дома блог страница 3217

Вевчанец втор пат по ред го фати Светиот крст во водите на Охридското Езеро

Иван Лотески, Вевчанец по потекло од охродски Варош го фати крстот за Водици во водите на Охридското Езеро.

Лотески и лани го фати крстот во Охрид. Тој посака среќа и здравје за себе и семејството.

– Не очекував и оваа година, многу сум изненаден. Имав среќна година, се надевам дека и оваа пак, изјави Лотевски пред камерите.

Тој заедно со својата тајфа пеејќи ја песната на Богојавление, се упати кон владиката Тимотеј, кој треба да го дарува, по што традиционално, учесниците во манифестацијата се собираат во ресторанот „Св. Софија“ во Охрид.

По ова, фаќачот на крстот тргнува куќа по куќа, за да ја сподели радоста и да им донесе среќа со светиот крст на домаќините.

Голман кој го освои светот: Ја фрли топката цели 70 метри – големите клубови би го посакале во тимот (Видео)

Во рамките на третото коло од групната фаза на Азискиот куп се сретнаа репрезентациите на Иран и Ирак. Натпреварот заврши без голови, но двата соседи продолжија во наредната фаза.

Еден момент од овој меч го воодушеви целиот свет. Хит на натпреварот беше голманот на Иранците, Алиреза Беиранвада, кој успеа да ја уфрли топката цели 70 метри.

Вакво нешто ретко се гледа, а особено може да користи за контри.

Погледнете:

Најдобар лек против холестерол и висок крвен притисок

Неодамна научниците го потврдија тоа што е откриено уште пред еден цел век – природен лек за регулирање на притисокот и холестеролот.

Се што ви е потребно главно веќе го имате во куќата: лук, ѓумбир, јаболков оцет и лимонов сок. По желба можете да додадете и мед.

Прво е неопходно сите намирници правилно да ги подготвите. Изрендајте прво едно чешне лук и едно парче ѓумбир и ставете ги во чинија. Потоа додадете лажица јаболков оцет, лимонов сок и мед. На крајот се убаво измешајте и оставете ја смесата во фрижидер пет дена.

Пред секој оброк земајте по една лажица од овој еликсир, но не повеќе од три лажици дневно. По недела дена слободно можете да одите на контрола кај вашиот доктор. Ќе се изненадите од вредностите на вашиот притисок и холестерол.

Фотографија која го освои светот: Човекот има богатство од 100 милијарди долари и чека во редица за хамбургер

Мајк Галос, поранешен вработен во компанијата „Мајкрософт“, објави фотографија на која може да се види како Бил Гејтс чека во ред за бургер пред сендвичарница во Сиетл.

-Кога вредиш околу 100.000.000.000 долари, ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на светот и чекаш во ред за бургер, помфрит и Кола во „Дикс“ како и сите ние… Вака се однесуваат богатите луѓе, за разлика од позерот со златна школка во Белата куќа, напиша Галос под фотографијата која е споделена над 16.000 пати.

Ова е веќе алармантно и страшно! Прилеп со најзагаден воздух во Македонија – мерната станица покажува застрашувачки резултати

Мерната станица за квалитет на воздухот во Прилеп, деновиве покажува алармантни резултати. Веќе неколку вечери по ред Прилеп е со најзагаден воздух во Македонија.

Синоќа во 20:00 часот станицата покажа огромни 816 ПМ-10 честички на метар кубен, што го надмина и резултатот од четвртокот кога во 22:00 часот, мерната станица покажа исто така енормни 716 ПМ-10 на метар кубен.

Прилепчани се жалат дека загаденоста се чувствува особено во вечерните часови кога воздухот буквално мириса на саѓи, а дишењето е целосно отежнато.

Ако пред локалните избори, главното ветување на актуелниот градоначалник од СДСМ беше чист воздух и чиста животна средина, сега нема никаква стратегија и мерки за справување со оваа опасна по живот загаденост на воздухот.

