дома блог страница 3223

Седумчасовен работен ден и прогласување на 2 јануари и 2 мај за празници

Иницијатива за прогласување на 2 јануари и 2 мај за неработни денови, како и воведување на седумчасовен работен ден, ќе поднесе до Владата на Република Македонија Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на (УПОЗ).

Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски, на денешната прес-конференција, посочи дека е време Македонија да се приклучи на европските трендови и во новиот Закон за работни односи кој е во фаза на изработка да се утврди седумчасовен работен ден, односно 35-часовна работна недела.

Со седумчасовното работно време ќе се врши подобра распределба на трудот. Со намалување на работното време за 10,2 проценти од секој работник, теоретски ќе доведе до потреба од ангажирање на дополнителен број работници. Од социјален аспект нашето барање го аргументираме со тоа што ќе се зголемат можностите за грижа кон семејството и рекреација, изјави Грујовски.

Во однос на иницијативата за измена на Законот за празници, Грујовски нагласи дека во 2007 година дотогашниот празник 2 јануари се укина како неработен, додека годинава со одлука на Влада повторно се прогласи како неработен.

Реакциите за ваквата одлука беа позитивни и кај вработените во администрацијата и стопанството. Бидејќи во овој период од годината работните процеси се сведени на минимум како во јавниот, така и приватниот сектор, предлагаме 2 јануари повторно да биде прогласен за празник, изјави Грујовски.

Традицијата на одбележување на меѓународниот ден на трудот, посочи Грујовски, сметаме дека треба да продолжи и покрај 1 и 2 мај да биде прогласен за празник.

Убава вест пред натпреварот со Шпанија: Гоце Георгиевски доби ќерка (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Гоце Гоергиевски вечерва ќе има посебни мотиви против Шпанија, тој по вторпат стана татко.

Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски вечерва ќе има посебни мотиви против Шпанија, тој по вторпат стана татко, неговата сопруга му подари ќерка.

Радосната вест, ракометарот кој има синче ја сподели на својот „Фејсбук“ профил и се заблагодари на поубавата половина, Симона.

“Што за Прилеп вети и оствари Заев? Зборот е збор!” (Видео)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред парламентарните избори во 2016 година токму од Прилеп каде речиси и да не живеат етнички Албанци, од под Градскиот часовник, го најави Законот за двојазичност, кој вчера беше објавен во Службен весник.

Тој тогаш одговарајќи на новинарско прашање рече дека во Прилеп треба да им се дозволи на граѓаните Албанци на албански јазик да комуницираат со локалната самоуправа, односно да можат на албански јазик да поднесуваат разни барања до општините….

На митингот пак пред локалните избори во 2017 година, Заев го кажа следново:

“Од денеска децата на бранителите ќе добиваат стипендии? Ова зависи од СДСМ”

Законот за студентски стандард денеска претрпува измени. Во тој контекст, а согласно на предизборните ветувања за бранителите од 2001-ва од страна на СДСМ, редно е нешто оваа Влада да направи за нив.

Но, за жал и овој пат по се изгледа ќе останат само ветувања, празни зборови како и за сите проекти од нивната програма. Шансата да се поправат е денеска, но благодарение на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои предлагаат со амандман децата на бранителите и на социјалните категории да добиваат 50% од стипендиите.

Ова ќе значи огромна помош за родителите бранители, кои имаат деца студенти. Резултатот за оваа иницијатива ќе се знае уште денес.

Македонските цепелини кои на минатото светско ја понижија Шпанија: Ќе згрмат ли вечер повторно?! (Видео)

Maкедонија вечерва со почеток од 20:30 часот го игра четвртиот натпревар од групната фаза на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Германија и Данска.

Противник на нашата репрезентација е “црвената фурија”, Шпанија.

Македонија се соочи со Шпанија и на минатото Светско првенство во Франција во 2017 година.

Тогаш квалитетно се спротивставивме на можеби и помоќните отколку на ова првенство Шпанци, но загубивме со резултат 25:29.

Потсетуваме на моментот кога Македонија во два напади врза два цепелини во првото полувреме.

Времето се стабилизира: Еве што не очекува до крајот на неделата

Управата за хидрометеоролошки работи најавува стабилно време до петок, а за време на викендот зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места, претежно во западните делови.

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Дневната температура од четврток позначително ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.

ВИДЕО: Сите зборуваат за змијата што шеташе по снегот – мештаните сметаат дека се работи за претскажување

Во српското село Јадранска Лешница мештаните покрај оградата во еден двор нашле змија долга околу еден метар. Еден од мештаните, Чедо, кој не се плаши од змии ја фатил без страв, а целата ситуација е забележана со камера. Сепак, сите се запрашуваат што ја натерало змијата да излезе од своето засолниште среде зима.

Мештаните преплашени веруваат дека станува збор за страшно претскажување.

