дома блог страница 3213

Психолошка игра

Koлумна на Маја Славева за порталот “Денешен.мк”

Прв и најважен чекор во психополитиката на комунизмот е во културниот живот на „пријателот“ да се создаде неред.

Целите на комунистите најдобро се остваруваат во атмосфера на неред, недоверба, економска депресија и на метеж во научните кругови.

Тоа се создаде во Македонија како држава, во последниве скоро 2 години. Изгубен политички систем, со изгубени правни начела, чести задолжувања и позајмици во економијата, а науката сведена на минимум. Дури и оние кои веруваа во новиот живот, ја сфатија горчината на лагите и реалноста им се одби од глава. Долгата позиција во опозиција ги зашемети јасните гледишта на сегашната власт која ја води државата без добиени избори. Но, примената на психополитиката ја започна доста порано за да го подготви теренот за да ја восприеми науката која си играла во држави како Америка и Русија, а Македонија навидум им беше еден доста лесен залак за делување.

Работеа многу, до тој степен да загосподарат со умот и телото на секоја влијателна личност во македонскиот народ. Почнаа со #Протестирам, кои бараа „правда, еднаквост“, оставки од тогашната владејачка структура. Протестираа против „полициската бруталност“, па бараа „правда за студентите“ со тоа што ги окупираа факултетите. Оние најгласните за студентските права кои ги предводеа протестите под мотото #ПоздравПленумци, сега се седнати удобно во пратеничките клупи, додека студентите преживуваат по студентските домови. Изиграни и изневерени, студентите повеќе не веруваат на гласни „херои“ кои се сега пратенички молчеливи „риби во аквариум“. Голтнати и искористени од системот кој им делегираше задачи, а сега ги замолкна.

Паметиме повредени полицајци, понижувани и навредувани, но горди. Паметиме демолирана и запалена канцеларија на Претседателот. Паметиме жив ѕид од граѓани кои го чуваа Уставниот Суд од збесната толпа на протестанти. Го паметиме Скопје обоено во шаренило од лицемерни фрлачи на боја со сила на раздор, лицемерие и аздисаност. Сето тоа финансирано од еден извор кој ги пушти пипците и ги држеше конците врз активностите на сегашните министри и пратеници. Новинари, јавни личности, актери, професори, самопрогласени граѓански активисти, адвокати, судии, политичари, аналитичари наголемо креираа искривена слика за реалноста под палката на стратезите. Планот мораше да успее.
Преку врева, опустошување, понижување и рушење бараа демократија, нудеа живот и истите тие донесоа демоНкратија. Тргнувајќи од фактот дека човекот е колективно „животно“, кое се држи заедно со другите единки за да се заштити од заканите кои го демнат во опкружувањето, нарачателите го групираа и го контролираа со специјални техники за да ги насочат нивните хирови кон скоро самоуништување.

Бруталноста која ја спроведуваа по секоја цена како оправдување дека се навидум жртви на некаков режим, беше една од мерките да обезбедат покорност на сите кои им се придружија.

Слепата доверба на народот во новиот „Месија“ психолошки му се наметна на народот.

Флоскулата „едно општество за сите“ се претвори во општество без Македонија и Македонци.

Деградирањето на македонскиот народ е подобро од негово целосно физичко истребување. Сосема оправдано во мерките на владеење на комунизмот и далеку почовечно од соочување на човекот со смртта. Не знам колку сме сите свесни, но овојпат не’ покоруваат без војна, со воспоставување на целосна контрола врз народот.

Оној глобализам за кој се залагаат е како другата страна на паричката од комунизмот.

Ова ќе ни биде ука за никогаш повеќе. Ова ќе ни биде поттик за да се бориме против овие психополитички игри кои колективно ни ги наметнуваа. Вие што ги прифативте, не сте вие виновни, бевте изиграни. На наредни избори, да внимаваме. Сите, колективно и свесно, да се зачуваме и заштитиме од лажни преданија, лажни пророци и лажни ветувања.

Извор: “Денешен.мк”

Емоции еден тон: Погледнете ја реакцијата на бебето со проблеми во слухот откако за првпат ќе го слушне гласот на својата сестра

Керол Дајен Бенџамин, мајка на две деца од Мадисон објави на Интернет снимка од својата ќерка Скарлет откако за првпат го слушна гласот на својата постара сестра.

Ова видео за краток период стана вирално па досега е прегледано повеќе од 161.000 пати и доби повеќе од илјада реакции.

Имено, малата Скарлет е родена три месеци пред време и Керол знаела дека опоравувањето после неколку здравствени компликации ќе биде долг за нејзиното бебе.

-Како што знаете Скарлет се роди три месеци претходно. На крајот добила некротизирачки ентероколитис и инфекција на желудникот, а антибиотиците го предизвикуваа губењето на слухот, рекла мајката.

