дома блог страница 3233

Eфто Пупиноски револтиран на охриѓани: “Oхриѓани што луѓе ќе бевте…Никогаш не сте биле мои”

Ефто Пупиноски еден од нашите најпопуларни фолк пејачи кој низ целиот Балкан се прослави со незаборавната “Лихнида кајче веслаше”, песната која на српски јазик ја испеа легендарниот Мики Јевремовиќ, и песна која Охрид го слави на свој начин, деновиве “без влакно на јазикот” отворено им се обрати на охриѓаните. Еве, што многу емотивно вели Ефто, а вие самите проценете (особено охриѓаните бидејки ним директно им се обраќа) дали е во право или не:

“САМО КОЛКУ ДА СИ КАЖЕМЕ
Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето.
Охриѓани мои, ја знаете ли песната Катино моме катинке? Значи ја знаете – добро.
Ја знаете ли песната Прости ми душо моја? О да, ја знаете – одлично!
А ја знаете ли песната Туѓа си бескрајно? Ја знаете и таа, извонредно.
Велите овие песни ги знае и старо и младо.

А го знаете ли балканскиот хит Лихнида кајче веслаше, каде што се збпорува за Охридското езеро?
А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте?

На тој ваш плоштад во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно.

Помина скоро пола век,а вие не ја разбравте вредноста на таа „ЛИХНИДА“.хитот кој ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот кој само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислиете, јас не ви се лутам. Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа „охриѓани мои“ е грешка. Никогаш не сте биле мои”.

АЈДЕ МОМЦИ! Македонија денеска го стартува шестиот настап на Светските првенства

Македонија попладнево ќе има шеста увертира на Светските ракометни првенства, сите под водство на различни селектори. По дебито во 1999 година под водство на Драган Нишевиќ, во 2009 година со Илија Темелковски, во 2013 година со Звонко Шундовски, во 2015 година со Ивица Обрван и во 2017 година со Лино Червар, „црвено-жолтите“ влегуваат во нова мундијалска авантура со Раул Гонзалез. Ривал е Јапонија од 15.30 часот во „Олимпијахале“ во Минхен.

Шпанскиот стратег, кој пред две години го предводеше Вардар до сензационален триумф во Лигата на шампиони, во Германија поведе 18 ракометари, од кои двајца испрати на трибини за денешниот дуел, со еден од двата азиски претставника во групата Б. Официјалниот протокол ќе биде без голманот на Стразбур, Златко Даскаловски и кружниот напаѓач на Металург, Милан Лазаревски.

Покрај нив двајца, дебитанти на СП во ростерот на „ел команданте“ се и Горан Крстевски, Филип Чурлевски, Марио Танкоски и Мартин Серафимов. Во селекцијата по подолго време ги нема дел од досега стандардните како Никола Маркоски, Немања Прибак, Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, а нејзин лидер останува Кире Лазаров кој е единствен кој играше на првото СП во Египет и ќе игра и на тековното во Германија. Тој е главен адут во тимот и покрај возраста (38 години) и сè уште е најдобар стрелец на Светските првенства со 92 гола, рекорд што го влече од 2009 година во Хрватска. Три години подоцна постигна најмногу погодоци (61) и во Србија што го прават рекордер и на Европските првенства.

Македонија е фаворит во пресметката со Јапонците и се друго освен победа ќе претставува изненадување. Првото коло во групата Б ќе биде комплетирано со дуелите Исланд – Хрватска од 18 часот и Бахреин – Шпанија од 20.30 ч.

Светското првенство почна вчера со убедливи победи на ко-домаќините на турнирот. Германија во Берлин славеше над заедничката селекцијата на Кореја со 30:19, Данска во Копенхаген си поигра со Чиле за убедливи 39:16 на крајот.

