дома блог страница 3226

Ова е директорот што ќе оди во затвор доколку го објави Законот за двојазичност?

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека Законот за употреба на јазиците ќе биде објавен во Службен весник со потпис на собранискиот апикер Талат Џафери

Го предупредуваме директорот на Службен весник, Мартин Костовски, дека објавувањето на законот за јазици во Службен весник е кривично дело кое не застарува и за кое се лежи казна затвор и ја носи директно директорот на Службен весник, а потоа и сите инволвирани.

Сите инволвирани ќе сносат одговорност за насилното кршење на законите, процедурите и уставноста при носење на истите закони.

СДСМ уште еднаш ја силува демократијата и го руши правниот поредок во Република Македонија.
Веднаш по промената на името, Владата на СДСМ на незаконски и насилен начин ја прави Република Македонија двојазична држава.

Ова е само уште еден груб и провиден обид на Власта на СДСМ преку носење несуштински работи за албанците, да им се додвори на целиот албански електорат во пресрет на Претседателските избори и да ги изманипулира албанските гласови.
Доколку се искрени во намерите, наместо со носење несуштински работи, треба да се потрудат преку економски политики да ги реалзираат ветувањата кои ги дадоа пред изборите за подобар живот и навистина да им го подобрат животот на албанците во Република Македонија преку отворање нови работни места и се она што ветија.

Но, бидејќи ова им е само обид за додворување на албанците пред изборите преку правење на кривично дело, еден ден кога ќе паднат од власта ќе сносат одговорност пред лицето на правдата и ќе се соочат со предвидените казни кои следуваат за ова дело.

Прилеп од вечерва е официјално двојазичен? Битно Градоначалникот навива за Северна Македонија во Минхен?

Вицепремиерот Бујар Османи кој вечерва е гостин во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно изјави дека Талат Џафери пред 10 минути го потпишал Законот за јазици и очекуваме вечерва или утре да се објави во Службен весник.

Со ова албанскиот јазик станува службен јазик во Македонија. Тоа значи дека, албанскиот јазик ќе се употребува како втор официјален јазик во Македонија.

Извор: kurir.mk

Ќерката на Заев објави фотографија од Германија: Додека Заеви уживаат на скијање, граѓаните на Северна се гушат!

Додека Заев заедно со неговото семејство ужива во зимскиот одмор во елитното туристичко место во Германија, Гармиш Партенкирхен македонските граѓани се гушат поради енормното аерозагадување во Македонија. Ќерката на премиерот, Александра Заева на својот инстаграм објави прекрасна фотографија од зимската идила која таму владее, а ние ќе објавиме фотографија од моменталната состојба на воздухот во родната Струмица на Заев.

Целата јавност е збунета како сите оние министри и градоначалници од редовите на СДСМ не превземаат во борбата против енормното загадување на воздухот. Граѓаните коментираат како не им е јасно што истиот воздух го дишат и децата на сите владини и државни функционери, го дишат децата на сите оние кои не превзимаат ништо против загадувањето. Сепак одговорот зошти ним не ги интересира загадувањето е едноставен, не ги интересриа бидејќи нивните деца не го дишат истиот воздух, децата на државните и партиските функционери на СДСМ поголемиот дел од годината се по одмори и скијање на Аплите каде дишат чист планински воздух, а останатите граѓани се гушат!

Извор: infomax.mk

Eден куп огласи за вработување на наставници во ООУ “Блаже Конески”

Основното општинско училиште “Блаже Конески” од Прилеп, објави низа огласи за вработување на наставен кадар по повеќе предмети.

Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување се бараат наставници по: биологија, двајца наставници по географија, двајца наставници по математика, еден наставник по религиска култура, еден по музичко воспитување, еден наставник по македонски јазик и еден наставник по англиски јазик.

Oгласите се активни до утре, 15.01.2018 година. АПЛИЦИРАЈТЕ!

Фото: “Зимска идила – каде е Прилеп?”

Денешна панорама на Прилеп од планинскиот превој Плетвар.

Каде е Прилеп е главното прашање на овие фотографии?

Новата мерна станица за загаденост на воздухот, која пред Нова година беше поставена на општина Прилеп, вечерва покажува 275 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

“Лидер”: Уредникот на “ТВ 24” Огнен Јанески се пофали со тоалетна хартија со ликот на Трамп (Фото)

Бизарна навредлива порака за Соединетите Американски Држави и претседателот Доналд Трамп – испрати преку својот фејсбук профил главниот уредник на „ТВ 24“, Огнен Јанески – oбјави порталот “Лидер”.

