дома блог страница 3229

Денеска е Преподобна Меланија Римјанка – заштитничка на жените и девојките

Македонската православна црква денот го посвети на споменот на Преподобна Меланија Римјанката.

Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен млад човек Апинијан. Кога го роди второто дете таа се разболе и му рече на мажот ѝ дека ќе може да оздрави само ако тој се заколне пред Бога дека во иднина ќе живее со неа како брат со сестра. Мажот и се заколна, а таа од духовна радост и телесно оздраве. Потоа Му беше угодно на Бога па им ги зеде двете деца, а тие се решија да го распродадат сиот свој имот и да им го раздадат на сиромасите, на црквите и на манастирите.

Многу патуваа по странските земји и градови вршејќи добри дела од своето богатство. Ги посетија прочуените духовници во Горен и Долен Мисир и од нив многу се научија и се вдахновија. За сето време Меланија се подвзиуваше во строг пост, срдечна молитва и читање на Светото Писмо. Имаше обичај секоја година трипати да го прочита целото Свето Писмо, Стариот и Новиот Завет. Со мажот живееше како со свој брат и соподвижник. Кога дојдоа во Александрија, зедоа благослов од Св. патријарх Кирил. Потоа заминаа за Ерусалим и се населија на гората Елеонска.

Овде Меланија се затвори и целата се предаде на богомислие, пост и молитва. И така проживеа четиринаесет години. Потоа излезе да им послужи на другите на патот кон спасението. Основа машки и женски манастир. На покана од својот роднина сенаторот Волусијан, незнабожец, појде во Цариград и го обрати во верата Христова (иако претходно блажениот Августин не успеа во тоа). Потоа повторно се врати на Елеонската Гора и таму се упокои во Господа во 439 година, во педесет и седмата година од нејзиниот живот.

Иако имала тежок живот полн со проблеми и тага, Преподобн Марија останала истрајна во својата вера и љубов кон Бога. Порди тоа денес се зема за заштитничка на сите оние кои животот ги ства пред тешки одлуки теститајќи им ја волјата.

За да од се излезат појаки и со цврста вера, секој кој ќе се нјде во невоља на денешен ден би требало оваа светителка да ја замоли за помош и милост.

Исто така Света Меланија Римјанка важи за заштитничка на жените и девојките. Молитвите кон неа и Богородица, народот верува, ќе и донесат здравје и љубов на секоја дама.

Видео: “Македонци!! Лавови!! Херои!! Погледнете”

Македонските лавови за еден час го играат вториот дуел на Светското превенство во ракомет.

Од 14:00 Македонија атакува на втора победа во групната фаза против Бахреин за максимални бодови после првите два натпревари.

Пред дуелите со Шпанија, Хрватска и Исланд, за црвено-жолтите се’ oсвен триумф со Бахреин ќе биде рамно на неуспех.

Еве каква е атмосферата во нашата репрезентација:

“Експрес.мк”: Youtube ги брише песните означени како “Македонски” (Macedonian)

Најпополарниот видео сервис на интернет започна да брише песни кои што во насловот или во таговите го има зборот македонски или macedonian – oбјави порталот “Eкспрес.мк”

Според Youtube причина за бришењето на македонските песни е пријава за авторски права од голем број корисници на видео сервисот.

Предходно грчката дијаспора најави дека согласно преспанскиот договор ќе бара од сите сервис провајдери на интернет да ги брише материјалите во кои корисници од земјава го користат зборот Македонски.

Некои од песните како Бисер Балкански имаат по десетина милиони прегледи а авторите се починати што укажува на можност дека не се работи за класичен авторски спор туку за политичка акција врз база на Преспанскиот договор.

Панос Каменос ја напушти Владата на Ципрас

Министерот за одбрана, Панос Каменос, водач на помалиот партнер во грчката владина коалиција, поднесе оставка, наведувајќи ги како причина разликите со премиерот Алексис Ципрас во врска со договорот за името на Поранешната Југословенска Република Македонија – пренесува “Катимерини”.

Каменос поднесе оставка по состанокот утрово со Ципрас.

“Прашањето на Македонија не ми дозволува да не ја жртвувам канцеларијата … Ја отфрлам мојата поддршка за владата. Независни Грци ја напуштаат владата”, изјави тој за новинарите по состанокот.

Каменос ќе одржи прес-конференција за неколку минути.

Еве како ќе изгледаат личните карти за албанските граѓани

На Фејсбук страната на Движењето Беса, постирана е „фотошоп“ верзија на тоа како во иднина би изгледала лична карта на Албанците во „Северна Рпублика Македонија“ со кусо објаснување какви придобивки обезбедило оваа партија во преговорите со премиерот Зоран Заев.

1. Загарантирано државјанство за Албанците.

2. Во личните карти ќе има графа на етничка, албанска припадност.

3. Албанската дијаспора од Македонија ја воведовме во уставот.

4. Ние не го затворивме поглавјето за правата на Албанците.

5. Движење Беса ја запечати иднината на Северна Македонија во НАТО.

Интересно е дека државјанството – македонско ќе биде напишано на албански, а ќе има и посебна графа за етничката припадност, нешто што во сегашните лични карти – го нема.

Македонските лавови денеска атакуваат на втората победа на Светското првенство

Новиот ден на Светското првенство ќе биде отворен исто како и во петокот со натпревсарот на Македонија. Пресметката против Бахреин ќе биде старт на убав ден во Минхен каде очекувањата се Македонија да дојде без поголеми проблеми до втората победа и на тој начин да влезе во клучните пресметки со две победи.

