дома блог страница 3230

Уставните измени денеска во Службен весник

Уставните измени за Договорот од Преспа што беа изгласани вчера во Собранието денеска треба да бидат објавени во Службен весник на РМ по што, според премиерот Зоран Заев, на почетокот на следната недела македонското Министерство за надворешни работи ќе испрати нота до грчкото МНР за да ги известат дека е завршен процесот.

– Верувам дека уште на почетокот на идната седмица со објавувањето во Службен весник денеска на донесените вчерашни одлуки ќе ја испратиме нотата од нашето МНР до МНР на Грција да знаат дека е завршен нашиот процес. Веднаш после тоа тие влегуваат во нивниот процес за ратификација на Договорот, а веднашп после тоа и за ратификација на протоколот за членство во НАТО. Со тоа стапува во сила Договорот од Преспа. Следува нашата обврска да пуштиме писмо до сите земји во светот за одлуката што ја донесе македонскиот Парламент, тоа е дел од обврската од Договорот и тоа ќе го направиме, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Според него, за стапување во сила на уставните измени не е потребен потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Тој во неколку наврати го користеше името Република Северна Македонија иако уште не е стапен во сила Договорот.

Ова е “европскиот рај”: Во овие држави просечната плата е 3.000 евра

Највисоки просечни плати во Европската Унија имаат работниците во Данска и Луксембург, додека најниската плата е во Бугарија.

Ова се резултатите од истражувањето на економистот Реинис Фишер, кој често објавува економски анализи, пренесува balkans.aljezeera.net.

Според анализата која беше објавена на крајот од декември, просечните плати во Данска и Луксембург изнесувале над 3.000 евра месечно.

По овие држави следат Шведска, Финска и Ирска, каде просечното месечно примање е околу 2.500 евра.

Жесток скандaл го раздрма англискиот фудбал! Познатиот фудбалски експерт ја шпионирал екипата на Лампард

Менаџерот на Лидс, Марсело Бјелс, призна дека испраќал луѓе да ги “шпионираат” тренинзите на Дерби во пресрет на 27-то коло на Втората Англиска лига.

Лидс во петокот го совлада Дерби со 2-0 и се зацрврсти на лидерската позиција. Екипата на Дерби ја предводи легендарниот Френк Лампард.

Меѓутоа, по утакмицата главна тема не беше победата на Лидс, туку срамното однесување на менаџерот на тој тим и неговите соработници.

Фудбалскиот сојуз на Англија започна истрага во врска со наводите дека член на стручниот штаб на Лидс бил забележан дека сумливо се однесува за време на тренингот на Дерби. Тој бил фатен со двоглед, резервна облека и клешта која ја искористил за да провали во комплексот.

Ова е првиот човек на рускиот претседател: Се “тресат” сите од Чеченија до Сирија штом се спомне неговото име

Откако Русија, Иран и Турција постигнаа договор за создвање на “зона за деескалација” на судири, контингентот на воена полиција е значително зголемен.

Додека Русинот, Рамзан Кадиров е повторно во центарот на вниманието на медиумите, бидејќи наводно водел одвоени преговори со челниците на арапските држави за неговото учество во сириската вoјна. Каква улога би можел да одигра чеченскиот лидер?

Не е тајна дека Рамзан Кадиров е многу угледен меѓу заливските шеици. Минатото лето во Саудиска Арабија беше гостин на кралското семејство, а саудиските власти го пуштија во собата на Мухамед, која е затворена за сите, освен за посебни гости.

Кадиров стана и личен пријател со многу арапски лидери, вклучувајќи ги и оние кои се блиски американски сојузници.

Овој човек е вистинско чудо: Има 52 години и сеуште професионално игра фудбал – Јапонската легенда и најстариот фудбалер во светот

Легендата на јапонскиот фудбал и 52-годишниот Казијоши Миура го продолжи договорот со Јокохама.

Миура очигледно не сака во пензија. Реши да ја одигра и 34-та професионална сезона.

Казијоши е роден во 1967 година. Уште како дете се заљубил во фудбалот, а на шест години започнал да игра во локалниот клуб. Кога наполнил 15 години решил да го напушти школото и да се посвети на фудбалот. Негова желба била да стане професионален фудбалер. Ги спакувал куферите и заминал во Бразил да го оствари својот сон.

Заиграл за Сантос, Палмеирас и Кортиба пред да се врати во Јапонија. Верувале или не, неговата кариера сеуште трае бе прекин од 1986 година.

Во Европа играл за Џенова и за Динамо Загреб. Настапувал и за Сиднеј, а и покрај тоа играл за футсал селекцијата.

