
Вака некако би требало да изгледа женска чанта за евтино и квалитетно излегување….
Петок е па да се потсетиме како треба да изгледа една права женска ташна: pic.twitter.com/eC6U76ZH4S
— Annah (@indig05alpha) January 18, 2019

Вака некако би требало да изгледа женска чанта за евтино и квалитетно излегување….
Петок е па да се потсетиме како треба да изгледа една права женска ташна: pic.twitter.com/eC6U76ZH4S
— Annah (@indig05alpha) January 18, 2019

Сообраќајна несреќа утрово околу 07:45 часот се случила во технолошо-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп.
Според информациите кои ги добивме од очевидци, се судриле две возила, едното такси возило марка “Фолксваген” и второто марка “Опел корса”.
За среќа во несреќата настанала само материјална штета и никој не се здобил со повреди.
Полицијата на лице место работела на утврдување на точните причини за настанатата несреќа.



Непоразениот македонски борец Ален Амедовски потпиша договор со УФЦ.
Нашиот Амедовски има скор од 8-0 во MMA и сите негови борби се завршени со нокаут во првата или втората рунда.
Амедовски забележа две борби во Белотор, а во последната против Ибрахим Мане победи со нокаут за 12 секунди, што не е непознато за него, бидејќи во 2015 година го нокаутира својот противник за 11 секунди – објави порталот “Ипон.мк”.
Има 30 години и се натпреварува во средната категорија.
Alen Amedovski is now a UFC fighter.
No words can explain how proud of you we are.
You did anything you could to reach your dream.
The trip has officially begun.#ufc #itfm #italiantopfightersmanagement pic.twitter.com/J1zulboKOz
— Italian Top Fighters Management (@ITFMTW) January 17, 2019
Alen Amedovski just announced through his social media that he signed with the UFC.
The 2x Bellator veteran is unbeaten in all of his 8 matches and he won all of those by (T)KOs.
It's a great day for Italy's MMA. pic.twitter.com/ofW4ccmAZM
— Al Zullino (@phre) January 17, 2019
Да се потсетиме како изгледаше последната борба на Амедовски, или “Македонскиот тигар” како што го нарекуваат.




Поради неговото потекло Амедовски покрај “Македонски тигар” го нарекуваат и “Принцот од Жупа” и “Кралот на Река”.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, деновиве бил во Минхен каде ги следел натпреварите на македонската ракометна репрезентација од групната фаза на Светското првенство.
Неговото присуство на трибините во спортскиот центар “Олимпија Хале” беше забележан и изминатите денови, а после вчерашниот натпревар Јованоски се соочил со македонската фаланга.
Имено, според видеото кое се појави на социјалните мрежи, еден од нашите навивачи го довика градоначалникот, а откако се поздравиле му вели да му порача на Заев дека игра Македонија, а не Северна.
Видеото погледнете го во продолжение:
Јунаците играат за #Македонија, а не за северна.
Еј Зоќи @Zoran_Zaev Цару наш северномакедонски, абе ти го пренесе поздравот Муцето море?#ЧеСиПадните и #ЧеСиЛежите, пренеси му ти на Муцето.#НикогашСеверна #СекогашМакедонија pic.twitter.com/9H4vOlsW1S— Фортификација (@Fortifikacija) January 18, 2019

За време на дочекот на рускиот претседател во храмот Свети Сава, се појави и српската фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца.
Пејачката истакнала дека и е голема чест што се нашла во друштво на претседателот на Руската федерација, претседателот на Србија и Милорад Додик, член на претседателството на БиХ.
“Драго ми е што присуствував, за мене ова е голема чест, во друштво на патријархот и владиката, како и тројцата државници и министри во владата”, порачала Цеца за српски “Курир”.

Meѓутоа, еден детал на сите им падна во очи. Фотографот на “Курир” забележал дека рускиот претседател цело време гледа во српската фолк ѕвезда, па моментот го доловил преку фотографија.


Пратеникот Мухамед Зекири веднаш по поразот на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во клучниот меч против исландската селекција им испрати порака на нашите ракометари.
Тој им порача во иднина повеќе да се занимаваат со спорт, а помалку со политика, алудирајќи на одредени играчи.
Сопартиецот на Заев, според пишувањата на медиумите и партиски извори, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, поддржан од СДСМ и ДУИ.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Т.(25) од Прилеп и друго непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторени 12 кривични дела (шест тешки кражби, три тешки кражби во обид, две кражби и една кражба во обид.
Во периодот од 04.07.2018 до 15.08.2018 година пријавените влегле во повеќе станови во Охрид и одзеле разни предмети со што се стекналe со противправна имотна корист од 686.410 денари.
![]()

