дома блог страница 3232

“Градоначалникот на ракомет, градот во хаос и двојазичен, а државата со ново име?”

На социјалните мрежи како се појави фотографија од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски на трибините во салата во Минхен, каде Македонија денеска го одигра првиот дуел од Светското превенство во ракомет против Јапонија.

Градот деновиве маки мачи со снежните наноси, недостатокот на вода за пиење, а градоначалникот ужива во благодетите од функцијата и си следи натпревари во ракомет?!

Твитерџиите веднаш распалија по Јованоски и забележаа дека носи спортска опрема на фудбалската репрезентација.

Министерот за одбрана на ниво на задачата: Борко Ристовски со 20 одбрани ги запре “самураите”

Maкедонија успешно го помина првиот тест на Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Германија и Данска.

Со резултат 29:38, Македонија ја совлада Јапонија за висока победа од 9 гола разлика.

Најголем учинок во оваа победа имаа 20-те одбрани на “министерот за одбрана”, Борко Ристовски, кој беше брилијантен на нашиот гол.

Брзата игра на Јапонците им создаваше огромни маки на играчите од нашата одбрана, па поради тоа и големиот број примени погодоци.

Сепак, искуството на Ристовски по којзнае кој пат беше пресудно за црвено-жолтите.

Со ваков Борко и со прецизни Лазаров, Манасков, Кузманоски, Талески и Стоилов, Македонија може многу повеќе.

Следниот противник на нашите репрезентативци е Бахреин, со кого се среќаваме во недела со почеток од 14:00 часот.

Браво момци! Македонските лавови ја прегазија Јапонија

Македонија успешно ја помина првата пречка на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Германија и Данска.

На првиот натпревар од групата Б, Maкедонија ја совлада Јапонија со резултат 38:29 (18:13) на полувремето.

Брзите Јапонци и создаваа големи проблеми на нашата одбрана, па токму затоа е и високиот број примени погодоци.

Сепак, Македонија забележа висока победа од 9 гола разлика.

Најуспешни во нашиот тим беа капитенот Кире Лазаров со 8 постигнати гола, потоа Манасков и Стоилов со по 7, Кузманоски со 4, а Талески, Поповски и Пешевски постигнаа по 3 погодоци.

Во недела со почеток од 14:00 часот, Македонија ќе се соочи со Бахреин, а потоа следуваат вистинските тестови со Хрватска, Шпанија и Исланд.

ВМРО-ДПМНЕ: “Сомнеж за огромен kpиминaл во Тутунски комбинат – ОЈО да реагира исто како против НВО секторот!?”

Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

(Во продолжение интегрален текст и видео од одржаната прес-конференција)

“На расипничкото владеење од СДС му нема крај. Се што фатија, се упропастија. Погубните политики како на централно, така и локално ниво, даваат катастрофални резултати, кои удираат по џебот на обичниот народ, додека некои се богатат преку ноќ на нивната мака. Имено, пред извесно време на еден интернет портал, беа објавени документи во кои се гледа бруто биланост по партнери од страна на Тутунскиот комбинат Прилеп.

Па така според објавените документи од овој интернет портал, на првата страна се гледа како Тутунски комбинат Прилеп на ДМ КОЛОР МИКС ДООЕЛ Прилеп, му исплатил наводно над 1 милион и 400.000 денари, пришто во десниот агол од документот е испишано дека оваа сума била потрошена за боја, кнауф и поликолор.

Во наредниот документ, е наведена сума од 54.000 денари кои комбинатот му ги исплаќа на ресторан Чифлик, сума потрошена за угостителски услуги, што укажува за недомаќинско работење и непотребно трошење на парите.

Во следниот документ овој портал објавува дека Тутунски комбинат на Порше Македонија ДООЕЛ за сервис на ауди 8, без тендер, му исплаќа сума од 422.734,00 денари.

Во следниот документ, комбинатот за обезбедување на парнерот Бригада му исплаќа огромна сума од над 800.000 денари, при што во документот од овој сајт е наведено дека оваа сума е исплатена за 22 лица, и покрај фактот што биле пријавени 18 лица, па така разликата од 4 лица отвора сомнеж за можен криминал и злоупотреба.

Во друг документ, наведено е дека на Уни Атлас, за набавка на компресори му се исплатени речиси 70.000 евра, при што напишано е дека се прикажани 30.000 евра, за да нема тендер и да се изврши набавката без тендер.

На последниот документ објавен на сајтот, е наведено дека за кров без објавен тенедер, од Комбинатот на Градба Јасен Прилеп му се исплатени над 3 милиони и 900.000 денари.