Томислав Чортиќ, мештанин кој ја видел змијата и го снимил целото случување, вели дека селото не памети вакво нешто.

„Разговарав со сосетката која има 70 години и вели дека никогаш не видела змија во зима. И самата беше шокирана кога слушна дека змија ги демне мештаните“, рекол Томислав.

„Видовме голема змија во неделата на 13. јануари, а утредента на Свети Василиј грмеше, па во селото почна да се зборува дека тоа значи почеток на војна од која сите стравуваат“, рекол Томислав.

Додава дека сепак можно е змијата да била намамена да излезе од сонцето кое греелo тој ден.

Најсреќниот ден во 2019-та година за секој хороскопски знак

Сите имаме денови кога ништо не ни оди по план, но постојат и денови кои се совршени уште од нивниот почеток. Според астролозите, секој хороскопски знак има по еден најсреќен ден во годината. Погледнете кој е вашиот среќен ден за 2019-та година.

Овен: 24-ти ноември

Овој ден симболизира изненадувачки пресврт за Овните, а оттогаш сè ќе им биде во знакот на нов почеток. Очекувајте на 24-ти ноември да бидете навистина возбудени и среќни.

Бик: 18-ти мај

Биковите ќе ја почувствуваат најголемата среќа на 18-ти мај. Овој ден ќе им донесе решенија на некои проблеми кои долго ги мачат, како и неочекувано изненадување.

Близнаци: 24-ти ноември

На 24-ти ноември Близнаците ќе заблескаат во најдобро светло. По долгиот период на несигурности, многу нешта ќе се решат на овој ден. Може да станува збор за исполнување на очекување во љубовта или пак почеток на ново работно место.

Рак: 3-ти февруари

Има ли нешто поубаво за Раковите од љубовта? Ако сте родени во овој знак а немате партнер, на 3-ти февруари очекувајте средба со личност која има потенцијал за љубовна врска. Зафатените Ракови можат да очекуваат и веридба.

Лав: 7-ми август

Почетокот на август, а особено 7-ми, ќе ве ослободи од некој стар товар. Без разлика дали тоа е тагување по бивш партнер или некоја лоша навика, новата слобода и чувството на успех ќе ве направат горди и задоволни.

Девица: 9-ти септември

Овој ден е најопуштениот и најсреќниот ден од годината за сите Девици. Покрај задоволството што ќе го чувствувате во текот на целиот ден, на 9-ти септември ве очекуваат и некои добри вести.

Вага: 25-ти ноември

Крајот на ноември го обележува крајот на некоја голема расправа за Вагите. Во вашиот живот конечно ќе ги почувствувате долго очекуваните мир и хармонија.

Шкорпија: 25-ти октомври

Го напуштате старото работно место и барате ново? Иако звучи како ризична одлука, сепак ќе ви се исплати. На 25-ти октомври ве очекува нова и примамлива понуда.

Стрелец: 26-ти ноември

Стрелците ќе го прослават нивниот среќен ден во ноември. Благодарение на оптимизмот и вербата во себе, тие навистина ќе им се доближат на нивните цели. Резултатите од напорната работа ќе почнете да ги забележувате на 26-ти ноември.

Јарец: 29-ти јануари

Уште во првиот месец од годината, Јарците ќе ги постигнат нивните цели кои долго време ги одолговлекувале. Без разлика дали станува збор за мал или голем успех, тој ќе бие вистинска мотивација за претстојната година.

Водолија: 23-ти август

Ова лето Водолиите ќе имаат можност да запознаат навистина интересни луѓе, а од некое пријателство може да се роди и љубов. На 23-ти август можете да го очекувате состанокот од вашите соништа.

Риби: 9-ти ноември

Постои причина за среќата на Рибите на почетокот на ноември. На деветтиот ден од месецот имаат најмногу сила да се справат со недовршените работи, а како резултат на тоа ќе ги очекува голема парична добивка.

(Видео) Виде необични точки на небото и ја зеде камерата да сними: Кога виде за што се работи, се извади од памет

Четиринаесетгодишно момче од Бразил сними необична појава додека патуваше со родителите на фармата на неговиот дедо.

Везејќи се во автомобилот забележа ццрни точки на небото, па веднаш го земал телефонот за да сними.

Кога подобро погледал, забележал дека тоа се пајаци кои изгледа како да паѓаат од небото.

(Фото+Видео) Србите се подготвуваат: Еве во што ќе се вози рускиот претседател на булеварот “Михајло Пупин”

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во четврток ќе го посети Белград, а се претпоставува дека со него ќе пристигне и новата лимузина “Аурус”, со која тој ќе се вози во главниот град на Србија.

Според протоколот, автомобилот на рускиот претседател некогаш се пренесува со воз, а често, поради безбедносни причини, со авион.