Лидерот на радикалите Војислав Шешељ откри како успеал да го прејде обезбедувањето и да се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин.
Тој по секоја цена сакал да се ракува со Путин и затоа уште во утринските часови се скрил во магацинот на црквата Св.Сава во Белград.
Во црквата стигнав пет часа порано.Беше загушливо во магацинот од вентилацијата.Седев на столица и дехидрирав.Устата ми се исуши, но не смеев да излезам надвор бидејќи имаше многу полиција.Однеднаш им се појавив на претседателите.Сите беа изненадени. Му се претставив на Путин а тој знаеше за мојот престој во Хаг-раскажа Путин.
Што се’ се подготвени луѓето да направат од својот изглед за да бидат уникатни и да привлечат внимание.
Различните желби и апетити не се проблем за овој фризер, кој прави вистински чуда и може да нацрта се’ што би замислиле, притоа користејќи машинка и жилет.
Од холивуд, до Таџ Махал, па дури и Тајната вечера…. замислете го сето тоа на вашата глава…
Џорџ Ален (46) е роден во Детроит, Мичиген, по потекло е Македонец. Неговите родители од Македонија се преселиле во САД, но не ги заборавиле своите корени. А, за Македонија се интересира и нивниот син Џорџ.
Алан е познат модел и актер и иако има 45 години, се уште важи за еден од најфотогеничните машки модели. Од актерската кариера најпознати се неговите епизодни улоги во „Lost”, „Criminal Minds”, „24“, „Friends“, „Castle“, „Entourage“, „Charmed“, a моментално кај нас е актуелен со серијата која се дава на „Фокс“ каналот- „Grandfathered” каде што го глуми двојникот на Џон Стамос.
На 16 години додека шетал во еден трговски центар, бил забележан од моден скаут кој му ги отворил портите кон светот на модата. Почнува да работи во Мајами, Њујорк, Милано, Азија, Чикаго, Париз. Покрај моделството, работи и како фотограф за списанието „Елите“ и за неколку модни агенции.
Пред две години Џорџ вплови и во режисерските води, со комедијата – „My big fat fake Hollywood life”. Покрај тоа што е режисер, Алан ја игра и главна улога во филмот.
Актерот со македонско потекло вели дека никогаш нема да му прости на Оливер Стоун што во филмот за Александар Македонски, режисерот го престави големиот војсководец како момче со руса коса.
Дарко Недев, момчето кое го фати крстот во Кавадарци заедно со навивачката група Лозари Исток успеаа да соберат нешто повеќе од 81.000 денари кои ќе бидат донирани за 15-годишната Драгана Малкиќ, која има потреба од операција на окото.
“Ви благодариме на сите кои денес се вклучивте во хуманитарната акција за помош на Драгана Малкиќ. Собрани се повеќе од 81 000 денари кои Дарко Недев и членовите на навивачката група Лозари им ги предадоа на семејството Малкиќ.
Сепак, нашата акција не застанува. На семејството им се потребни уште 5000 евра за итната операција. Затоа, сите кои сте во можност донирајте на следната жиро сметка 280109104095596”, напишаа Лозари на Фејсбук.
Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп на стартот од Новата година доби нов вршител на должност.
На местото на досегашниот директор Ѕвонко Јованоски, беше именувана е Ирена Станковска, која зад себе има дваесет годишно работно искуство, а на оваа позиција доаѓа од раководното место во Секторот за финансии во Локалната самоуправа.
Според информациите, досегашниот директор Јованоски, ќе биде имануван за советник во Локалната самоуправа, во делот на координација со јавните претпријатија.
Тој на позицијата директор во ЈКП “Koмуналец” беше една година.
Јованоски во неколку наврати преку прес-конференции информираше дека ЈКП “Комуналец” за една година станало пример од јавно претпријатие во државата.
Меѓутоа и покрај тоа, Јованоски беше променет од вршител на должност.
Се поставува прашањето, како може да биде променет, а истовремено да биде поставен за координатор на јавните претпријатија?
Иако од општина Прилеп сеуште нема објаснување зошто е променет директорот на ова јавно претпријатие, според логика на нештата директор се променува кога тој не покажал резултати во работата или направил некоја голема грешка….
Сепак, кога СДСМ и нивните кадри се во прашање, народот се навикна да гледа ситуации во кои за нивните екс директори, министри, раководители, се измислуваат нови и нови работни места, а сето тоа на сметка на обичниот граѓанин.
Кинеските газди стануваат се посурови во борбата за профит. Па така еден сопственик на козметичка фабрика не бил задоволен од работата на своите работници и од залагањето па смислил оригинален начин да ги казни.
Тој им наредил сите да ползат наредени еден позади друг низ целиот град. Работниците во страв дека ќе бидат отпуштени го послушале.
Претседателот на СДСМ со село Лисичани во општина Пласница објави видео на кое објаснува дека некој ја променил бравата од штабот на партијата и бара МВР да реагира и да ги пронајде сторителите.
На привезокот на клучот кој не пасуваа, се смее ликот на вицепремиерката Радмила Шеќеринска.
Видеото за кратко време стана популарно на социјалните мрежи, погледнете:
Даниел Стефановски на 15 јуни ќе се бори за светската титула на ВКУ во К-1 во Цирих – Швајцарија.
Стефановски истакнува дека противникот се уште не е познат, но дека борбата е закажана на настанот Гладијаторс најт.
Стефановски минатата година ја освои шампионската титула во К-1 суперкомбат и тоа не било како.
Тој до победата тогаш дојде на супер убедлив начин, совладувајќи го својот противник Аделин Михала од Романија со нокаут после само 101 секунда од борбата.