Ноќта меѓу 18 и 19 јануари, поточно од полноќ до изгрејсонце, отворете прозорец и замислете желба. Нека биде јасна и гласна, недвосмислена, полна со искрени чувства и полна со верба.
Православните верници во јануари го прославуваат Богојавление како еден од 15. најголеми христијански празници.
Според христијанската традиција, Христос кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да го покрсти свети Јован.
Чувствувајќи дека пред него е месијата, свети Јован го дочека Исус со зборовите: „Ти мене треба да ме крстиш, а ти доаѓаш кај мене да те крстам“. Исус на тоа му одговори: „Остави го сега тоа, зошто треба да ја исполниме секоја правда“. По тие зборови синот Божји влезе во Јордан. Тогаш над него се отворило небото и светиот Дух слегол врз Исус во вид на гулаб. Истовремено се слушнал гласот Божји, кој рекол: Ова е синот мој љубен. Тој е според мојата волја“.
Така, пред крштавањето на Исус, Бог се јавил во три личности – Бог Татко кој говорел од небото, Бог Син кој се крстел во Јордан и Бог Светиот Дух кој се појавил во вид на гулаб, слегол од небото врз главата на Христа. Тој момент претставува објавување на Богочовекот и воведување на Исус во месијанска мисија. Настанот на објавувањето на Богочовекот, се наведува во светите книги и се нарекува Богојавление.

Исто така, Црквата ја востанови Светата тајна крштевање за секој човечко битие. Со крштевањето се станува член на Христовата црква и душата се чисти од секој грев. На Крстовден (воочи Богојавление), како и на самиот празник, по литургијата се осветуаат водите во храмот или во портата од храмот. Таа вода се носи дома. Се чува како чудотворна и света драгоценост. Никогаш не се расипува. Со неа се попрскува куќата заради осветување и заштита од демоните и останатите нечисти сили: Се пие во текот на целата година заради исцелување и заштита од сите болести, очистување од злите сили и поради простување на гревовите, чистење на душата и телото.
Богојавленската водичка некогаш ја пиеле трудниците за да се „отворат како небото на Богојавление“ и така полесно да се породат. Истата таа вода се истура во бунар за да се прочисити ако во неа падне некое животно. Во старите времиња осветената вода им се давала на болните кои не можеле да дојдат во црква на причесна.
Верниците на Богојавление се поздравуваат со зборовите „Христос се јави“, а се отпоздравуваат со „Вистина се јави“.

Некогаш се сметало дека погодни денови за венчавка почнуваат од Богојавление.
Од Божик до Богојавление се мрсни денови, се мрси и во среда и петок, но ден пред Богојавелние, односно на Крстовден, се пости без разлика кој ден паѓа.
Деновите од Божик до Богојавление во народот се викаат „некрстени“ денови. Се верува дека во глуво доба од ноќта, рпед Богојавление, на момент се отвора небото, за да се вкрстат ветровите кои дуваат зиме со оние кои дуваат лете и дека целата вода станува света. Кој тогаш ќе се затекне на отворено и го види тоа, може од Бога да посака исполнување на една желба.
На Богојавление се фрла крст во река и момчињата се натпреваруваат кој прв до него ќе стигне.
Освен тоа, постои и верување дека немажените девојка, ако стават огледало под перница на 18 јануари вечерата ќе го сонуваат момчето за кое ќе се омажат.

Исто така во некои краеви се практиктикува обичајот младите девојки да месат по четири топчиња тесто. Во трите ставаат ливче со имиња на својот сакан, а едно го оставаат празно. Потоа топчињата ги ставаат во врела вода и кое прво ќе излезе на површината е љубовта на таа девојка. Ако излезе празната, тоа значи дека девојката се уште не го запознала својот суден.
Се верува дека во времето на Богојавление се претскажува какво време ќе биде во текот на целата година. Ако има силен мраз или паѓа снег, годината ќе биде родна. Ако биде ведро, годината ќе биде сушна. Ако 19. јануари биде врнежлив, цела година ќе има врнежи и поплави.
Во ноќта помеѓу 18 и 19 јануари, поточно од полноќ до изгрејсонце, отворете прозорец и замислете желба. Нека биде јасна и гласна, недвосмислена, полна со искрени чувства и полна со верба.
На овој ден се осветува водата која се верува дека е лековите и чудотворна и се нарекува богојавленска вода. Неа верниците ја носат дома и ги прскаат домовите и ја чуваат како лек во текот на целата година.

Младата гимнастичарка Кејтлин Охаши (21) со својот настап ја воодушеви целата јавност, а од судиите доби максимални 10 поени.

Оваа млада девојка светот ја памети после видеото, на кое таа изведува неверојатна кореографија со чекорите на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон.

Погледнете како тоа изгледаше:
А, сега отиде чекор понапред, па со нејзината најнова кореографија заработи чиста десетка и силни овации од публиката.

Во знак на благодарност за работата на дежурните служби во новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот на општина Радовиш, Конзулов, на Полициската станица и подари компјутер и им посака компјутерот добро да ги служи.
“Посакувам да си го служат создравје и да може дисциплината во Радовиш да се подигне на повисоко ниво, граѓаните да бидат безбедни и мирни и полициската станица на чело со командирот прави добро…”, вели во изјава за “Телевизија Кобра” градоначалникот на Радовиш.
Кoмандирот на полициската станица Крстев, изјавил дека ова многу ќе им значи него и на полициските службеници”.