Титулата на СП 2019 ја брани Франција чија селекција ќе атакува на хет-трик на мундијалите. „Триклорите“ во финалето во 2017 година како домаќини ја поразија Норвешка со 33:26, а позлатеа и во 2015 година по триумфот над Катар, организатор на турнирот, со 25:22.

Освојувачот на СП ќе осигура директен пласман на олимписките игри во Токио во 2020 година додека селекциите од второто до седмото место ќе играат квалификации за најголемиот светски спортски настан наредното лето.

ФОТО: „Едно име имаме, Македонија“ – Скопје преплавен со пораки од граѓаните

На повеќе локации во Скопје се појавија транспарентни со натпис „Едно име имаме, Македонија“.

Ова е пораката која граѓаните им ја испраќаат на власта и пратениците.

Дел од транспарентните се поставени кај Железничката станица, Стоковна куќа, Автокоманда, како и на подвозникот кај Црниче.

Oбединетата македонска дијаспора успеа да ја поништи антимакедонската резолуција во Сенатот на САД

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) успеа да ја поништи резолуцијата 602 поднесена на 1ви Август 2018 од страна на сенаторите Крис Марфи и Рон Џонсон во Комитетот за Надворешна Политика на американскиот Сенат.

Резолуцијата 602 преку интерпретација на сите неистомисленици на Преспанскиот Договор како анти-западно ориентирани активисти под про-руско влијание, кои одбија да го валидизираат насилието со глас „за“ на консултативиот и манипулативен референдум за промена на уставното име и идентитет на Република Македонија, имаше за цел да ја оправда меѓународната интервенција во спроведувањето на Преспанскиот Договор.

Преку повикување на основното човеково право на самоопределување и изнесување на факти кои го негираат и анулираат руското влијание во Македонија, ОМД на правен и дипломатски начин на застапување на националните интереси, успеа да издејствува поништување на резолуцијата 602, која имаше за цел да ја помогне присилната промена на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија како безправна разрешница на 27-годишниот билатерален спор со Грција.

Покрај резолуцијата 602, ОМД успеа да оствари победа и врз резолуцијата 804 која претставена на 22 Март 2018 година од страна на про-грчкиот конгресмен Каролин Маноли, бескомпромисно интервенираше промена на уставното име на Македонија во интерес на Грција со јавно тврдење дека „Македонија е, била и ќе остане грчка“.

Несогласувањето со резолуциите 602 и 804, ОМД, како и македонско-американската заедница, го изрази по правен и дипломатски пат на директни средби, проследување на официјални писма и телефонски разговори со сенаторите и нивните советници за надворешна политика, како и со членови на Претставничкиот Дом на САД, од страна на тимот на ОМД задолжен за застапување на интереси со седиште во Вашингтон.

Собрани повеќе од 114.000 евра за херојот на „Жолтите елеци“- боксерот кој тргна сам против цел кордон полиција (Видео)

Повеќе од 114 илјади евра се собрани преку јавни донации за поранешниот француски боксерски шампион Кристоф Детинге, кој ѝ се предаде на полицијата откако беше сниимен како удира врз полициски службеници за време на протест на „Жолтите елеци“.

Нападот на Детинге врз полицијата, која го блокираше мостот преку Сена, стана симбол на насилната природа на протестите против Владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

И додека некои учесници во протестите го сметаат Детинге за херој, некои француски функционери се лутат, а меѓу нив е и министерката за труд Муриел Панико, која изјави дека е несфатлива таква кампања за собирање пари.

Како овие луѓе можат да им кажат на своите деца, на младите, дека насилството е одговор, рече министерката.

Детинге се предаде во полиција вчера, и рече дека се обидел да се одбрани и себе си и другите демонстранти, но призна дека „лошо реагирал“.

Тој сеуште е во притвор.

Ова сигурно ќе ве интересира: Еве што значат кратенките во анализата за крв и колку треба да изнесуваат

Лабораторискиот преглед на крвта кај пациентите е еден од најважните показатели за ситуацијата на организмот и укажуваат на некоја скриена или веќе манифестирана болест.

