знаењата и постигнувањата на учениците по математика и по природни науки.

Според него со ова тестирање ќе се види колку и дали помогнале новите програми за подобрување на знаењето на учениците, со оглед на тоа што Македонија беше на последните места.

– Колку што сум запознаен, направени се и измени и исправки во дел од учебниците од страна на Педагошката служба, така што и во тој дел ќе се надминат проблемите, вели Хасипи.

Груевски со нов статус на Фејсбук: Еве што порачува

“Течат последните часови до промената на Уставот заради Преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата…

Кога овие измени ќе поминат во македонскиот парламент, Грција сигурно нема да ја пропушти оваа историска шанса да постигне договор кој за нив е целосен триумф а за нас содржината на тој договор е национална катастрофа. Договор за каков пред две години не сонуваа.

Како што кажав во мојот статус во јуни, со овој договор станаа јасни сите некому претходно нејасни работи.
Секому стана јасно дека без национално предаство во минатото договор со Грција не бил можен и дека се што се случува во последните 4 години беше во функција на овој и баш ваков договор. Од креираните матерјали, вештачкото креирање негативна слика за ВМРО-ДПМНЕ со невидена досега пропаганда.

Преку спречувањето да формира влада по изборите во 2016та, незаконското назначување претседател на парламентот, преку судските прогони кон стотици политичари и нивни соработници, притврања, апсења, ненадејни ослободувања од притвори, закони за амнестии, прогонот кон мене лично со фабрикувани обвиненија, и редица други работи со кои на крајот ги скршија законите, основните принци на однесување и работење и темелните морални вредности во Македонија, со што како ,,нус ефект,, се создаде атмосфера иселувањето од Македонија да стане пет пати поголемо од претходно.

Се направи се, за најправо да се изгласа штетниот договор со Бугарија па неуставната двојазичност и конечно главната работа заради која беше осмислена целата операција: промената на името со марионетска влада и пратеници.
За жал, големите политички прашања не секогаш можат да решат со правни инструменти. Според силата на поредокот пред векови е констатирано дека прва е војната, втора е политиката па на трето место е правото. Гледаме на дело со стотици примери во последните речиси две години, како политиката го суспендира правото. Или уште повалканото, како правото се стави во функција на политиката.
Но, тоа не е веќе демократија.

Јас бев и сум голем подржувач Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Нашето место е таму и во сојуз со Америка. И бев за концепт за разумен компромис за таа цел. Тој концепт со овој договор е мртов.
Мнозинството од народот не се согласува со овој договор, што се виде и од исходот на референдумот. Но, марионетската власт е решена да оди против неговата воља, по секоја цена и да го стави секого во затвор, протера или ликвидира, кој ќе и се попречи на патот. Народот излегува и протестира, но сега веќе одлуката е во рацете на пратениците. На оние 79,80 или 81 пратеника.

За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно….барем јас знам.
Ова се историски одлуки. Да, можен е подобар и пофер договор. Треба само верба, храброст, отфрлање на уцените, воља и време, за постигнување на двете: разумен компромис /фер договор и НАТО и ЕУ.
Незаборавајте дека ставате ,,црн печат,, на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање. Таа пролеана крв заслужува македонското прашање да се затвори, но во полза на македонците. Или поинаку кажано да се затвори, но не на штета на македоците.

Тоа е во ваши раце. Од Вас зависи.”

Ќе уживате од почеток до крај: Македонскиот пејач се распеа заедно со неговиот татко – кој пее подобро? (Видео)

Ѓоко Јовиќ објави видео како пее со неговиот татко Тодор, на кое неговите фанови требаше да кажат кој пее подобро и дали таткото на Ѓоко е подготвен за шоуто на Гранд “Никогаш не е доцна”.

Ќе се согласите, Ѓоко и неговиот татко се извонреден дует:

Погледнете:

Во живо од пред Собранието: Христијан Мицкоски зборува пред граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево во 16 и 30 часот се очекува да се обрати од пред Собранието на Република Македонија.

Во моментов пред парламентарниот дом се одржува протест за одбрана на македонското име, додека внатре во собранието во 15 часот ќе се одржи седница на која треба да се расправа за уставните измени.

На дневен ред се предлог- амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог- уставниот закон за прогласување на амандманите, што претставува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

И во Штип иновативност со чистењето на улиците од снегот: Каде е сега фондот за иновации? (Видео)

Деновиве се изнагледавме иновативности со чистењето на снегот низ општините. Од посолување на улиците и тротоарите, до секаква креативност во црпењето на снегот и фрлањето на ризла по улиците.

Најновото видео доаѓа од Штип:

Ништо помалку иновативни не се и во Прилеп и и Битола:

Забележал дека нешто ѕирка од снегот па го застанал возот- со лопатите во раце започнала спасувачка акција (видео)

Жителите и туристите во Австрија не се едниствените кои мора да се справуваат со студот и снегот, кој предизвика големи проблеми, тука се и животните.

Австриската железница објави видео од вчера во која се гледаат двајца службенци со лопата во рака како спасуваат дива коза.

Машиновозачот го сопрел возот откако забележал дека од снегот ѕиркаат роговите на козата. Возот се вратил назад до дивокозата и двајца службеници, внимателно ја откопале козата.

За среќа таа е ослободена и вратена во дивината.

Битола ќе му се најде на Скопје: Како благодарност за позајмените автобуси, ќе му дадат машина за чистење снег (Хит Фото)

Време е Битола да му возврати на Скопје за помошта околу превозот на учениците, се шегуваат битолчани на социјалните мрежи.

-Би било етички и морално исправно да му возвратиме на Шилегов во овие тешки моменти за Скопје на ист начин како што тој ни излезе во пресрет со автобусите за учениците и да им го пратиме нашиов сограѓанин со соодветната механизација што е на сликата. Се надевам предлого ќе стигни до советниците на Општина Битола и истиот ќе биди прифатен.

“Здравство.мк”: Возилата на брзата помош во Прилеп се без зимска опрема – затоа се случила нeсpeќaТa на Плетвар?

По низа скандали што го тресат министерството за здравство излезе на виделина уште еден, а тоа е дека возилата на Итна помош во Прилеп немаат зимска опрема. Пред само неколку дена се преврте возило со медицински персонал и пациент – пишува “Здравство.мк”.

Имено станува збор за возило „Dacia“ со регистарски таблички „PP 1825 AB“. Поточно на 3 јануари 2019 година, четврток возилото се преврте на Плетвар кај Каменоломот. По оваа случка ништо министерството за здравство ништо не презема ниту апелира за набавка на зимска опрема за возилата на Итна помош во Прилеп.

Гумите по оваа случка не се заменети на ниту едно возило за Итна помош во Прилеп до ден денеска, дури се вложуваат напори и сили овој случај да се заташка да не излезе на виделина пред јавноста – додаваат од порталот “Здравство.мк”.

Целата сторија прочитајте ја TУКА

Заврнало многу снег во Македонија? Еве како се справуваат во Австрија со два метри снежна покривка (Видео)

Снегот, кој без прекин врне од минатиот чевртокот, предизвика големи проблеми во многу делови на Австрија.

Многу лавини се закануваат и во скијачките центри, а во Салцбург една лавина затрупа скијачи кои, за среќа, преживеале.

Жителите на неколку населени места се отсечени, а според информациите на светските медиуми има заГинати и исчеЗнати.

На некои места снежната прекривка достигнува и до два метри висина.