дома блог страница 3224

(Видео) Виде необични точки на небото и ја зеде камерата да сними: Кога виде за што се работи, се извади од памет

Четиринаесетгодишно момче од Бразил сними необична појава додека патуваше со родителите на фармата на неговиот дедо.

Везејќи се во автомобилот забележа ццрни точки на небото, па веднаш го земал телефонот за да сними.

Кога подобро погледал, забележал дека тоа се пајаци кои изгледа како да паѓаат од небото.

(Фото+Видео) Србите се подготвуваат: Еве во што ќе се вози рускиот претседател на булеварот “Михајло Пупин”

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во четврток ќе го посети Белград, а се претпоставува дека со него ќе пристигне и новата лимузина “Аурус”, со која тој ќе се вози во главниот град на Србија.

Според протоколот, автомобилот на рускиот претседател некогаш се пренесува со воз, а често, поради безбедносни причини, со авион.

Мицкоски: Се додека Заев е на чело на Владата, Македонија ќе продолжи да губи- затоа требаат избори

Во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој потенцираше дека, додека Зоран Заев е на власт Македонија ќе губи многу.

– Јас ги разбирам емоциите и сентиментот кај граѓаните, апсолутно е оправдан бидејќи живееме во тешки времиња. Живееме практично со една влада која што еве речиси две години континуирани неуспеси им испорачува на граѓаните во Македонија, понижувања и омаловажувања, појасни Мицкоски.

Тој образложи дека ВМРО-ДПМНЕ во своите дебати, во своите интервјуа, своите прес конференции, средби со граѓани, средби со членство и така натака, кажува дека, се додека Зоран Заев и СДСМ се во владата на Република Македонија, Македонија практично ќе продолжи да губи.

-И мотивирани од сето тоа ние веднаш после оној противуставен и недемократски начин на она што се случуваше во рамките на Парламентот, во петокот ВМРО-ДПМНЕ повика на предвремени парламентарни избори.

Зоне Замфирова стана дипломат: Актерката ја остави глумата (Фото)

Познатата актерка Катарина Радивојевиќ од неодамна е дел од српскиот конзулат во Њујорк, пишува “ Новости“.

Популарната Зоне која неколку години живее во САД, ангажирана е како надворешен соработник во дипломатското преставништво. Таа ќе биде задолжена за работи врзани со културата, а договорот со неа е потпишан на три месеци.

Инаку, Катарина Радивојевиќ која славата ја стекна во култниот филм “Зона Замфирова“ пред неколку години се пресели во Лос Анџелес. Иако таа не успеа да направи некој поголем успех во Холивуд, таа реши да остане во САД, а си ги задржа и актерските позиции во Србија.

Десницата се окрупнува пред изборите во ЕУ: На пактот Рим-Варшава, се приклучува и Орбан

Во Европската Унија се формира широк блок од опозициски и владеачки партии кои се залагаат за враќање на суверенитетот и демократските права на членките во унијата.

Вице-премиерот на Италија Матео Салвини неодамна го најави формирањето на осовината Рим-Варшава, со цел да се изгради “нова Европа” која е против криминалната миграција и масовното населување со народ од другите континенти.

“Би сакал да направиме пакт, алијанса за сите оние кои сакаат да ја спасат Европа, што повеќе не има толку подобро”, рече Салвини за време на посетата на Полска.

Матеуш Моравиецки премиерот на Полска ја прифати идејата, нагласувајќи дека Полска и Италија се на иста страна.

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, минатата година исто така повика на формирање на нова осовина, најавувајќи дека Австрија и Италија можат да бидат нови сојузници во Европа.

Од денеска во истиот тој блок е и Виктор Орбан, кој повика на формирање на анти-имиграциона осовина во Европа. Орбан изјави дека сака формирање на мнозинство во институциите на ЕУ кое ќе го сочинуваат земјите како Италија и Полска, со цел да се формира правец по кој ќе се движи новиот европски блок.

Орбан порачал дека нема да има компромис по прашањето за миграцијата и дека се спремни за борба против лидерите како што е Емануел Макрон, кои мораат да ги почитуваат Унгарците и нивните одлуки.

Тој исто така рекол дека верува дека во ЕУ ќе бидат создадени две цивилизации, Муслиманско-Христијанска на Запад и традиционалната во централна Европа.

Се очекува дека десницата ќе оствари добри резултати на изборите за Европскиот парламент.

Доколку Британија донесе конечна одлука за напуштање на ЕУ до 29 март 2019, нема да учествува на изборите.

Македонците во Канада за Василица запеаа во еден глас “Велат не нема, ама еве сме” (Видео)

Maкедонскиот естраден уметник Влатко Миладиноски ги забавуваше нашинците за Стара Нова година – Василица, во Торонто, Канада.

Салата каде беа собрани Македонците беше исполнета до последно место, а Влатко по кој знае кој пат направи атмосфера за паметење со неговата песна “Велат не нема”.

Mиладинвски моментално е на светска турнеја, а неговите настапи од Грција, Швајцарија и Канада, се селат во Холандија, Германија, Австралија и Словенија – вели тој за порталот “Порта.мк”.

Во продолжение уживајте во неговиот настап:

Најголемата пријателка на Македонија во Европскиот парламент со поддршка за македонската икона Стојанче Стоилов

Хрватската европратеничка Маријана Петир јавно застана во одбрана на ракометниот репрезентативец Столе Стоилов.

Реакцијата на Стоилов за името за Петир е оправдана затоа што никој нема право од никого да бара да го смени името.

Ова што го зборува Столе Стоилов #StoleStoilov не е политички испад туку вистина пишува хрватската претставничка во европскиот парламент во одговор до порталот дневно.хр кој реакцијата на Стоилов во која вели дека за него останува Македонија и не ја прифаќа Северна е скандалозна.
Според неа срамни се притисоците врз Македонија да го промени името на државата.

Како што никој од нас не би се согласил да го промениме името на својата држава апсурдно е и неморално такво нешто да се бара од Македонија, вели Петир која е докажан пријател на Македонија.

Прекрасна фотографија од Минхен: Македонците и Хрватите ривали на теренот, огромни пријатели на трибините

Хрватска и Македонија вчера се соочија во третото коло од групната фаза на Светското првенство во ракомет.

Иако натпреварот беше неизвесен, на крајот Хрватска забележа висока победа од 31:22.

Сепак, ривалството на теренот не беше ривалство и помеѓу навивачите.

Хрватскиот портал “Индекс”, објави фотографија од заедничка дружба на македонските и хрватските навивачи кои заеднички ги бодреле своите репрезентации.

(Фото) Лила се стегна во бело и одново направи бум на Инстаграм

ТВ водителката Лила Филиповска се стегна во бел корсет и по којзнае кој пат направи бум на Инстаграм.

“Бело е сè во срцево, бело е сè пред очиве”, напиша Лила над фотографијата, а фановите и порачаа дека младите девојки треба да се огледаат на незе и да вложат повеќе внимание на нивниот изглед.

“Поздрав за двојазичен Прилеп, од Ахмети и Османи??” (Фото)

Законот за употреба на јазиците од денеска е објавен во Службен весник и започнува неговата употреба.

Синоќа Законот го потпиша собранискиот спикер Џафери и без потпис на претседателот на државата беше испратен во Службен весник.

Законот за употреба на јазиците собраниското мнозинство го донесе на 14.03.2018 година.

Вицепремиерот Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави фотографија со партискиот лидер на ДУИ и напиша:

„Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“