Родителите на Скарлет не сфатиле дека има проблем со слухот. Дури кога малата Скарлет во 11 месец од животот го доби својот прв слушен апарат, нејзината мајка стана свесна колку слабо слушала Скарлет пред него.

-Дотогаш Скарлет реагираше на поголемиот дел од звуците па мислевме дека слуша добро. Дури после ова што го видов денес, знаев дека таа всушност не слуша толку добро, рекла Карол.

Нејзината реакција ги воодушеви сите на социјалните мрежи.

Горивата поскапуваат: Ова се новите цени

Регулаторна комисија за енергетика ја донесе одлуката за нови цени на бензините.

Со денешната одлука на Регултароната комисија за енергитка, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 7,41%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 3,50 ден/лит, односно за 4,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,573 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 29,522 ден/кг.

Вработените од “Еурокомпозит” протестираат пред Влада – можно е да постават и шатори

Вработени во прилепската фабрика „Еурокомпозит“ денеска протестираат пред Владата, барајќи исполнување, на, како што велат од синдикалната организација, ветувањата за исплата на заостанатите придонеси, плати и отпремнини. Поради протестот е блокиран сообраќајот на улицата пред владината зграда во двата правца.

Роберт Богдановски, претседател на синдикалната организација на „Еурокомпозит“ изјави дека бараат средба со премиерот Зоран Заев или вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и оти зависно од развојот на настаните ќе продолжат со протестите. Не е исклучено, како што вели, и да постават шатори.

Повеќе информации прочитајте ТУКА

За една недела по втор пат ограбена иста бензиска пумпа во Прилеп?

На 14.01.2019 година во 22.25 часот било пријавено дека две непознати лица извршиле разбојништво на бензинска пумпа на улица „Александар Македонски“ во Прилеп и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 36.000 денари и мобилен телефон – информираа тогаш од МВР.

Како што дознаваме според неофицијални информации, истата бензиска пумпа синоќа повторно била ограбена.

Засега не е познато за колкава штета се работи овојпат и кои се сторителите.

Повеќе информации подоцна!

Временска прогноза за оваа работна недела

Времето денеска ќе биде променливо облачно со магла по одделни котлини.

Утринските температури ќе се движат од -6 до нула степени, а дневните од 2 до 10 степени.

Дневните температури ќе бидат над нулата: Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово и Берово 22, Крива Паланка и Битола 3, Охрид 6, Кавадарци 7, Дојран 9 степени…

И утре времето ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини, и со повремени локални врнежи од дожд и снег. Максималните дневни температури ќе се движат од 1 во Берово, 2 во Маврово, 5 во Скопје, 6 во Охрод до 8 степени во Дојран.

Во наредните денови се очекува променливо облачно време со поверемни локални врнежи од дожд на пониските места и снег на повисоките места и планините. Во втората половина од неделата врнежите се очекува да бидат пообилни.

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” Прилеп

Вo недела 27 јануари со почеток од 12.00 часот во театарот „Војдан Чернодрински“, најмалите љубители на театарот ќе имаат можност да ја проследат претставата „Авантурите на Пинокио“

Од театар ги покануваат сите деца да дојдат и да поминат прекрасни моменти со фантастичната пиеса во режија на Дарко Ковачовски.

Резервации на влезници на 076 442 378.

Македонскиот министер за одбрана му фати сеир на Лино Червар

Репрезентацијата на Бразил вчера приреди вистинска сензација на Светското првенство совладувајќи ја фаворизираната Хрватска.

Бразилците така го направија најголемото изненадување досега на шампионатот.

Познато е дека македонскиот голман Борко Ристовски не е во најдобри односот со селекторот на Хрватска, Лино Червар, па голманот овој пораз на Хрватска го искористи за „фаќање“ сеир на Червар.

Пожар во куќа во Прилеп

На 20.01.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во Прилеп на улица „Димче Антулески“ во куќа сопственост на С.М.(77).

Од екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат.

Од пожарот целосно била опожарена дневната соба и уште една помошна просторија со мебелот.

Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.

“Наставниците и професорите ќе штрајкуваат??”

Неколку дена пред почетокот на второто полугодие, Синдикатот за образование се заканува со штрајк поради неисполнување на нивните барања, јавува Алсат.

Наставниците се револтирани поради ниските плати и сведувањето во категоријата социјални случаи. Првиот синдикалец, Јаким Неделков, за телевизијата изјави дека Владата ги игнорира нивните барања.

Загрижувачко за првиот синдикалец е и заминувањето на наставниците во западните земји заради подобри услови за живот.

Првиот протест е најавен за 26 јануари во Штип.