 

Јанески, кој води редакција на телевизија која добива концесија од државата, вели дека му е особено драго што за подарок добил таолетна хартија со ликот на претседателот на САД, Доналд Трамп. На опаковката од таолетната, пишува „President Dump!” или преведено „Претседател ѓубре!“.

-Одличен почеток на денот! Тетка ми Роз од Австралија ми испратила пакетче за Нова Година, во коешто освен што им се радувам на благите работи, радоста за тоалетната хартија со ликот на Доналд Трамп е неизмерна! – напиша Јаневски на фејсбук и во прилог постави фотографија од таолетната хартија.

Јавно искажаниот став на главниот уредник, во медиумскиот бизнис, може слободно да се протолкува како официјален став на медиумот и компанијата. Што значи, „ТВ 24“ отворено завзема реторика против Соединетите Американски Држави кои се стратешки партнер на Република Македонија.

Огнен Јанески дојде на уредничкото место во „ТВ 24“, откако минатиот месец претходниот главен уредник на телевизијата, Младен Чадиковски, стана претседател на Здружението на Новинари на Македонија.

Извор: “Лидер”

Реакција на Русија: Преименувањето на Македонија би требало да биде разгледано од Советот за безбедност на ОН


Официјална Москва смета дека прашањето за преименувањето на Република Македонија, кое помина со усвојувањето на измените на Уставот во македонскиот Парламент, треба да се најде на разгледување пред Советот за безбедност на ОН.

Ставот на Руската Федерација во врска со проблемот за името на македонската држава останува непромет – одржливо решение мора да биде најдено без надворешен притисок, наметнување рокови и услови од надвор и врз основа на широка јавна поддршка и во Република Македонија и во Грција и исклучително во рамки на законот.

Ние сметаме дека ова прашање би требало да биде разгледано од Советот за безбедност на ОН согласно параграфот 3 од Резолуцијата 845 на СБ на ОН – стои во соопштението од руското МНР.

“Еве колку пари ќе ве чинат новите документи за Северно Македонци?”

Постои рок во кој ќе треба да ги смениме личните документи поради новото име на земјата, која со уставните измени е преименувана во Република Северна Македонија.

За пет години или најдоцна до 2024 година личните документи на граѓаните ќе го носат новото име.

Новите лични карти и пасоши ќе треба да си ги платат граѓаните. Истото се однесува и за новите ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во Парламентот во Грција.

Со амандманот на БЕСА освен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници.

Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се веќе објавени во Службен весник.

Ова значи дека тие веќе стапуваат на сила.

Ванковска до ракометарите: “Koлку повеќе победувате, колку повеќе ве сакаме, толку ним им доаѓа да си пукнат од мака”

Професорката Билјана Ванковска со порака до нашите драги „ментално нестабилни и сакани ракометари“.

“Драги наши ментално нестабилни и сакани ракометари! Слушнавме дека откако ви поделија лекции од владино ниво (да не се бавите со Република Македонија, зошто тоа била политика, а политиката била нивна, а не ваша/наша работа), сега ви се заканува уште една опасност. ЗЗ ги спакувал куферите и заминал во Германија на одмор.

Гарант ќе сака да се огребе од вашата популарност, па за да се покаже патриот можно е да се појави на трибините на некој од вашите натпревари. Вие, „мртви-ладни“ кон него, а за сите нас, ментално нестабилни, срцето ќе си го оставите на терен. Љубовта што ви ја даваме тие нема НИКОГАШ да ја добијат, затоа што не ја заслужуваат.

И нека ве води една мисла: не е толку битен пласманот што ќе го освоите. Битно е што од кожа ги вадите овие ментално стабилниве кои државата ја распарталија – колку повеќе победувате, колку повеќе ве сакаме, толку ним им доаѓа да си пукнат од мака.

За жал, имаме политичка елита која не си ја сака земјата, се срами од народот, ги кодоши и навредува оние кои имаат животни постигнувања (за разлика од нив). Се обидуваат да не’ дисциплинираат сите, ама никогаш нема да успеат”.

Лино Червар со емотивна изјава пред денешниот натпревар: “Македонија е мојата втора татковина”

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, е претпазлив пред денешниот дуел со Македонија во рамките на 3.коло Б-група на Светското ракометно првенство.

– Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победат. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно. Бев селектор на Македонија и секогаш кажувам дека тоа е мојата втора татковина. Ракометот во Македонија е најпопуларен спорт. Го имаат Лазаров, Манасков Стоилов,… Мораме да бидеме претпазливи – изјави Червар.
Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

По првите две рунди Шпанија, Македонија и Хрватска имаат по максимални четири бода, додека Исланд, Бахреин и Јапонија се без освоен бод.