дома блог страница 3225

Маестро Симон Трпчески со поддршка на Борко, Столе и Лазаров од Њујорк

Додека трае Светското првенство во ракомет, на кое македонските ракометари се најдоа во средиштето на јавни препирки околку тоа дали да се пее “Бисер Балкански” во соблекувалната и дали поради тоа да се суспензираат некои ракометари, а сервисот на албански јазик на МТВ го навредува Столе Стоилов, Симон Трпчески од Њјујорк со свој став за Лазаров, Ристовски, Стоилов и другите.

Маестро Трпчевски е на светска турнеја за проектот “Македонисимо” и излезе со директна поддршка за националниот тим кој се бори за подобар пласман на светското првенство и за настап на олимпијада.

–Пред престојниот настап во Чикаго за поддршка на македонскиот ракометен тим на светското првенство во ракомет 2019, напиша Трпчевски на социјалните мрежи.

Новo paзбojништвo во Прилеп – од бензиска пумпа одземени 36.000 денари и мобилен телефон

На 14.01.2019 година во 22.25 часот било пријавено дека две непознати лица извршиле разбојништво на бензинска пумпа на улица „Александар Македонски“ во Прилеп и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 36.000 денари и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неодамна во Старата чаршија, среде бел ден беше ограбена златара.

Ексклузивни детали! “Од златарата во прилепската чаршија однесени 3-4 килограми злато и пари?!”

Заев: “Кој бе тоа ќе спроведе двојазичност???”

Заев: Кој бе ќе спроведел двојазичност ?

Беличанец: Суспензија за Борко, Стоилов и сите ракометари што ја пееjа „Бисер Балкански“

Професорот Тито Беличанец кој е голем поддржувач на премиерот Зоран Заев и СДСМ побара суспензија за целата ракометна репрезентација, бидејќи ја пееја македонската песна „Бисер балкански“.

Беличанец на Фејсбук, споделувајќи ја веста (ВИДЕО) Борко и Стојанче го продолжуваат дуелот против власта, ја пееја „Бисер балкански“ побара македонските репрезентативци, меѓу кои Борко Ристовски и Стојанче Стоилов, кои ја пееја песната да бидат суспендирани.

 

ЈП “Македонија пат” започна да поставува табли на двата јазика низ целата земја

По потпишувањето на Законот за јазици од страна на претседателот на Собрание, денеска уште рано наутро, почна и поставувањето на двојазични танели низ цела Северна Македонија.

Од информациите што успеа да ги обезбеди порталот на албански јазик TетоваСот“, прва институција што започна со промена на табелите е ЈП “Македонија пат”.

Првата двојазична табела е поставена во Битола, каде што потоа ќе продолжи и во други градови каде што има Албанци.

Поранешна пратеничка на СДСМ: Џафери флагрантно го крши Уставот, барам реакција на ЕУ и САД!

Професорката на Правниот факултет “Јустинијан” Први, Каролина Ристова-Астеруд, во коментар на Фејсбук, жестоко го нападна објавуањето во Службен весник на Законот за употреба на јазиците, без потпис од претседателот на државата.

Професорката, која беше претседателка на Форумот на жени на СДСМ, пратеничка од редовите на СДСМ, како и жестока критичарка на поранешната власт, пишува дека претседателот на Собранието Талат Џафери го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата.

Ристова-Астеруд објасни дека по објавуањето, може да се поднесат тужби до Уставен суд, како и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Таа кажува дека за овој преседан треба да се известат и оние кои дадоа гаранција за Рамковниот договор, односно ЕУ и САД.

-Како е, кога ЗУЈ е објавен без потпис на шефот на државата? Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание, а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон, кој не е “контроверзен” туку апла повреда на Рамковен и Уставот, ама баш апла, плус и на други уставни одредби. Нека пробаат да казнуваат, врз основа на што? На недефинирани деликти? Со какви санкции, со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување? По двата основа може тужби до Стразбур. Како и немање почек, и тоа нигде го нема. Законот допрва на Уставен, а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето. Ова овде не завршува! – напиша Астеруд.

Змија излезе на снегот- ни најстарите жители не виделе вакво нешто (фото)

Во српското село Јадранска Лешница е затекната змија која решила да излезе среде јануари и да прошета на снегот.

„Змијата беше долга околу еден метар и шеташе по снегот иако е јануарри. Го повикавме соседот кој умее со рептили и тој ја фати. Мислам дека се работи за смок, не сум сигурен, но сега змијата е одведена во шума и пиштена на слобода.Зошто решила да излезе на студов, можеме само да погодуваме, но некои од постарите жители на селото велат дека вакво нешто гледаат првпат во животот“ вели жител на селото.

(Фото) Законот за двојазичност излезе во Службен весник

Законот за употребата на јазиците излезе во Службен весник.

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа преку својот фејсбук профил го објави ова.

Со овој закон што два пати беше изгласан во Собранието, на 11 јануари и на 14 март минатата година, но претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише, со образложени дека е противуставен.

Ова е директорот што ќе оди во затвор доколку го објави Законот за двојазичност?

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека Законот за употреба на јазиците ќе биде објавен во Службен весник со потпис на собранискиот апикер Талат Џафери

Го предупредуваме директорот на Службен весник, Мартин Костовски, дека објавувањето на законот за јазици во Службен весник е кривично дело кое не застарува и за кое се лежи казна затвор и ја носи директно директорот на Службен весник, а потоа и сите инволвирани.

Сите инволвирани ќе сносат одговорност за насилното кршење на законите, процедурите и уставноста при носење на истите закони.

СДСМ уште еднаш ја силува демократијата и го руши правниот поредок во Република Македонија.
Веднаш по промената на името, Владата на СДСМ на незаконски и насилен начин ја прави Република Македонија двојазична држава.

Ова е само уште еден груб и провиден обид на Власта на СДСМ преку носење несуштински работи за албанците, да им се додвори на целиот албански електорат во пресрет на Претседателските избори и да ги изманипулира албанските гласови.
Доколку се искрени во намерите, наместо со носење несуштински работи, треба да се потрудат преку економски политики да ги реалзираат ветувањата кои ги дадоа пред изборите за подобар живот и навистина да им го подобрат животот на албанците во Република Македонија преку отворање нови работни места и се она што ветија.

Но, бидејќи ова им е само обид за додворување на албанците пред изборите преку правење на кривично дело, еден ден кога ќе паднат од власта ќе сносат одговорност пред лицето на правдата и ќе се соочат со предвидените казни кои следуваат за ова дело.

Прилеп од вечерва е официјално двојазичен? Битно Градоначалникот навива за Северна Македонија во Минхен?

Вицепремиерот Бујар Османи кој вечерва е гостин во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно изјави дека Талат Џафери пред 10 минути го потпишал Законот за јазици и очекуваме вечерва или утре да се објави во Службен весник.

Со ова албанскиот јазик станува службен јазик во Македонија. Тоа значи дека, албанскиот јазик ќе се употребува како втор официјален јазик во Македонија.

Извор: kurir.mk