дома блог страница 3222

“Сугарески најде пари за автопатот Блаце-Скопје, за патот Прилеп -Битола ни збор од ветеното??”

Идниот месец ќе се објави тендерот за првата делница за автопатот Скопје-Блаце, по што ќе отпочнат градежните активности – информираше пред неколку дена министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Втората денлница, пак, ќе почне да се гради следната година. Според предвидените рокови, автопатот ќе биде во употреба во 2023 година. Автопатот ќе биде долг 12,5 км, со по 3 ленти во двата правци. Проектот е вреден 110 милиони евра. Најголем дел од парите се кредит од ЕБОР. Дел се грант од ЕУ, а дел од буџетот на Државни патишта.

И покрај најавата за тендер за изградба на автопат од Битола до Прилеп, кој би се поврзал со експресниот пат кој е во изградба Прилеп-Градско, сеуште нема ни глас ни абер.

Имено, министерот Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, во септември минатата година беа во посета на општина Могила, од каде Китанов изјави:

„Ќе има и тендер за многу сериозен зафат, а тоа е автопат од Прилеп до Битола што ќе се поврзи заедно со експресниот пат кој се гради од Дреново до Фаришка Клисура. Пред два месеца го отпочнавме инстраструктурниот зафат Градско -Дреново што значи од Градско до Прилеп ќе се вози по експресен пат, рок на завршување две години, а во меѓувреме ќе почне да се гради автопат, а за да не настане застој во сообраќајот прво ќе се гради едната делница , па другата“.

Истиот проект Сугарески го најави и порано во април месец минатата година:

ВИДЕО: “Канал 5”

Влада на СРМ: “Општина Прилеп ќе вработува Албанци заради двојазичноста?”

Владата потврди дека албанскиот јазик ќе се воведе во сите општини и институции во Република Македонија и за таа цел мора да се вработат Албанци, а доколку не се почитуваа оваа одредба најавени се и казни со посебен член во законот.

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа на денешната прес конференција одговарајќи на прашањето дали општините и институциите кои немаат вработено Албанци како на пример Радовиш или друг град каде нема жители Албанци ќе мора да вработат Албанци, изјави дека законот мора да важи за сите.

– Законот важи за сите. Во овој случај важи и за сите институции. Тие институции кои нема да ја практикуваат употребата на јазиците во согласност со законот кој стапи на сила, се предвидуваат и казни со посебен член во овој закон, рече Хоџа.

Хоџа ги потврди тврдењата дека ќе биде спроведена целосна двојазичност на целата територија на државата и дека ќе следуваат казни доколку не се применува.

Со ова се остваруваат и прогнозите на ВМРО-ДПМНЕ кои уште од почеток велеа дека власта сака да ја спроведе двојазичноста низ целата република и дека спроведувањето на овој закон во местата каде што нема потреба само ќе создаде и непотребни и сложени и продолжени правни процедури. Од ВМРО-ДПМНЕ исто така предупредуваа дека овој закон само ќе ја зголеми недовербата и продлабочи поделбите кај Македонците и Албанците, но ќе ја зголеми и дискриминацијата кај помалите етнички заедници

Водно законот исто така ќе создаде и правна конфузија, кога илјадници правни процедури ќе може да бидат блокирани или продолжени со месеци, што ќе доведе до хаотичност во институциите и општеството и ќе создаде тешкотии за сите граѓаните на државата.

Низа огласи за вработување на наставници во ООУ “Страшо Пинџур” во прилепско Мало Коњари – Аплицирајте!

Oсновното општинско училиште “Страшо Пинџур” кое се наоѓа во населеното место Maло Коњари, објави огласи за вработување на наставници по: информатика, англиски јазик, математика, македонски јазик и двајца одделенски наставници.

Според веб страната на Агенцијата за вработување, огласите се за вработување на определено време во траење од 8 месеци.

Истите се активни до 19.01.2018 година.

Прилепски бранител од 2001 минува низ тешка агонија – животот му е загрозен, а добиваат само 1900 денари месечно (Видео)

Фото/infokompas.com.mk

Пет години живеат без струја, со социјална помош од само околу 1.900 денари. Јадат еднаш во текот на денот и живеат во куќа пред распаѓање. Ова е тажната животна судбина на Драган и Виданка Спасески од Прилеп. Спасески неможе да стане ниту од кревет. Поради дијабетесот едната нога му е комплетно помодрена, нема пари соодветно да се лекува – објави порталот “Инфокомпас”.

Секој оној кој сака да го контактира семејството Спасески може тоа да го направи на телефонскиот број: 076-70-80-60

или во Здружението Прилепски бранители – 078-358-943

Вучиќ на Путин ќе му подари македонски специјален подарок

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе му подари на рускиот претседател Владимир Путин оригинален подарок – шарпланинец.

Станува збор за тримесечен мажјак од оваа раса, а води потекло од Шар Планина.

Младенчето има сериозно педигре генерации наназад, пишува Блиц.рс

Ова е првпат претседателот на Србија да подари ваков подарок.

Покрај шарпланинецот, Вучиќ на Путин ќе му подари и икона.

“СОНОТ НА КРШНИОТ ПОБРАТИМ” – Пишува Протоереј Љупче Петрески

– Побратиме! Мој кршен побратиме! Разбуди се.