Фото: “Прилеп преплавен со вакви флаери? Ова ли го ветувавте? Народот тотално разочаран”

Прилеп преплавен со флаери.

На флаерите покрај партискиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, се наоѓаат и фотографии од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пратениците од Прилеп Хари Локвенец и Кети Смилеска, како и од градоначалникот Илија Јованоски.

Под фотографиите стои: “Добар ден во двојазичен Прилеп, во Република Северна Македонија, ние си го одработивме нашето”.

 

(Видео) Самка Ибраимоски и градоначалникот им ветуваа се’ во “Тризла”, но не било така??

Над триесетина семејства од ромската населба „Тризла“ во Прилеп, веќе еден месец периодично, а последниве десетина дена и редовно, електрична енергија во своите домови добивале само по два часа дневно. Причината за ваквата состојба бил извесен дефект во локалната Трафостаница, за кој, екипите на ЕВН не можеле точно да кажат кога ќе бил трајно отстарнет, објави Алфа.

Нередовното, двочасовно снабдување со струја, освен што им го комлицирало секојдневието во овие зимски услови на минусни температури, предизвикало и бројни дефекти кај домашните уреди. Револтот и загриженоста кај овие луѓе стануваат уште поголеми и заради престојниот почеток на второто полугодие за учениците.

Од ЕВН, ги отфрлаат овие обвинувања, правдајќи се дека таквата состојба било последица на кражбите на струја кои биле евидентирани во оваа населба.

Инаку, прилепската ромска населба „Тризла“, во предизборието беше една од најексплоатираните од страна на сегашната власт по однос на решавањето на бројните проблеми со кои се соочуваат нејзините жители, меѓу кои и со квалитетното напојување со електрична енергија.

Прилогот на Алфа, погледнете го во продолжение

Каролина Дурло

И се гледа крајот и на оваа зима – временска прогноза до крајот на јануари

Денешните ниски температури се чини ќе бидат последниот удар на оваа зима. Студено ќе биде и понатаму но температурите нема да одат толку длабоко под нулата како во последните неколку недели.

Веќе од утре се најавуваат околу 1 степен под нулата минимални температури во Скопје, а од почетокот на идната недела ќе има и денови кога нема да се регистрираат негативни температури.

Тоа ќе биде последица од наоблачувањето кое се очекува од понеделник и кое треба да донесе главно дожд, а само на повисоките места снег.

Најтопло до крајот на овој месец ќе биде кон средината на идната недела кога се очекуваат максимални 8 степени, а минималните температури ќе останат над нулата.

Еден исклучително студен ден ќе имаме на крајот од идната недела за кога се очекува преодно разведрување. Доколку се исполнат прогнозите и денот биде ведар, се очекува ноќта температурата да падне и под минус 15.

Но, ваквата состојба според синоптичарите нема да се задржи долго бидејќи се очекува ново наоблачување кон крајот на месецот кое повторно ќе ги подигне температурите.

(Видео) Дачиќ му ја запеа на Путин познатата песна “Каљинка”: Граѓаните сега го бараат претседателот на Порторико за министерот да ја запее “Деспасито”

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ е познат по неговите уникатни пречеци, кога се во прашање посетите на лидерите на земјите од светот во Србија.

Дачиќ не го испуштил моментот, па за време на вчерашната посета на рускиот претседател Владимир Путин во Белград, му ја запеал популарната руска песна “Каљинка”.

Граѓаните на Србија коментираа на Фејсбук дека едвај чекаат во посета на Србија да дојде претседателот на Порторико, па Дачиќ да ја запее “Деспасито”.

Погледнете:

Дурловски на Фејсбук побара правда за Саше

Оперскиот пејач Игор Дурловски на својот фејсбук профил објави фотографија со натпис: “Правда за Саше”.

Не е познато дали Дурловски со оваа фотографија мисли на новинарот Саше Ивановски, кој се пожали дека со нож би нападнат од неговата сопруга.