дома блог страница 3211

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бара престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владеачкото мнозинство.

-Имено, Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност. Ваквото брзоплето и несериозно носење на Закон за трговија на зелени пазари денес во пресрет на изборен процес очигледно не им одговара на СДСМ, па сега одлучиле одложување на стапувањето на сила на законот за после изборите. Повторно една провидна мерка која не ги решава проблемите на пазарџиите кои што протестираа за ова штетно решение на СДСМ. Да бидеме јасни, СДСМ со одложувањето на примената на Законот не го решава проблемот на пазарџиите туку само го пролонгира се со цел да не претрпи политичка штета за предстојните избори, истакна денес координаторот на оваа пратеничка група Никола Мицевски.

Мицевски потенцира дека од ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба со сите засегнати страни со цел изнаоѓање на најдобро можно решение.

-Од друга страна, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесеме Закон за престанок на законот за трговија на зелените пазари со што сакаме да овозможиме оваа проблематика да се разгледа одново, да се слушне мислењето на пазарџиите, на експертската јавност, на пратениците од опозицијата и заедно да направиме едно квалитетно решение во интерес на пазарџиите. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе бара да се одржи и јавна расправа во рамките на Комисијата за економски прашања на која би се изнеле разни ставови и решенија. Исто така сакаме да најавиме дека во најбрз временски период претставници и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба со сите засегнати страни со цел изнаоѓање на најдобро можно решение, истакна тој.

Свадбена носија од Мариово цел ден се прикажувала на “Tajмс Сквер” во Њујорк (Видео)

Мариовска свадбена носија со слоганот “Maкедонија: Прекрасна, пријатна, фасцинантна! Истражи ја македонската културна уметност”, цел ден се прикажувала на видео панел на познатиот “Tajмс сквер” во Њујорк.

Во описот на видеото кое го испратија од Обединетата македонска дијаспора стои благодарност до Македонскиот совет за уметност и директорката Павлина Проевска.

“Алими има пресс на албански, а Горан Милески и Координаторот на СДСМ само климаат со глава и потврдуваат??” (Видео)

Пратеникот Ејуп Аљими од ДУИ на денешната прес-конференција на која зборуваше за Законот за пазарите, се обрати само на албански јазик, иако првично требаше да зборува на двата јазици, пишува порталот pressingtv.mk

Откако новинарите во прес-центарот во Собранието реагираа и бараа тој да се обрати и на македонски јазик, претседателот на ЛДП и пратеник, Горан Милевски обидувајќи се да го одбрани најави дека Ејупи ќе зборува и на македонски, но ништо од ветувањата. Аљими ја напушти салата.

Двајца жители на прилепско заработија kpивичнa од полицијата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против В.Р.Б.(41) од село Големо Радобил, прилепско за сторено кривично дело „кражба“ и против Н.К.(24) од село Бузалково, прилепско за сторени кривични дела “помагање” во врска со „кражба“ и кривично дело „прикривање“.

На 01.11.2018 година, второпријавениот го ангажирал првопријавениот да изврши превоз на бесправно исечени букови огревни дрва, за кои истиот набавил лажна испратница од ПШС „Црн Бор“.

По ова, истиот ден во Прилеп, од страна на полициски службеници при преглед на товарно моторно возило „Мерцедес“, управувано од првопријавениот, биле пронајдени огревни дрва, за кои испратницата била несоодветно изготвена.

При тоа, од страна на полициските службеници било констатирано и дека второпријавениот не поседувал содветна лиценца за превоз на стока издадена од Министерството за транспорт и врски.

(Видео) Јапонците заиграа на “Мајсторе, мајсторе”: Се фатија за оро и растурија!

Очигледно македонската народна музика не е популарна само по македонските кафеани и истата се слуша и на нејзе се игра и на другиот крај на светот. Јапонците се фатија за оро и растурија на познатата песна ,,Мајсторе, Мајсторе”.

„ЛИДЕР“: Од Диво Насеље до советник во Владата?

Беким Алиу од Куманово – кој за време на нападот во Диво Насеље (2015) на те рористите преку фејсбук им ги откриваше позициите на полицијата а во исто време е ветеран тер орист на ОНА од војната во 2001 – бил поставен на советничка позиција во владата, се сомневаат во изјава за „Лидер“ луѓе од владејачката СДСМ.

Изворот на порталот е незадоволен од тоа што Алиу, кој тој го нарекува „Терорист“, гордо се шета во зградата на владата, додека голем дел од активистите на СДСМ и покрај далеку повисокото обрзование седеле невработени.