Денеска дербито е меѓу Шпанија и Исланд од 19 часот, а тоа ќе биде двобој кој ќе биде од големо значење за продолжението од групата. Што се однесува до средбата Хрватска-Јапонија тука не би требало да има поголеми проблеми за „коцкестите“.

Во групата Д, пак, двете репрезентации од Европа се фаворити за победа, а Египет може да ја искористи лошата форма на Катар и да се обиде да дојде до бодови во првиот дуел.

Прилепчани мислевте дека ви заврна многу снег? Погледнете како е затрупана Битола (Фото галерија)

Прилепчани мислевте дека ви заврна многу снег? Погледнете како е затрупана Битола:

“За ОЈО поинтересни се НВО од наводите за злoупoтpeбa и снимките во Тутунски комбинат??”

Во текот на вчерашниот ден од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп одржаа прес-конференција на која пренесоа наводи за криминал во “Тутунскиот Комбинат” Прилеп и го повикаа Основното јавно обвинителство да реагира и да отвори истрага за овие информации.

Во продолжение интегрален текст од одржаната прес-конференција:

“На расипничкото владеење од СДС му нема крај. Се што фатија, се упропастија. Погубните политики како на централно, така и локално ниво, даваат катастрофални резултати, кои удираат по џебот на обичниот народ, додека некои се богатат преку ноќ на нивната мака. Имено, пред извесно време на еден интернет портал, беа објавени документи во кои се гледа бруто биланост по партнери од страна на Тутунскиот комбинат Прилеп.

Па така според објавените документи од овој интернет портал, на првата страна се гледа како Тутунски комбинат Прилеп на ДМ КОЛОР МИКС ДООЕЛ Прилеп, му исплатил наводно над 1 милион и 400.000 денари, пришто во десниот агол од документот е испишано дека оваа сума била потрошена за боја, кнауф и поликолор.

Во наредниот документ, е наведена сума од 54.000 денари кои комбинатот му ги исплаќа на ресторан Чифлик, сума потрошена за угостителски услуги, што укажува за недомаќинско работење и непотребно трошење на парите.

Во следниот документ овој портал објавува дека Тутунски комбинат на Порше Македонија ДООЕЛ за сервис на ауди 8, без тендер, му исплаќа сума од 422.734,00 денари.

Во следниот документ, комбинатот за обезбедување на парнерот Бригада му исплаќа огромна сума од над 800.000 денари, при што во документот од овој сајт е наведено дека оваа сума е исплатена за 22 лица, и покрај фактот што биле пријавени 18 лица, па така разликата од 4 лица отвора сомнеж за можен криминал и злоупотреба.

Во друг документ, наведено е дека на Уни Атлас, за набавка на компресори му се исплатени речиси 70.000 евра, при што напишано е дека се прикажани 30.000 евра, за да нема тендер и да се изврши набавката без тендер.

На последниот документ објавен на сајтот, е наведено дека за кров без објавен тенедер, од Комбинатот на Градба Јасен Прилеп му се исплатени над 3 милиони и 900.000 денари.

Прашуваме, дали се вистинити наводи изнесени во документите објавени на овој интернет портал? Ова ли е домаќинското работење кое владата предводена од СДСМ го ветуваше пред граѓаните? На ваков ли начин се води грижа за успешно и функционално работење на комбинатот, кој пропаѓа со секој изминат ден? Бараме од одговорните лица во комбинатот да се произнесат околу овие документи кои пред извесно време осамнаа на интернет просторот.

Исто така, сакаме да ја известиме јавноста дека поседуваме видео материјал кој алудира на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на најтесното раководство на комбинатот. Го повикуваме ОЈО, во рамките на своите законски надлежности, по допрен глас да ги провери изнесените наводи во документите објавени на интернет поратлот, се со цел да испита можен криминал, можна злоупотреба, која се одразува на штета на комбинатот, а во корист на поединци поврзани со раководството на истиот.

Воедно му стоиме на располагање доколку се охрабри да покрене постапка, да го доставиме и видео материјалот. Одговорност за ваквото расипничко работење мора да има и ќе има. Само така Македонија ќе продолжи да оди напред!”

Лажна порака се шири на Фејсбук – дали добивте вакво известување

Кај одредени Фејсбук корисници ширум светот почна да кружи порака во која тие се предупредуваат дека нивните фотографии, разговори и податоци ќе бидат изложени пред јавноста.

Од Фејсбук велат дека оваа информација е лажна и поради тоа веќе од утре ќе почне со испраќање предупредувањa кон корисниците за да ги извести за тоа.

Во лажната порака се наведува дека сите информации на корисниците, заедно со сите претходно објавени фотографии и разговори, ќе бидат изложени на јавноста и Фејсбук ќе почне да ги користи во корист на компанијата, без притоа да бара дозвола од корисниците.

Пораката се шири преку краток текст напишан со правнички речник, кој бара од корисниците да го копираат и објават на нивниот Фејсбук профил за да ја прошират информацијата за да ја видат што повеќе луѓе.

Неодамнешните случувања кои го засегаа ФБ и приватноста на оваа социјална мрежа направија корисниците полесно да ја „проголтаат“ лажната порака и да поверуваат дека компанијата ќе им ги искористи податоците без нивна дозвола. Дури и во случај да сакаат да се заштитат од политиките на работа на Фејсбук, корисниците можат тоа да го направат преку формална правна постапка, а не преку копирање и објавување на порака на нивниот профил.

Утре е Стара нова година, ова никако не смеете да го заборавите!

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар утре ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.