дома блог страница 3227

Екс директорот од СДСМ на Драмски театар со поддршка на Стојанче Стоилов: “Биди најдобар, тонч да им мавнеш”

Актерот и поранешниот директор на Драмскиот театар, Сашо Тасевски, преку фејсбук статус му даде поддршка на ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов.

“Види вака Стојанче Стоилов, жити богоројца, биди најдобар пикер на првенствово, да им фаќаме сеир како ќе те именуваат на МТВ2. Тонч да им мавнеш”, напиша Тасевски на својот Фејсбук профил.

Во претходен статус тој побара суспензија на уредникот коментатор на МТВ2, за етничка дискриминација на ракометарот Стоилов и поттикнување националистичка омраза, како и оставка на главната уредничка на МТВ2.

“Чекаме и денес јавна осуда и суспензија на уредникот коментатор на МТВ2 за етничка дискриминација на ракометарот Стоилов и поттикнување националистичка омраза. Оставка на главната уредничка на МТВ2 која го заштити својот коментатор изјавувајќи, замислете, дека Стоилов си го заслужил таквиот однос од албанските спортски новинари.
Види уредничке, така можеш на друго место. Ќе си одиш во приватна телевизија со твојот коментатор, па тој таму нека прави политички коментари и националистички испади колку сака, додека пренесува спортски настан. Во МТВ, национален сервис, каде зема плата од наш џеб, од позиција на новинар да шиканира и дискриминира врвен спортист на националната селекција е СКАНДАЛ кој треба бескрупулозно да биде санкциониран. Суспензија за коментаторот и оставка на уредничката на МТВ2, веднаш. Како показна вежба. Стоп за двојните аршини. Пак ги повикуваме, невладините, Хелсиншки, ЗНМ, Агенцијата за аудио визуелни, претставници на владата, да излезат со јавна осуда на коментаторот и да побараат соодветна санкција. Или можеби милувате да се правите на Тошо? Зашто желките од Галапагос се редок вид и мора да се заштитени”.

“Курир”: Продолжуваат нападите кон Стоилов: „Убав број на дрес на гаден човек“

Анита Латифи, поранешна новинарка во МРТ, сега вработена во „ЦИВИЛ“, е новата во низата напаѓачи на Столе Стоилов – oбјави порталот “Курир”.

„Жал ми е за број 5. Убав број на дрес на гаден човек.
Кај бевте да реагирате за негово гнасно однесување пред млади успешни спортисти на кои треба да им е пример?! И пред цела јавност?! Или се согласува(в)те со него?!
Штом не знае кај и со кого живее, ќе треба да му се каже. Браво за Мустафа Адеми!!!“-напиша таа на својот Фејсбук профил.

Нејзиниот пост им се допаѓа на неколкумина новинари Албанци вработени во различни медиуми во Македонија.

Коментаторот на МРТ Мустафа Адеми одбива да го изговори името на ракометарот Стојанче Стоилов. За ова пишуваат и македонските и медиумите од регионот.

Ракометарот е нарекуван “играч со број пет”, а тоа ќе функционира се додека Македонија игра на Светското првенство во Германија. Коментаторот одбива да го каже името на најдобриот ракометар во земјата, бидејќи Стоилов ја напушти церемонијата на прогласување на најдобрите македонски спортисти, кога почнаа на говорница да зборуваат на албански јазик.

“Се раѓа ли нова герила револуција во Македонија?” (Фото)

Непознати лица ја “нападнаа“ зградата на Министерството за култура. Објектот е офарбан со боја и се напишани натписи.

Со црвена боја е напишано и МКД.

КУРИР побара одговор од МВР, каде прашавме дали ги имаат најдено сторителите, дали истите се забележани на камерите од околината и колкава е настанатата штета.

-На 12.01.2019 година во 00:35 часот во ЕИК-Скопје, вработен во Министерство за култура, пријавил дека од страна на непознати лица била истурена боја на влезната врата и фасадата од зградата на Министерството за култура. Се преземаат мерки расчистување на настанот, е одговорот кој МВР го испрати до редакцијата на КУРИР.