Секој човек во зависност од телесната тежина има од 5 до 8 литра крв, која го снабдува внатрешните органи со кислород и хранливи материи, содржи бели (леукоцити) и црвени (еритроцити) кои претставуваат одбранбену ќелии на организмот.

Анализа на крвта спаѓа во стандардна процедура на секој преглед, посебно ако пациентот се жали на симптоми кои не укажуваат на конкретно заболување и помага при поставување точна дијагноза.
Kај дијагностицирани заболувања кај кои лечењето е во тек, анализата на крвта укажува на успешно применета терапија.

Најчести анализи:

Седиментација – нормална вредност 10 и 20mm/h, доколку вредноста е поголема тогаш во организмот има жариште на инфекции.

M (20-50 год) 3-13 mm/h, M (над 50 год) 2-23 mm/h, Ж ( 20-50 год) 4-24 mm/h, Ж (над 50 год) 5-28 mm/h

Крвна слика – Пред се се одредува бројот на еритроцити, леукоцити, тромбоцити.

RBC – Еритроцити (црвени крни зрнца) кои го пренесуваат кислородот од градниот кош кон останатите делови на телото.Нормална вредност:5-6 милиони/mm3. Намалена вредност на еритроцитите може да е знак за анемија или пак губење на крв поради крварење, а зголемување на еритроцитите може да се јави и кај сосема здрави особи.

WBC – Леукоцити (бели крвни зрнца) служат за одбрана на организмот од бактерии, вируси.Нормална вредност:5-10.000 милиони/mm3.Резултатите пониски од граничната вредност најчесто е знак за вирусни инфекции, а зголемување е знак за бактериски инфекции.

PLT – Тромбоцити (крвни плочки) нормална вредност 250.000-400.000 милиони/mm3.Зголемен број на тромбоцити доведува до крвно згрутчување во кардиоваскуларниот систем, а намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц.

Hb- Концентрација на хемоглобин во крвта е зависно од полот. Како просечна вредност за мажи се смета од 140-180 g/L, а за жени 120-160 g/L.

Глукоза – Гликемија го покажува количеството шеќер во крвта. Нормална вредност 3,33 до 6,10mmol/l.

Hct – удел на крвните ќелии или хематокрит во вкупната количина крв, MCV – Среден обем на еритроцити, MCHC – Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити, RDW – Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина, MTV – Просечен среден обем на тромбоцити

Состојба на црниот дроб

Во внатрешноста на црниот дроб се чисти крвта и се разградуваат супстанци кои се најважни за живот.Три најважни ензими се GOT чија нормална вредност е 5 до 15u/l, GPT – 5 до 19u/l и GGT со нормална вредност 4 до 18 u/l.

Состојба на бубрезите

Urea- Нормално 1,7-8,3 mmol/l, Креатинин – нормално мажи 62-106, жени 44-80 umol/l

Панкреас

S-алфа амилаза – нормална: 28-100 IJ/I, U-алфа амилаза – нормална: – 0-450 IJ/I Зголемено ниво укажува на пореметување на функцијата на панкреасот(производство на инсулин)

Железо е еден од есенцијалните олигоелементи во организмот, составен дел од хемоглобин, миоглобин и многу ензими.

Главно складиште на железото е ретикулоендотелниот систем, црн дроб, коскена срж, бубрези.Концентрацијата на железо во серумот е определен од неколку фактори вклучувајќи апсорпција од црева, депонирање во цревата, црниот дроб, слезина и коскена срж, губење хемоглобин и синтеза на нов хемоглобин.

Заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите кои ја одредуваат морфологијата на еритроцитите(MCV, MCH и MCHC) пружа увид за состојбата на коскената срж.Определување само на железото нема никакво значење за дијагноза на анемија.