Прашуваме, дали се вистинити наводи изнесени во документите објавени на овој интернет портал? Ова ли е домаќинското работење кое владата предводена од СДСМ го ветуваше пред граѓаните? На ваков ли начин се води грижа за успешно и функционално работење на комбинатот, кој пропаѓа со секој изминат ден? Бараме од одговорните лица во комбинатот да се произнесат околу овие документи кои пред извесно време осамнаа на интернет просторот.

Исто така, сакаме да ја известиме јавноста дека поседуваме видео материјал кој алудира на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на најтесното раководство на комбинатот. Го повикуваме ОЈО, во рамките на своите законски надлежности, по допрен глас да ги провери изнесените наводи во документите објавени на интернет поратлот, се со цел да испита можен криминал, можна злоупотреба, која се одразува на штета на комбинатот, а во корист на поединци поврзани со раководството на истиот.

Воедно му стоиме на располагање доколку се охрабри да покрене постапка, да го доставиме и видео материјалот. Одговорност за ваквото расипничко работење мора да има и ќе има. Само така Македонија ќе продолжи да оди напред!”

Агатангел: Овие однародени пратеници го заслужуваат само нашиот презир

ПОВИК ОД МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г. АГАТАНГЕЛ

Драги браќа и сестри, Македонци, Македонки и Македончиња! На неодамнешниот референдум, народот јасно го искажа своето мислење. Според резултатите од него, никој не доби овластување да се впушти во промена на нашето вековно име. Основна задача на оние што се бават со политика, а посебно на пратениците во Македонското Собрание, е да ги штитат народните интереси и да спроведуваат политики кои ќе го унапредуваат нашето општествено живеење.

Доколку пратеникот престане да го слуша гласот на народот тој станува одметник и отстапник. Денес, во Македонското Собрание имаме 80-ет одметници кои пловат спротивно од реката на националните интереси. Овие пратеници, налик на диви одметници, го пљачкосуваат минатото и иднината на својот народ, за да ја збогатат ризницата на самоволниот и силниот на овој свет, за кого не важи ни еден закон, освен законот на суетата и законот на среброљубието. Овие осумдесетмина отстапници не се свесни дека правдата, навидум колку и да е слаба, на крајот секогаш победнички триумфира. Единственото нешто што ќе го заработат од трговијата со светињата и од примената на насилството е народната осуда и вечното проклетство.

Неправдата врз послабиот и незаштитениот, на насилникот и на неговите најблиски, им носи несреќа и илјадагодишно проклетство.

Паметиме што зборуваа пред да бидат избрани Елизабета Канчевска Милевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и останатите одметнати пратеници на ВМРО ДПМНЕ, а сега ја гледаме нивната бламажа и бесрамност. Кога градеа кариери врз грбот на нивните поддржувачи, имаа однесување на лавови, а кога малку им се приближија хиените, добија облик на инсекти.

Во какво ВМРО залутале овие профитери, овие без’рбетни облици на живот? На каква, пак, лева опција се наследници пратениците од СДСМ, кога без никаков срам тргуваат со придобивките на АСНОМ? Зарем заборавиле на неброените жртви од првата половина на 20-от век, чии идеали сега безочно ги погазуваат? Од каков материјал се создадени сите овие луѓе, зарем обична вода наместо крв тече во нивните вени? Овие однародени и нечесни пратеници, кои бавењето со јавна служба го користат само за гол профит, од нас, кои им го дадовме мандатот, го заслужуваат единствено нашиот презир.

Ги презираме и отфрламе оние кои работат здружно на нашето колективно убиство и уништување. Оној кој прави неправда и насилие кон слабиот и незаштитениот е проклет за вечни времиња.

Проклет нека биде и тој и сето негово потомство! Македонија и македонскот народ ќе живеат вечно. Вечно ќе ги паметиме хероите и нивната несебична жртва и вечно ќе ги држиме во проклетство одродниците, плашливците и насилниците. Во овие тешки моменти за македонскиот народ и за македонската држава се потсетуваме на стиховите од нашиот славен преродбеник Глигор Прличев, кој за одродниците го напишал следново:

„Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана, погледнал на сино небо, љуто прок’лнал. Ох! Послушај милиј Боже! Аир никогаш да немаат Стамче Беј и Бујар Лигдо, Пејко Челеби! Милостивиј Бог послушал, патричка горешта клетва, слава нивна, семе нивно, погубил со шум. И сега во куќи нивни, ткае пајак пајажина и во пусти стреи нивни хукат утови“.