-Терористов којзнае дали има завршено и средно, а гордо облечен во одело се шета во владата. Се сомневаме дека е вработен како советник во владата на Република Македонија за што се фали на Фејсбук, вели изворот на „Лидер“.

На неговиот Фејсбук профил тој јавно се пофалил за неговото вработување како „Советник во Владата на Република Македонија“.

Целата вест, прочитајте ја на ЛИДЕР.

Запалено возило и мотор синоќа во Прилеп? Безбедноста на нула, градот живее во страв?

Синоќа на улица “Самоилова”, непознат стотител насилно откорнал дел од ламатината на гаражата во населбата “Точила” и ги опожарил двата моторни објекти.

Ова е трет ваков случај оваа година. Огромен број на разбојништва, грабежи во “Макпетрол”, спектакуларен грабеж во Старата чаршија се само дел од причините за загриженост и страв кај прилепчани.

На кое “дереџе” падна Барселона: Ангажираа фудбалер на Сасуоло, а тој вели ќе постигнел погодок против Реал Мадрид

Поранешниот репрезентативец на Гана, Кевин Принц Боатенг ќе се пресели во Барселона, објави “Скај Спорт” во текот на вчерашниот ден.

Боатенг во Барса пристигнува на позајмица, а клубот ќе има можност да го откупи неговиот договор за 8 милиони евра на крајот од сезоната.

Познатиот новинар Фабрицио Романо на Твитер ја објави првата изјава на Боатенг, кој пред доаѓањето на Камп Ноу изјавил:

“Барса доаѓам! Тажен сум што го напуштам Сасуоло, но ова е одлична шанса. Не ме прашувајте за Реал Мадид…тоа е минато! Сакам само да се фокусирам на Барселона и се надевам дека ќе постигнам погодок на следното Ел Класико”.

Боатенг во својата кариера настапуваше за Херта, Тотенхем, Дортмунд, Портсмут, Милан, Шалке, Лас Палмас, Франкфурт и Сасуоло.

Тој во март ќе наполни 32 години, а најдобрите денови од кариерата ги имаше во АЦ Милан.

Врнежливи денови до крајот на неделата: Еве како ќе се движат температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини, и со повремени локални врнежи од дожд и снег.

Максималните дневни температури ќе се движат од 1 во Берово, 2 во Маврово, 5 во Скопје, 6 во Охрид И Прилеп до 8 степени во Дојран.

Во наредните денови се очекува променливо облачно време со поверемни локални врнежи од дожд на пониските места и снег на повисоките места и планините.

Во втората половина од неделата врнежите се очекува да бидат пообилни.

Еве какво време ги очекува прилепчани:

Лек кој го користиме сите, а не сме свесни за неговите штетни последици врз здравјето

Некои истражувања од порано покажуваат дека аспиринот може потенцијално да го намали ризикот од срцеви напади и рак, а некои пак укажуваат на тоа дека евентуалните непосакувани ефекти од аспиринот, како крварење и чир, ги ставаат во сенка неговите добри страни.

Сега, ново истражување објавено во магазинот „New England Journal of Medicine“, тврди дека секојдневното земање на аспирин може да понуди некои здравствени предности за постарите лица, но воедно им носи и потенцијални ризици.

Според конечните заклучоци од ова најново истражување, се чини дека константното користење на аспирин не придонесува во голема мерка за зачувување на здравјето кај постарите лица, како и тоа дека не го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Имено, навиката за редовно земање аспирин е поврзана со поголем ризик од обилно крварење и зголемување на стапката на смртност.

Во период од пет години, колку што и траеше ова истражување, научниците не открија значајни здравствени предности кај луѓето кои користат аспирин, а на поединечни испитаници им даваа и плацебо таблети за да ја тестираат и можноста за лажно чувство.

Помеѓу 920 лица кои редовно земале аспирин, голем број од нив умреле, односно станале инвалиди или развиле деменција, во споредба со 914 испитаници кои примале плацебо таблети.

Во споредба со плацебо групата, оние кои во ова истражување земале аспирин, заклучено е дека имаат поголем ризик од големо крварење и чести непосакувани ефекти од овој лек.

На крај, начуниците предупредуваат дека нивното истражување не се занимавало директно со тоа дали постарите лица кои се здрави, а кои користат аспирин за примарна превенција треба да продолжат или да прекинат со неговата употреба.