Нормална вредност: мажи 10,6-28,3;жени 6,6-26,0 umol/l

Штитна жлезда – Лачи хормон тироксин (Т4) и триодтироксин (Т3).Двата се неопходни за добра работа на метаболизмот. Се мерат вредностите на Т4 хормони и слободен FT4 кој не е врзан за белковини. Нормална вредност на вкупен T4 хормон е 58 – 161nmol/l, а на FT4 тироксин е 10.3 – 23.1pmol/l.

Масти во крв

Холестерол нормална вредност < 5,2; Висок > 6,2 mmol/l
HDL холестерол(добар) нормален > 1,54; Низок < 1,0 mmol/l LDL холестерол (лош) нормален < 2,6; Висок > 4,1 mmol/l
Триглицериди нормална вредност < 1,7; Висока > 2,3 mmol/l

Електролити

Натриум (Na) – 139-154 mmol/l Намалено ниво кај бубрежно болни, Калиум (К) – 3,8-5,3 mmol/l Зголемено ниво кај бубрежно болни

Анализа на крв би требало да направите барем еднаш годишно иако немате никакви здравствени проблеми, затоа што раното откривање на болеста е од пресудно значење за поуспешно лекување.

Извор: “www.press24.mk

Ќе ви се заледи крвта во вените: Човек оди по јаже на огромна височина над снежните Алпи (ВИДЕО)

Непознат маж успеа да премине на јаже од еден на друг врв на Алпите прекриени со снег.

Видеото од преминувањети ан Алпите на голема височина е објавено на Јутјуб на страницата „Луѓето се прекрасни” (People Are Awesome) и се избрани за неколку од најдобрите во 2018.

На оваа страница се објавуваат трикови или каскадерски подвизи од целиот свет , а потоа самите гледачи прават листа на најгледани видеа.

Не е познат идентитетот на мажот кој оди по жица , освен дека подвигот е изведен на француските Алпи.

Убавина која освојува! Снежна идила од манастирот Свето Преображение во село Зрзе (Фото)

Maнастирот Свето Преображение во село Зрзе е убав во текот на целата година, но зимата и снегот го прават вистински рај на земјата.

Ваква убавина вреди да се посети секогаш…

Eве како дел од македонската естрада се забавува и ужива во снежната идила (Фото галерија)

Календарски веќе одамна е зима, па снегот веќе ги побеле улиците, дворовите…

Некои ја сакаат зимата, а некои не. Дел од македонските јавни личности го користат овој период за да заминат некаде на зимување и да уживаат во зимските радости.

Додека пак други преферираат да останат во својот дом и со топол чај да уживаат на минус температури.

Пред некој Сузана Турунџиева го посети Крушево кое беше прекриено со снег, па заедно со својот зет и ќерка уживаше во снежната идила.

Марија од „Ај кју“ исто така ужива во зимата, па пејачката овој пат се одлучи да скија.

На скии се качи и Аделина Тахири.

Водителката Ирена Спировска е позната по планинарењето, па ни зимата не ја спречи со своите пријатели да планинари.

На зимување замина и Кристина Арнаудова заедно со нејзиното семејство.

Во снегот и снежната идила во Кичево ужива и пејачот Влатко Лозановски.

Изгоре куќа во Прилеп – семејството не било дома

Дел од куќа во Прилеп изгоре во пожар што избувна, од засега непознати причини. Станарите не биле во куќта кога избувнал пожарот и нема повредени, информират од прилепскта противпожарна единица.

Според Методија Николоски, од прилепската противпожарна единица, во 17:15 часот во единицата бил пријавен пожарот, но е навреме локализиран.

– Една просторија во куќата на улицата „Републиканска“ број 25 е опожарена од засега непознати причини. Нема повредени, зашто семејството не било дома. Веднаш е интервенирано и пожарот е локализиран и изгаснат. Има материјална штета, но допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот, изјави Николоски.

Увод на местото на опоижарувањето направи полицијата.