Го повикувам сиот македонски народ, а посебно нашата македонска младина, без страв и одлучно да го кренат својот глас во одбрана на нашата света македонска земја. Пратениците, и од левицата и од десницата, од длабочината на мојата душа ги повикувам да не го оцрнуваат своето срце и со делата на своите раце да не нанесуваат вечен срам и проклетство на нивните поколенија.

Функциите се стекнуваат, но и завршуваат, па немојте да бидете запаметени како генерација која се откажала од нашето свето македонско име.

Бог нека ги благослови сите оние кои ќе ги издржат сите налети на нечестивиот и кои преку непокор и со силата на својот дух ќе се изборат за опстојот и благосостојбата на Света Македонија и на нашата Света Македонска православна црква.

МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ
†Агатангел (Станковски)

Стоилковски: Власта врши жесток притисок врз пратеници, нивни роднини и пријатели, за да ги поддржат уставните измени

Македонија е жртва на личната желба за спас на политичката кариера на Зоран Заев. Тоа значи заштита на криминалот на власта, тендерите и нивните бенефиции. За Македонија, значи погазено достоинство, сменето име, сиромаштија и беда, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Стоилковски вели дека ако минатите месеци бевме сведоци на насилно туркање на уставните измени, денес насилството засилува и кулминира.

-Изминатите 24 часа власта врши жесток притисок врз пратеници, нивни роднини и пријатели – за да ги поддржат уставните измени. Имаме неформални сведоштва од луѓе, чиј што идентитет од разбирливи причини нема да го откриеме, за јавувања од посредници кои што се повикуваат на Зоран Заев. Во игра се пари, ветувања за ослободување од политички прогон, за возврат за поддршка на уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија, нагласува Стоилковски.

Тој посочува дека Македонија станува окупирана држава од луѓе кои што се на власт и на сила го менуваат името!

-Според непотврдени информации, дел објавени од медиумите, поранешни функционери од нашата партија, уценети со случаи дел од политичкиот прогон, под закана за нивната слобода, се ставени во функција да убедуваат со јавувања по пратеници нивни роднини и пријатели. Против овие луѓе кои што сега се притиснати да работат за Зоран Заев има конструирани обвиненија и судски случаи. Сега оние кои што не издржаа, на овој начин се борат за свое опстојување на слобода. Но сепак, Македонија е поважна, побитна од било чија лична судбина. Затоа ги повикуваме да не ги прифаќаат насоките и да ги ослободат од притисоци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои што веќе донесоа одлука да не учествуваат во насилната промена на Уставот, вели партискиот портпарол.

Стоилковски додава да не му се дава ветер во грбот на Зоран Заев кој паѓа во сопствената жива кал.

-Да ја ставиме Македонија пред личниот интерес. Државниот интерес пред партискиот, да ја ставиме Македонија на прво место. Државата е погазена, институциите се згазени. Заев е уплашен човек кој што почнува да губи, вели портаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: “Борко Ристовски и ракометните лавови со сонцето од Кутлеш до нови победи!?”

За еден час репрезентацијата на Македонија го започнува шестиот настап на светските првенства.

Натпреварот против Јапонија започнува во 15:30часот, а еве како се загрева министерот за одбрана Борко Ристовски:

Ќерката е таа која секогаш ќе ви ја отвори вратата: Поучна приказна што ќе ви ја стопли душата

По свадбата на еден млад брачен пар, на првиот ден од нивниот заеднички живот младенците одлучиле никому да не ја отвораат вратата од нивниот дом, со цел да си посветат повеќе внимание еден на друг. Тој ден направиле договор – не се отвора вратата за никој по никоја цена – ќе бидат сами првиот ден од бракот!

На тој ден прво дошле родителите на мажот – сакале да ги видат синот и снаата. Затропале на вратата зад која биле сопружниците, но никој не им отворал.

Затропале повторно – мажот сакал да ја отвори вратата, се двоумел, но поради цврстиот договор кој го направија со жената – не ја отворил вратата, а родителите видоа, невидоа тажни си заминаа.
Набргу потоа повторно некој затропал на вратата – овој пат биле родителите на жената.

Младенците повторно стоеа зад вратата и се гледаа додека ѕвоното ечеше низ куќата. Жената го прегрна мажот и со солзи на очите му шепна – Не можам ова да им го направам на моите родители- и ја отворила вратата. Сопругот не кажал ништо.

Поминале неколку години и тие добија 4 сина, а петтото дете беше девојче. Таткото, за раѓањето на синовите прославил, но за раѓањето на ќерката направил невидена забава – ги поканил сите што ги познава и потрошил неброени пари за забавата.