Извор: “Курир”

Запознајте го Дејвид, човекот кој секој ден оди на работа со пливање (Видео)

Повеќето луѓе патуваат со автобус, воз или со автомобил – но Бенџамин Дејвид оди на работа пливајки во реката Исар во Минхен.

-Пливам секој ден, некогаш и двапати дневно. Во зима пливам поретко, со костим за нуркање. Користам водоотпорна торба за да си ги ставам потребните работи,кога се затвора се дува и може да се користи и како перниче. Понекогаш луѓето погледнуваат во мене и се смеат, или прашуваат што правам, раскажува Дејвид.

МРТ со соопштение за сkaндaлoт со коментаторот – кој Стојанче Стоилов го нарекуваше како “играчот со број 5”

Откако коментаторот на МРТ2 односно албанскиот канал на МРТ, Стојанче Стоилов го викаше ,,играчот со број 5″ што предизвика жестока реакција кај навивачите на Македонија се огласи и МРТ. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

Согласно тоа сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на однесувањето на некои наши вработени доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс на МРТ, внатрешните правилници и законите во Република Македонија. За среќа, се уште живееме во држава во која МРТ е едно јавно претпријатие кое ги обединува сите програмски сервиси. Напоменуваме дека сите изјави на вработени на МРТ се нивен личен став, а не став на МРТ како јавен сервис. Нагласуваме дека уредниците на програмските сервиси имаат целосна слобода и автономија во уредувачката политика, но таа секако треба да биде согласно законите и етичките и професионални стандарди. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од овој инцидент. Исто така, апелираме да не се злоупотребува името на МРТ бидејќи во овој случај точно е лоцирана индивидуалната одговорност. Да и посакаме успех на нашата ракометна репрезентација и да се обединиме во нејзините успеси.

Татко и ќерка со автомобил слетале во река – мислеле дека нема спас па следело чудо

Автомобил во кој биле татко и ќерка влетал во река во кинеската провинција Хунан.

Водата набрзо почнала да навлегува, па биле заглавени.

За среќа, во близина било момче кое без размислување скокнало во ледената река и се обидел да ја отвори вратата.

Успеал во тоа, а на снимакта се гледа како девојчето му паднало во раце и тој побрзал да ја однесе на брегот.

Веднаш зад нив, од автомобилот излегол и таткото.

Македонци од трибините во Минхен: “Никогаш Северна, Македонија засекогаш” (Фото)

Македонија со одлична игра и не толку тешко помина преку првите две пречки на Светското првенство во ракомет.

Пред нашите момци паднаа Јапонија и Бахреин, а веќе денеска со почеток од 18:00 часот играме против Хрватска.

На вчерашниот дуел против Бахреин на трибините повторно бројна беше македонската фаланга, а дел од нашите навивачи носеа и маички на кои пишува:

“Никогаш Северна, Македонија засекогаш”.

Православните христијани го празнуваат еден од најголемите светци на христијанството – Денеска е Св. Василиј Велики

По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на тој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.

Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Света Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот.

Василиевата баба по татко, Света Макрина била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија, која едвај го преживеала максимилијановотото прогонување на христијаните.

Младоста му поминала во времето на царувањето на царот Константин I Велики (306-337 година). Свети Василиј најпрвин се школувал кај својот татко, кој бил реторичар во Неокесарија. По смртта на неговиот татко во околу 345 година, тој го продолжил понатамошното школување во Неокесарија Кападокиска, каде школски другари му биле Григориј Назијанин и Јулијан Апостата.

Од Кесарија Свети Василиј заминал за Цариград, каде кратко време учел кај елинскиот ритор Ливаниј, а потоа во 352 година заминал во Атина. Таму ја проучувал филозофијата, дијалектиката, реториката, астрономијата и медицината.