– А! Што? Кој? Ааааа! Кој си ти?

– Твојот драг побратим, Благоја.

– Неее, ти си некое сениште, брадато и долгокосо! Мојот побратим Благоја е на оној свет веќе неколку години! Бегааај од менее!

– Побратиме, прибери си го акалот! Јас сум, Благоја. Ти се јавувам од оној свет. Морав да те видам и да направам лаф муабет со тебе, да си поприкажиме за груткава наша. По едно луле тутун да испушиме. Не можев да ти пишам од оној свет ама можам вака на сон да ти доаѓам!

– Еј, навистина си ти бре Благоја … побратиме. И, како е таму бре Благоја, на оној свет?

– Остај тоа сега, не смеам да зборувам за ваму. Туку ти кажи ми, побратиме, како е таму, во мојата Македонија?

– Ех, како е … како да ти кажам …ништо особено …

– Ех мој побратиме. Си се сменил. Никогаш не си криел ништо од мене … до сега! И, чинам, непара ти е мило ем драго што ме пулиш.
– Ама побратиме …

– Молчи побратиме, молчи! Лут сум на тебе, лут ифрит. Пламен ригам и од очиве веди секам. Затоа и ти дојдов на соне. И ќе ти идам, дур не се покаеш побратиме! Резил, брука и арам да ти е! Ме разочара … својот збор никогаш не си го погазил, на ветувањето дадено не си плукал и намузот си го чувал од блатење секакво … до сега! Како можеше, побратиме? Како? Деновиве, и јас сон тешко ловам, од што се прашувам: Што кијамет и студ ти фатила главата? Побратиме, откако седна во кожено седало, во она здание срамно во престолнинана, умот и разумот ги загуби. Најлошо е побратиме што, поради оние сурати стушени намузот си го извалка. Жити две очи, побратиме, немој да речеш дека и алчноста грамадна те зафатила?! Ех, ех … Побратиме бре! Ти, од сите други, дозволи силниот восхит од светлината на умот сопствен, во светечки занес, да го превидиш супстанцијалниот дефект и да ја укинеш нашата мајка Македонија!

Во билка ли се престори, побратиме? Во трева чкорлосана и за стокана недојадима? Во џбун или чалија што ни за потпалок не ја бива, од која нит кавал не се прави?

– Аман побратиме, аман Благоја … престани, те молам! Тињата ми е до грло а ножот до коски. Немој и ти, Благоја …

– Како аман, како побратиме? Уступи се и молкни. Ни слово понатака, ни буква! Како бре очите не ти капат од срам? Место да те „изеде срамот“, ти го „изеде“, го проголта па низ дебелото црево го истера! Место ти да се срамиш, јас се срамам … побратимеее!

Сега ќе одам. Дојдов за ова да ти го кажам, како на побратим, како на еден од најугледните, брилијантен ум кому рамен тешко да ќе да му има. И затоа, поради светлината на умот твој неспоредив, каил требаше да се сториш и да им застанеш упрекум на оние кои, без причина објаснива, името на нашата Македонија го сменија. На оние, кои веќе не се твои ама не се ни ничии: Слугите на натемаго. Е токму тие, побратиме, немаат ниту вера, ниту нација, а на одарот претсмртен, ниту обличје човечко имаат!

Одам сега, побратиме. Остани ми со здравје! Ќе дојдам јас пак, да испушиме по едно луле! Спиј сега … ако можеш.

– Не оди … не оди си налутен, Благојааа … Побратимее!
Утредента, кога се разбуди, на креденчето крај креветот, тој најде две лулиња! Градите го стегнаа …

Синоќа во Прилеп запален Мерцедес

На 16.01.2019 година околу 01.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул. „Нил Армстронг“ било опожарено возило „Мерцедес“, сопственост на Д.П.(31) од Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот – стои во полицискиот билтен на МВР.

Прилепчанка произведувала и продавала тpaмaдoли

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(50) од Прилеп поради постоње основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување“.

На 20.07.2018 година во полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената во Прилеп и пронашле 281 лента со таблети „Трамадол“ од 50 милиграми – информираат од МВР.

“Каролина Астеруд се бори со полициски кордон?” (Видео)

(Твит на денот)

“#ОнаКога Каролина Ристова Астеруд бараше правда од @VladaMK за време “режимот” и се глупираше пред Музејот на ВМРО. Сега, кога виде со кого си имала работа, фрла со дрва и камења по @Zoran_Zaev и @SDSMakedonija.
Абе катаклизма ви се спрема, и ќе ви се појави пред врата”.

A, Хан?! Коцијанчиќ: Немаме коментар за тоа што Законот за јазици и Договорот со Грција се без потпис на претседателот

Европската комисија нема коментар за последните случувања поврзани со Законот за јазици и Договорот со Грција. Пресинг ТВ го праша портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчиќ дали за ЕУ е прифатливо што Договорот со Грција и законот за јазиците се објавени во Службен весник без потпис на претседателот, спротивно на Уставот.

-Ја прашавме Коцијанчич дали повикувањето на вледеење на правото во Македонија ќе важи и за овој случај. На сето тоа добивме одговор дека нема да коментираат, објави порталот.

„Ние сега ги следиме националните процедури за спроведување на договорот, но како и обично не ги коментираме“-изјави Коцијанчич за Пресинг ТВ.