Подоцна таа ноќ неговата сопруга го запрашала што е причината за таквата голема прослава за ова бебе додека за 4 сина претходно имале поскромни забави? На тоа сопругот и одговорил со една реченица – бидејќи таа е таа која ќе ми ја отвори вратата еден ден.

Eфто Пупиноски револтиран на охриѓани: “Oхриѓани што луѓе ќе бевте…Никогаш не сте биле мои”

Ефто Пупиноски еден од нашите најпопуларни фолк пејачи кој низ целиот Балкан се прослави со незаборавната “Лихнида кајче веслаше”, песната која на српски јазик ја испеа легендарниот Мики Јевремовиќ, и песна која Охрид го слави на свој начин, деновиве “без влакно на јазикот” отворено им се обрати на охриѓаните. Еве, што многу емотивно вели Ефто, а вие самите проценете (особено охриѓаните бидејки ним директно им се обраќа) дали е во право или не:

“САМО КОЛКУ ДА СИ КАЖЕМЕ
Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето.
Охриѓани мои, ја знаете ли песната Катино моме катинке? Значи ја знаете – добро.
Ја знаете ли песната Прости ми душо моја? О да, ја знаете – одлично!
А ја знаете ли песната Туѓа си бескрајно? Ја знаете и таа, извонредно.
Велите овие песни ги знае и старо и младо.

А го знаете ли балканскиот хит Лихнида кајче веслаше, каде што се збпорува за Охридското езеро?
А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте?

На тој ваш плоштад во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно.

Помина скоро пола век,а вие не ја разбравте вредноста на таа „ЛИХНИДА“.хитот кој ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот кој само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислиете, јас не ви се лутам. Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа „охриѓани мои“ е грешка. Никогаш не сте биле мои”.

АЈДЕ МОМЦИ! Македонија денеска го стартува шестиот настап на Светските првенства

Македонија попладнево ќе има шеста увертира на Светските ракометни првенства, сите под водство на различни селектори. По дебито во 1999 година под водство на Драган Нишевиќ, во 2009 година со Илија Темелковски, во 2013 година со Звонко Шундовски, во 2015 година со Ивица Обрван и во 2017 година со Лино Червар, „црвено-жолтите“ влегуваат во нова мундијалска авантура со Раул Гонзалез. Ривал е Јапонија од 15.30 часот во „Олимпијахале“ во Минхен.

Шпанскиот стратег, кој пред две години го предводеше Вардар до сензационален триумф во Лигата на шампиони, во Германија поведе 18 ракометари, од кои двајца испрати на трибини за денешниот дуел, со еден од двата азиски претставника во групата Б. Официјалниот протокол ќе биде без голманот на Стразбур, Златко Даскаловски и кружниот напаѓач на Металург, Милан Лазаревски.

Покрај нив двајца, дебитанти на СП во ростерот на „ел команданте“ се и Горан Крстевски, Филип Чурлевски, Марио Танкоски и Мартин Серафимов. Во селекцијата по подолго време ги нема дел од досега стандардните како Никола Маркоски, Немања Прибак, Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, а нејзин лидер останува Кире Лазаров кој е единствен кој играше на првото СП во Египет и ќе игра и на тековното во Германија. Тој е главен адут во тимот и покрај возраста (38 години) и сè уште е најдобар стрелец на Светските првенства со 92 гола, рекорд што го влече од 2009 година во Хрватска. Три години подоцна постигна најмногу погодоци (61) и во Србија што го прават рекордер и на Европските првенства.

Македонија е фаворит во пресметката со Јапонците и се друго освен победа ќе претставува изненадување. Првото коло во групата Б ќе биде комплетирано со дуелите Исланд – Хрватска од 18 часот и Бахреин – Шпанија од 20.30 ч.

Светското првенство почна вчера со убедливи победи на ко-домаќините на турнирот. Германија во Берлин славеше над заедничката селекцијата на Кореја со 30:19, Данска во Копенхаген си поигра со Чиле за убедливи 39:16 на крајот.

Титулата на СП 2019 ја брани Франција чија селекција ќе атакува на хет-трик на мундијалите. „Триклорите“ во финалето во 2017 година како домаќини ја поразија Норвешка со 33:26, а позлатеа и во 2015 година по триумфот над Катар, организатор на турнирот, со 25:22.

Освојувачот на СП ќе осигура директен пласман на олимписките игри во Токио во 2020 година додека селекциите од второто до седмото место ќе играат квалификации за најголемиот светски спортски настан наредното лето.