За Василиевото образование најдобро сведочи неговата голема ерудиција, која се сретнува во неговите дела, каде големиот познавач на класиката, Фотиј го става во ранг со Платон и Демостен.

Од Атина повторно заминал во Ерусалим каде на триесетгодишна возраст бил покрстен од страна на епископот Максим во реката Јордан и потоа ракоположен за отец во црквата. Според христијанското верување, Свети Василиј го раздадал својот имот на сиромашните и тргнал во 357 година кон Александрија, Египет, Палестина и Месопотамија, учејќи го монаштвото.

Во областа на монаштвото оставил и многу поуки. Зборувал и пишувал прекрасно за покајанието, пороците и добродетелите, смртта и воскресението на душата, спасението. Во Египет останал кај архимандитит Порфитиј каде се задржал околу една година. Потоа го посетил и Ерусалим. Во 360 година бил поставен како ѓакон, а подоцна и како свештеник.

Во 370 година Свети Василиј станал епископ по смртта на Евсевиј. Погледите на заштитниците на Никејската вера се свртиле кон Василија. Против неговиот избор за Архиепископ на Кесраија Кападокијска биле аријанските еретици, бидејќи се плашеле од неговите храбри проповеди и разобличувања.

На оваа должност, според христијанството, Свети Василиј често пати испраќал кон верниците канонски поуки и совети, кои подоцна станале канони за целата црква, изградил многубројни болници, старечки домови.

Мирот во црквата, Свети Василиј не го доживеал и покрај тоа што нему му се препишуваат најголемите усилија за Вториот вселенски собор во Цариград 381 година, каде се донело одлука против сите ереси и раздори против кој Василиј се борел.

Починал на 31 декември 378 година, и свечено бил погребасн на 1 јануари 379 година, ден кога се слави и неговиот помен. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица.

Во црковните богослужби најчесто е нарекуван “пчела на Црквата Христова”, која им дава мед на верните и осило на еретиците“. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота.

Денес именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…

Николоски: “Возможно е Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, а да не се промени Уставот”

Ние и после пропаста не референдумот кажавме дека Преспанскиот договор е политички мртов и празно слово на хартија. Останува да се бориме и да продолжиме да работиме како политичка партија овој договор на крајот на денот е политички мртов, ова во вестите на телевизија Телма при своето гостување го истакна Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги користи сите механизми кои што ни стојат на располагање, а првиот ден кога ќе сме на власт и затоа ги бараме изборите, ќе направиме се, затоа што овој договор за Македонија е воможен. Возможно е Македонија да е дел од ЕУ и НАТО и во исто време да не треба да се промени Уставот, со цел промена на името, тоа е возможно со силна дипломатија и експерти покрај себе. За жал ние имавме 60 експерти ангажирани од Грција, а од другата страна двајца луѓе Заев и Димитров кои што по секоја цена сакаа овој договор, едниот да се спаси од кривичен прогон, другиот надевајќи се на политичка кариера, рече Николоски.

Тој додава дека неповратни процеси во историјата нема и вели дека со согласност на двете држави се менуваат амандманите и се подобруваат истите.

-Се е менливо и минливо во животот и во таа насока мислам дека силна дипломатија пропратена со експерти може да го направи тоа, а паралелно мора да се работи на подобрување на економскиот стандард, рече Николоски.

“Курир”: СДСМ брише се што е македонско: Дарио Николовски наредил бојадисување на два цртежа од студентскиот дом Кузман (ФОТО)

Две соби во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу со години наназад беа исцртани со македонски симболи, како плафонот во едната соба исцртан со сонцето од вергина така и во соседната била исцртана мапа на голема Македонија и фалангата.

Но, откако СДСМ го промени името на Македонија тие решија да го избришат и се она што е национално и македонско обележје.

Па така по многу години наназад од кога стојат цртежите беа избришани со процес на фарбање по наредба на директорот на студентскиот државен дом Дарио Николовски, кој покрај сите проблеми во студентските домови решил да ги бели токму овие две соби.

Извор: “Курир”