дома блог страница 3216

Путин традиционално за Водици влезе во ледените води (Видео)

Рускиот претседател Владимир Путин учестуваше во овогодинешното Богојавленско капење и се нурна во ледената вода, соопштуваат од Кремљ

Како што се наведува, тој тоа го направил во еден храм во Подмосковљ.

Минатата година Путин исто така влезе во ледените води во езерото Селигер северно од Москва.

Како што соопшти портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, рускиот претседател тогаш прво ја отслушал литургијата а потоа влегол во езерото.

Ѓорчев за Водици во Прилеп: Му честиташе на Бобан кој беше најсреќен помеѓу 105 учесници (Фото)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев денеска за Водици го посети Прилеп и присуствуваше на фрлањето на Светиот крст.

Тој му честиташе на 22-годишниот Бобан Јосифоски, кој беше најсреќен помеѓу 105 учесници.

“Во Прилеп скокнаа по крстот 105 момчиња. Најсреќен беше Бобан (22). Честитки до него и неговите другари.

Нека ни е за многу години празникот Богојавление. Бог се јави, навистина се јави”, напиша Ѓорчев на Фејсбук.

Транспаренти со пораки до Заев и СДСМ: Граѓаните од Водици со порака до власта – “Едно име имаме, Македонија”, “Никогаш Северна, секогаш Македонија”.

Граѓаните уште еднаш ја искористија приликата да му испратат порака на Зоран Заев и власта која насила го промени Уставното име на Р.Македонија, да порачаат дека оваа земја е Маекедонија, а не Северна Македонија

Со транспаренти прикачени на мостовите, и меѓу присутните на Богојавленските церемонии низ државата, граѓаните и испратија порака на власта:

„Никогаш Северна, секогаш Македонија!“, „Едно име имаме, Македонија!“ и „Македонија вечна!“.

Десетти пат се фрлал по Светиот крст и конечно успеа да биде најсреќен: 22-годишно момче го фати Светиот крст во Прилеп

Фото/printscreen

Како и секоја година и оваа големиот христијански празник Богојавление – Водици во Прилеп дочекан масовно.

Голем број прилепчани го проследија фрлањето на Светиот крст, а манифестацијата се одржуваше во Аква паркот “Салида”.

Иако прво беа пријавени 98 кандидати, вкупната бројка на учесници достигна 105. Од нив оваа година најсреќен беше 22-годишниот Бобан Јосифоски.

Јосифоски десет пати се фрлал по Светиот крст и конечно оваа година беше најсреќен и успеа да биде прв.

Помеѓу учесниците имаше и 14 девојки, од кои најмладата е родена 2005 година, а најмладиот учесник беше момче родено 2007 година.

Прилепчани верни на традицијата за Водици: Дворот на Стара црква исполнет до последно место уште рано наутро (Видео)

Со утринска литургија која започна во 04:00 часот утрово во црковниот храм Св. Благовештение – Стара црква, започна празнувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици во Прилеп.

Прилепчани и оваа година верни на традицијата, па уште не разденето се упатија кон најстариот храм во градот.

Tрадицијата за Водици продолжи и во Битола: Прв до Светиот крст е Јове Стојчевски

И годинава традицијата на Водици продолжи во Битола.

По утринската служба во храмот Св.Великомаченик Димитриј, пред голем број верници во дворот на црквата се фрлаше светиот крст – jaвува “Teра Телевизија”

Годинава беа пријавени 30 лица, меѓу нив и една девојка.

Најсреќен да го најде крстот беше 22 годишниот битолчанец  Јове Стојчевски, кој по петти пат скокаше по Светиот крст.

„Пет пати сум скокал по крстот, годинава за првпат успеав да го фатам. Се надевам дека годината ќе ми биде многу среќна”, рече Стојчевски.

Извор: ТЕРА

Мицкоски за Водици меѓу православните верници во Охрид, со икона го даруваше момчето кое го фати Крстот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод денешниот празник беше во Охрид. Тој од Охрид испрати честитки до сите верници, и пораче дека оваа година треба да престанат сите омаловажувања, порази и понужувања и посака сите да се обединиме за подобра иднина на Република Македонија.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од пораката и ијзавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Почитувани,

Дозволете ми да од мое лично име но и од името на ВМРО-ДПМНЕ на Синодот, на пресветото свештенство, монаштво, на сите православни верници да им го честитам овој голем христијански празник. Да им посакам здравје, среќа, бериќет, успеси, насмевки за нив и нивните семејства. Оваа година повеќе да се радуваме од минатата година. Да имаме повеќе успеси како граѓани на Република Македонија, а не порази и понижувања.

И исто така би сакал да му го честитам успешното фаќање на крстот на најсреќниот помеѓу православните верници кои што денеска во водите на Охридското езеро се разбира се дадоа во потрага по крстот. Да му посакам нему здравје, среќа, успех и на неговото семејство се разбира.

И како што кажав оваа година и сите оние порази, понижувања и омаловажувања што ни се случуваа во минатото да исчезнат и да бидеме пообединети, посплотени, да како луѓе се почитуваме и се погласно да ги кажуваме нашите мислења затоа што само со една јасна критика ние политичарите но и целата држава може да се стреми кон поголеми успеси и подобра иднина за сите граѓани во Република Македонија.

Бог се јави!

Навистина се јави!

Нека ние среќен и вековит денот!

Вевчанец втор пат по ред го фати Светиот крст во водите на Охридското Езеро

Иван Лотески, Вевчанец по потекло од охродски Варош го фати крстот за Водици во водите на Охридското Езеро.

Лотески и лани го фати крстот во Охрид. Тој посака среќа и здравје за себе и семејството.

– Не очекував и оваа година, многу сум изненаден. Имав среќна година, се надевам дека и оваа пак, изјави Лотевски пред камерите.

Тој заедно со својата тајфа пеејќи ја песната на Богојавление, се упати кон владиката Тимотеј, кој треба да го дарува, по што традиционално, учесниците во манифестацијата се собираат во ресторанот „Св. Софија“ во Охрид.

По ова, фаќачот на крстот тргнува куќа по куќа, за да ја сподели радоста и да им донесе среќа со светиот крст на домаќините.

Голман кој го освои светот: Ја фрли топката цели 70 метри – големите клубови би го посакале во тимот (Видео)

Во рамките на третото коло од групната фаза на Азискиот куп се сретнаа репрезентациите на Иран и Ирак. Натпреварот заврши без голови, но двата соседи продолжија во наредната фаза.

Еден момент од овој меч го воодушеви целиот свет. Хит на натпреварот беше голманот на Иранците, Алиреза Беиранвада, кој успеа да ја уфрли топката цели 70 метри.

Вакво нешто ретко се гледа, а особено може да користи за контри.

Погледнете:

Најдобар лек против холестерол и висок крвен притисок

Неодамна научниците го потврдија тоа што е откриено уште пред еден цел век – природен лек за регулирање на притисокот и холестеролот.

Се што ви е потребно главно веќе го имате во куќата: лук, ѓумбир, јаболков оцет и лимонов сок. По желба можете да додадете и мед.

Прво е неопходно сите намирници правилно да ги подготвите. Изрендајте прво едно чешне лук и едно парче ѓумбир и ставете ги во чинија. Потоа додадете лажица јаболков оцет, лимонов сок и мед. На крајот се убаво измешајте и оставете ја смесата во фрижидер пет дена.

Пред секој оброк земајте по една лажица од овој еликсир, но не повеќе од три лажици дневно. По недела дена слободно можете да одите на контрола кај вашиот доктор. Ќе се изненадите од вредностите на вашиот притисок и холестерол.