Мицкоски: Заев предвреме ја преименува сопствената татковина, на се уште нестапен во сила договор

Исто како и мнозинството граѓани, така и јас, со чувство на мака, го проследив пресот на Зоран Заев. Само Зоран Заев, политичар аболиран за тежок криминал, кој влече сериозни хипотеки зад себе, може да прославува и да се гордее што го променил името и идентитетот на сосптвената земја, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Само Зоран Заев кој се колнеше во татковци и дедовци дека немал да го чепка вековното име, може да се гордее и да се обраќа како премиер на нова земја, Северна Македонија. Само Зоран Заев кој ветуваше дека македонскиот Устав бил европски, може да се фали со притисоците, заканите и непринципиелните пазарења со кои ја погази јасно изразената волја на граѓаните на референдумите од 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година. Зоран Заев денес и предвреме ја преименува сопствената татковина, на се уште нестапен во сила договор. Срамота, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, му порача на Заев дека Македонија денес не слави, туку е завиена во црно.

-Македонија е завиена во црно бидејќи вие продадовте, погазивте и уништивте се. Ова што вие го направивте има само еден збор, предавство и кариеризам. Залудни се фалбите и изнасилените насмевки, зарипнатио глас од славјето во кое ниту тој, ниту неговите најблиски соработници не веруваат. Залудна е лажната еуфорија и стакленото ѕвоно кое го креираат. Чаламот на власт не го покрива срамот со промена на името и идентитетот. Човекот треба да сфати дека никој не го сака, никој не му верува, но и се поголем е бројот на луѓе кои веќе не му се плашат. Зоран Заев готов си, сите тоа го знаат, а набрзо и ти ќе го дознаеш. Оваа влада беше за едно прашање и тоа прашање го решивте катастрофално, преку промена на името, идентитетот, јазикот, историјата, култирата, образованието, промена на се што е македонско. Овој рок и оваа задача завршува, вели Мицкоски.

Поздрав до северџаните од Милошоски: Хаир никога да немат Стамче беј и Бујар Лигдо, Нејко челеби!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски го коментира изгласувањето на уставнте измени со стихови од великиот Григор Прличев.

Глигор Прличев за оние што го предаваат достоинството на поколенијата и ја силуваат вољата на народот:
“Тога грмкиј плач народен небо процепил.
“Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Нејко челеби!”
Милостивиј Бог послушал патричка горешча клетва; Слава нихна, семе нихно погубил со шум. И сега во куќи нихни ткае пајак пајажина, И на пусти стрехи нихни хукат хутове.”

(Видео) Ќе излезеш од Балканот, но Балканот не излегува од тебе: Еве како Златан се релаксира после тренинг

Еден од најдобрите светски фудбалери, Златан Ибрахимовиќ со оваа песна се релаксира по напорниот тренинг.

Популарниот Ибра ги собра сите симпатии од регионот.

На социјалната мрежа Твитер, Ибрахимовиќ објави видео од соблекувалната на кое може да се види како по напорниот тренинг се подготвува за дома.

Вистински хит е песната со која Златан се релаксира по напорниот тренинг.

Денеска ja славиме Света Анисија: Сите девојки и жени кои имаат неисполнета желба да направат една работа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 декември.

Св. маченичка Анисија.

Анисија беше родум од Солун. Потекнуваше од угледен и богат род. Родителите и беа побожни луѓе и добро се погрижија околу нејзиното воспитание; уште од младоста таа многу го засака Бога. Набргу умреа нејзините родители и таа го наследи нивното огромно богатство. Но, таа не дозволи богатството да и го одреди животот, па распродаде се и почна да им служи на бедните, затворените, болните и на сите што се наоѓаа во некаква мака. Света Анисија пострада од еден разбеснет војник кога одби да им принесе жртва на идолите. Тоа се случи во 298 година.

За овој ден се врзуваат верувања кои вела дека сите девојки кои сакаат живот исполнет со среќа и љубов, да одат до црква, искрено и длабоко да се помолат на Светата маченичка Анисија, а преданијата велат дека оваа светителка ќе им ја исполни секоја желба.

Пожарникарите го пронашле безживотното тело на 69-годишниот прилепчанец

Синоќа во Прилеп, во населбата Точила, 69-годишниот прилепчанец В.М. бил пронајден мртов во својот стан. Соседите и жената, која го чистела неговиот стан, загрижени бидејќи неколку дена го немале видено ги повикале неговите роднини. Тие откако не успеале да влезато во станот ги алармирале надлежните служби.

Пожарникари, со одобрение на полицијата, со помош на корпа влегле во станот, на 4-тиот спрат, преку терасата кршејќи ја вратата која била заклучена. В.М. го пронашле. Смртта ја констатирала екипата на Итната помош од Прилеп. А на лице место излезе и дежурен јавен обвинител.