дома блог страница 3219

Реализирани проекти насекаде: Во Радовиш градоначалникот му подари компјутер на командирот во полициската станица (Видео)

Во знак на благодарност за работата на дежурните служби во новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот на општина Радовиш, Конзулов, на Полициската станица и подари компјутер и им посака компјутерот добро да ги служи.

“Посакувам да си го служат создравје и да може дисциплината во Радовиш да се подигне на повисоко ниво, граѓаните да бидат безбедни и мирни и полициската станица на чело со командирот прави добро…”, вели во изјава за “Телевизија Кобра” градоначалникот на Радовиш.

Кoмандирот на полициската станица Крстев, изјавил дека ова многу ќе им значи него и на полициските службеници”.

Македонски политичар се виде со Путин во Белград (ФОТО)

Единствениот македонски политичар кој беше на средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, е Иван Стоиљковиќ.

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија на покана на претседателот на Србија, Александар Вучиќ присуствуваше во Белград на дочекот на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Стоиљковиќ беше и на свечениот ручек кој беше приреден во чест на Владимир Путин.

Извор: “Pressingtv.mk”

Денес е зимски Крстовден, строг пост- празник кој носи среќа

Денеска е Водокрст или зимскиот Крстовден, денот во кој православниите христијани треба да се одморат и да се подготват за утрешниот голем празник, Богојавление.

Водокрст е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството. За оние кои се родени на овој ден, се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст. Тие, според обичаите се посебно одговорни за своите дела и постапки.

Црквата овој ден го одредила како голем празник со строг пост, за подостоинствено празнување на денот, и за оддавање признание на светиот крст. За оние кои постат, се смета дека сочувствуваат со страдањата на Спасителот Исус Христос.

На овој ден не се јаде ништо мрсно, вклучувајќи го и растителното масло. Денска, според обичаите се јаде само леб и се пие вода. Во православните храмови на зимскиот Крстовден литургиите најчесто се служат во црквите Свети Јован Крстител, a обичај кој се применува е големо осветување на водата.

По осветувањето, водата им се дели на верниците, и се верува дека треба да се чува дома поради здравје и бериќет.

Циркус на Австралија Опен: Две жени се степаа за стегач! (ВИДЕО)

Тениските возбудувања во Мелбурн на првиот гренслем турнир во годината Австралија опен само што почнаа, но освен врвен тенис донесоа и циркузи на трибините, па јавноста остана во шок, кога две постари госпоѓи за малку ќе се степаа и се тегнеа за еден обичен стегач кој го публика го фрли Белорусинката Сабаленка.

Првата средба на Путин со шарпланинецот Паша: Рускиот претседател пресреќен на подарокот (Видео)

Српскиот претседател Александар Вучиќ на неговиот руски колега му подари шарпланинец по име Паша.

Тримесечното кученце беше целосно исчистено и средено за првата средба со рускиот претседател, пишуваа српските портали.

Познато е дека Путин обожува кучиња и дека неколку државници досега му имаат подарувано кучиња од раси кои се симбол на нивните земји.

„Кутрето има сериозно педигре од седум генерации. Станува збор за нашата најстара автохтона раса и познато е дека претседателот Путин сака токму такви раси“, изјави вчера извор од српското претседателство.

Паша има пасош со кој ќе отпатува за Русија, а во него се наведени сите најважни податоци за него, како на пример каде му е вграден чипот и кога е вакциниран.

Се чини дека рускиот претседател бил пресреќен на подарокот.

Moментот кога Путин го напушти протоколот и отиде да ги поздрави насобраните граѓани во Белград (Видео)

Како дел од активностите при посетата на Србија, рускиот претседател Владимир Путин го посети храмот Свети Сава.

На крајот од посетата, Путин во еден момент излегол од протоколот и им се приближил на насобраните граѓани за да ги поздрави.

Погледнете:

“Прилеп се гуши…ова е опасно по живот? Градоначалникот ужива во двојазичноста и новото име??”

Неодамна Прилеп ја доби првата мерна станица за квалитет на воздухот.

Резултатите овие денови се поразителни и покажуваат дека прилепчани дишат многу загаден воздух.

Синоќа во 22 часот преку веб апликацијата “Moj воздух”, можеше да се забележи дека Прилеп е најзагаден во цела Македонија.

Мерната станица поставена на општинската зграда покажа високи 716 микрограми на метари кубен ПМ-10 честички.

Ништо поразлично не беше и пред два дена, кога во истиот временски интервал, загадувањето беше 572 микрограми на метари кубен ПМ-10 честички.

“Дали вака Владата и Стојанче Ангелов се грижат за децата на бранителите??”

На вчерашната 52-ра седница на Комисијата за образование, наука и спорт, како единствена точка беше Предлог законот за измени и дополнување на Законот за студентски стандард.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија амандман, со кој се предвидуваше децата на бранителите и на социјалните категории да добиваат 50% од предвидените стипендии во државата.

Ова требаше да значи огромна помош за родителите бранители, кои имаат деца студенти.

Сепак, оваа иницијатива на пратениците од опозицијата не наиде на разбирање кај владиното мнозинство во комисијата, па амадманот беше одбиен.

Советник за одбрана на претседателот на Владата, Стојанче Ангелов, за оваа иницијатива не истакна ништо.

Трогателно до солзи: Путин посети тешко болно дете, а она што тој му го кажа ќе се зборува со месеци

Владимир Путин пред своето патување во Србија ја посети детската болница Морозов во Москва и во таа прилика посети болно дете, кое после кусиот разговор го бакна.

Детето пресреќно на својата мајка и рече: Ме бакна најважниот претседател!Мамо, тебе не, хаха!

Лоши вести за возачите: Поскапуваат горивата и дизелот во Македонија

По една релативно долга серија во која регулаторот ги намалување малопродажните цени на нафтените деривати, од вторник веројатно ќе возиме поскапо гориво. Движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон го најавува тоа.
Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.

Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се зголемат за околу денар до денар и половина по литар.

Минатиот вторник, цените се намалија за 2,5 односно 3 денари по литар. Во моментов бензините се продаваат за 58,5 односно 60 денари по литар а нафтата за 55 денари.