дома блог страница 3228

19-годишно момче од Прилеп создаде ремек дело: Младиот автомеханичар “од корен” создаде off-road возило (Фото/Видео)

19-годишниот Христијан Котески од прилепско Боротино со свои раце и свој труд создаде извонредно Оff-road buggy возило и ја исполни својата желба.

Христијан е автомеханичар по професија, а возилото кое го создаде е вистинска реткост во нашиот крај, особено ако се има во предвид неговата возраст.

Возилото поседува мотор 1.6 и досега е возено на повеќе off-road терени.

Христијан својот автомобил го направил целосно сам, а тоа значи дека не се работи за преправка на некој претходен модел, туку целосно, дел по дел го конструирал и составувал.

Погледнете ги фотографиите во продолжение и ќе сфатите дека се работи за вистинско ремек дело:

ХРИСТИЈАН СЕКОЈА ЧЕСТ!

18-годишен велешанец бил нaтeпaн во Прилеп

На 13.01.2019 година во 01,50 часот во Полициската станица Прилеп Д.П.(18) од Велес пријавил дека на 12.01.2019 година околу 21,20 часот пред угостителски објект бил физички нападнат од неколку лица.

На Д.П. му била укажана лекарска помош во Градската болница – Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најмаска на овогодинешниот Вевчански Карневал: “8-те величенствени” (Видео)

Tрадиционалниот Вевчански карневал и оваа година понуди многу забава и смеа за посетителите.

Промената на државното име и 8-те одметнати патеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени беа дел од сатиричното шоу на вевчанци.

Видеото кое се прошири на социјалните мрежи ја прикажува можеби најмаската за оваа година во Вевчани.

“Оставете ја тагата заради тоа што го немате и научете се да благодарите за она што го имате” – Св. Василиј Велики

Во пресрет на големиот христијански празник Свети Василиј Велики, или Православна Нова година, од манастирот Св. Преображение во село Зрзе, објавија прекрасна фотографија со порака на големиот Светец.

“Оставете ја тагата заради тоа што го немате и научете се да благодарите за она што го имате”.

На Ципрас му фалат шест пратеници: ,,Независни грци“ и опозициската „Потами“ се изјаснија дека нема да гласаат за доверба

Грчките медиуми веќе почнаа со претпоставки кои би биле шесте пратеници кои можат да ја спасат грчката влада, која по повлекувањето на министерот за одбрана и вицепремиер Панос Каменос, е пред паѓање.

Покрај 145 пратеници на владејачката СИРИЗА, за да опстане владата се потребни 6 пратеници кои би гласале во доверба во владата на Ципрас, откако „Независни грци“ и опозициската „Потами“ се изјаснија дека нема да гласаат за доверба.

Пратениците кои се „сигурни“ дека ќе ја поддржат владата се: Папакристопулос, Кантурас, Кокалис, Папакостас, Зурарис и Данелис, истите кои деновиве добија телефонски смртни закани доколку го гласаат преспанскиот договор.

За ова, обвинителството започна истрага.

Меѓу потенцијалните кои би го поддржале Ципрас е и Јанис Саридис но тој неодамна појасни дека нема да гласа за Преспанскиот договор, и ако владата, по средбата на Ципрас со Каменос повика на гласање за доверба, нема да ја поддржи.

Сепак, владините извори не исклучуваат гласови од 152 пратеници за да може владата да продолжи.

Прилепчанка се здобила со пoВpeди при работа во продавница во Охрид

На 12.01.2019 година во 18,00 часот во СВР-Охрид било пријавено дека во продавница на улицата “Дејан Војвода“, Љ.Т.(34) од Прилеп при вршење на работни задачи се здобила со тешки телесни повреди.

На Љ.Т. и била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.

Борко Ристовски со поздрав од Светско: Министерот за одбрана со специјален поздрав на македонската химна!

„Министерот за одбрана”, голманот на ракометната репрезентација Борко Ристовски за време на интонирањето на националната химна пред денешниот меч со Бахреин кажа што мисли за промената на името во Северна Македонија.

Додека ракометарите во досега ретко емотивна состојба ги пееја стиховите од „Денес над Македонија се раѓа” Борко на своето срце со рацето го направи симболот на „Обединета Македонија”.

БРАВО ЛАВОВИ! Македонија стигна до втората победа на Светското првенство

Македонија стигна до втората победа на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Германија и Данска.

Во салата во Минхен, пред нашите момци падна и Бахреин со резултат 28:23, за две од две победи на стартот од Мундијалот.

Со Максимални 4 бода, црвено-жолтите го чекаат вториот потежок дел од групната фаза, каде се сретнуваат со Хрватска, Шпанија и Исланд.

Потсетуваме, првите три репрезентации во групата обезбедуваат пласман во втората фаза на првенството, па уште еден триумф во следните три натпревари ќе биде доволен за нашата репрезентација.

Во составот на Македонија, капитенот Кире Лазаров одново постигна 8 погодоци, Манасков и Кузмановски постигнаа по 4, а по три погодици постигнаа Талески и Поповски.

Веќе утре со почеток од 18:00 часот, Македонија игра против Хрватска, два дена подоцна со Шпанија и на 17-ти го игра последниот дуел со Исланд.

Прилепчани и “Мајмуни” секогаш верна поддршка за Македонија: На трибините во Минхен со гордост навиваат за ракометарите (Фото)

Македонија во овие моменти го игра вториот натпревар од Светското првенство во ракомет кое се одржува во Германија и Данска.

На полувремето Македонија водеше со 12:8 против Бахреин и ита кон втората победа во групната фаза.

На трибините одново верна поддршка е фалангата, а меѓу нив тука се и прилепчаните.

Дејан Стојаноски од Прилеп обоен со националните бои и шал од навивачката група “Maјмуни”, со гордост ги бодри црвено-жолтите .

(ВИДЕО) Градоначалникот на Ѓорче запеа: Ја прослави Северна Македонија со „Ја излези Ѓурѓо“

Луда забава се случува вечерва во ресторан во Дебар Маало, каде високи функционери на владејачката СДСМ хедонистички уживаат во добро расположение – објави порталот “Лидер”

Присутни на забавата, за „Лидер“ сведочат дека се прославувала промената на името а присутните ги забавувал градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој заедно со музичарите им пеел на гостите.

Присутните ни испратија и видео од Наумоски, каде што тој ја пее позната традиционална Македонска песна „Ја излези Ѓурѓо“.

Погледнете: