дома блог страница 3231

Видео: “Прилеп е град во Северна Македонија благодарение на СДСМ??”

Овие пратеници ни го сменија името

По дводневно тактизирање Заев обезбеди двотретинско мнозинство потребно за изгласување на уставните измени.

Од присутните 81 пратеници, сите се изјаснија „ЗА“ со што Република Македонија стана Република Северна Македонија.

Еве кои пратеници гласаа за промена на името:

Портпаролот на СДСМ: “Успеавме радувај се Македонијо! А, заборавил дека е веќе Северна?”

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил објави статус во кој ги повикува македонските граѓани да се радуваат поради успехот со промената на името.

УСПЕАВМЕ!!! Радувај се Македонијо! Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ! Пишуваме историја, генерациите сегашни и идни ќе бидат горди на нашите одлуки, напиша Костадинов.

“Мајмуни Прилеп”: “Души изроднички! Не предадовте!”

По гласањето за промена на државното име, со своја реакција излегоа и од навивачката група “Мајмуни” од Прилеп.

Еве што напишаа:

“11.01.2019 година. Петок. Црн петок. За нас, Македонците, македонските граѓани и нашата мила напатена мајка Македонија. 81 пр(л)атеници ја погребаја, ја разнебитија, ја изгореа, ја продадоја нашата држава. Нашата една и единствена држава која ни беше оставена од дедовци и прадедовци, која беше децении и векови низ крв и солзи пролеана за да биде зачувана.

За која многу мајки синови изгубија и многу деца татковци изгубија. Како ќе излезете пред народот вие предавници на сопствениот народ? Како ќе легнете и ќе заспиете мирно знаејќи дека ќе бидете запишани и обележани во историјата како противници и предавници на својот народ.

Македончето од секогаш страдало од своите. Не пониживте, на колена не паднавте, не обесправивте. Со сила ни наметнавте друга држава, со друга историја, друг јазик, друг идентитет. Денес се чувствувате безбедни и успешни, но кармата е курва. Ќе дојде ден кога ќе ви суди народот, македонскиот народ, оној од кого денес се одрековте. За пари и функции себе си се продадовте, најмилите си ги продадовте. Целиот народ го продадовте. Души изроднички. Не предадовте. Предавството НЕ го ПРОСТУВАМЕ.

Браќа и сестри Македонци, да се сплотиме, да се успокоиме, да се обединиме. Тешко е сега, боли, корни, но ќе успееме. Од денес, секој оној кој се дрзна да го притисни тоа копче кое беше погубно за сите нас, е наш вечен непријател. Запомнете, после дожд секогаш доаѓа сонце и после овие црни облаци кои ја навјасаа Македонија повторно ќе изгрее сонцето на слободата.

Ние Македонците имаме само една и единствена држава,а тоа е #РЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА и не признаваме и не познаваме ни една друга било која татковина”

Почнаа на aпсaт? Предмалку без причина уaпceH раперот од дуото „Пука Козметика“ (Видео)

Предмалку пред Собранието на Р.Македонија бил уaпceн раперот Дарко Масларковски кој мирно протестирал против промената на името.

Додека протестирал, раперот пренесувал во живо на фејсбук.

Видеото погледнете го во продолжение:

Се јави и македонската икона: “Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават!!! Срам да ни е на сите”

“Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!

Срам да ни е на сите….

За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!”, напиша Стојанче Стоилов на својот Фејсбук профил по промената на државното име.

Oсмани на Фејсбук: “Успеавме”

Пратениците со двотретинско мнозинство вечерва во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен и Уставниот закон за спробведување на амандманите.

Промената на името на државата во Република Северна Македонија го прославија и Бујар Османи и собранискиот спикер Талат Џафери.

Османи на Фејсбук објави фотографија на која напиша “Успеавме”.

Владата ни ја честита Република Северна Македонија

Владата на Република Македонија им честита на сите граѓани и на сите пратеници за преземената одговорност со која, потенцираат, на земјата и се отвораат вратите за НАТО и ЕУ.

Граѓаните на Република Македонија, преку нивните претставници во Собранието, вечерва, со прифаќањето на уставните измени, напишаа ново, историско поглавје на нашата државност. Тоа е чин кој оддава државничка одговорност и силен патриотизам зашто ги прави апсолутно остварливи двата најголеми државни интереси – членството во НАТО и ЕУ. Пратениците, имајќи го предвид врвниот интерес на граѓаните, гласаа за договор кој овозможува меѓународно интегрирање и признавање на нашата земја како суверена држава, со целосно потврдување на идентитетските посебности на Македонците и на сите граѓани на земјата, порачуваат од Владата.

Остварувањето на овие придобивки, нагласуваат, дојде преку прецизирање на името на нашата држава со географската одредница – Република Северна Македонија.

При тоа, македонскиот јазик ќе биде меѓународно признат во сите сојузи. Нашата химна, нашето знаме – остануваат исти и заштитени. Нашето државјанство ќе биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија. Денеска отворивме нова, светла перспективна иднина за сите граѓани на нашата земја, за доброто на нашите деца. За мирна, безбедна земја, каде што Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други етнички заедници ќе живеат подобар и просперитетен живот, посочуваат од Владата.

Владата на Република Македонија, потенцираат, изразува благодарност до сите граѓани и до сите поддржувачи и партнери на земјата, за големата и значајна поддршка низ целиот процес на прифаќање на Договорот од Преспа, со кој се обезбедува иднината на државата како рамноправна членка на НАТО и ЕУ.

Предавници” ечи пред Собрание: Народот извикуваше „предавници“

Извикувајќи „предавници“, граѓаните пред Собранието во моментов протестираат против уставните измени додека во парламентот на Република Македонија се одвива 75-та седница на која треба да се изгласаат уставните измени со цел промена на уставното име.

Пред законодавниот дом има огромно полициско присутство, а од импровизираната бина се читаат имињата на сите 80 пратеници кои треба да гласаат за уставните амандмани и прифаќање на Договорот од Преспа.

Протестот пред Собранието против уставните измени започна во 12 часот во организација на здруженијата „Македонија блокира“ и Единствена Македонија.

Извор: “Инфомакс”

Мицкоски ќе им се обрати на граѓаните во 19:30 часот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во 19:30 часот ќе им се обрати на македонските граѓани.

Порталот КУРИР на својата Фејсбук група, неговото обраќање ќе го пренесува во живо.