дома блог страница 3210

(Видео) Русин се прошета по замрзнато сибирско езеро: Со камера ја сними величенствената глетка, а еве зошто воопшто не се исплаши

Русин направи необичен подвиг одејќи по замрзнатото Бајкалско езеро во Сибир.

“Изгледаше како да одам на вода или на стакло. Сепак, знаев дека сум безбеден бидејќи дебелината на мразот беше околу 15цм”, вели тој.

“Може да се види дното на езерото, камењата и рибите. Како да сум во бајка”.

Бајкалското езеро е најдлабоко во светот и најголем резервоар за вода на Земјата.

“ЧЕСТИТАМ, ГРЧКИ НАРОДЕ!” – Пишува Протоереј Љупче Петрески

Респект за Вас, грчки народе. По 25 години „борба“, Вие ја добивте војната. Ние доживеавме апсолутен пораз. Невидена капитулација. Не’ здробивте. Го избришавте подот со нас. Не’ наполнивте со голови. Не’ нокаутиравте. Не’ превеславте. Не’ масакриравте. Не’ направивте будали, дотука бидува! Сега светот се подбива со нас. Успеавте да направите нешто што никој никогаш не направил…
Не, не, не … грешам. Простете. Погрешно се изразив.

Респект за Вас, грчки народе. По 25 години „борба“, Вие ја добивте војната. Затоа што ние се самопоразивме. Самите се победивме. Се здробивме самите себе си. Се дрецнавме од чименто. Го избришавме подот со сопствените фаци. Си дадовме автоголови. Се нокаутиравме самите себе. Си се превеславме помеѓу нас. Се поделивме како никогаш досега. Се масакрираме секојдневно. Самите се избламиравме. Направивме нешто што ниту еден народ не направил во историјата – се самоукинавме!

И сето ова го постигнавте, затоа што точно знаевте што сакате и се боревте за тоа. Сакавте Erga omnes – добивте! Баравте да се прекрстиме – се прекрстивме! Ја сакавте историјата на македонскиот народ – Ви ја дадовме! Сакавте нашата цивилизација да нема врска со античкото наследство – и тоа го извојувавте. Баравте нашиот идентитет да го самоидентификуваме како чисто словенски – добивте! Никогаш не признававте и нема да признавате македонска нација – и тоа Ви го овозможивме! Повеќе не сме македонци ами граѓани на Северна МАкедонија! Не’ нарекувавте иредентисти! Признаваме дека сме биле такви, со тоа што сите елементи што укажуваат на иредентизам ги отстрануваме од учебниците, имињата на спомениците, јавните објекти и институции ќе бидат отстранети и променети.
Ништо македонско не остана. Ниту „забетонираниот“ идентитет!

И, покрај сето ова, ВИЕ СТЕ НЕЗАДОВОЛНИ! Сакате повеќе. Се однесувате како да сте „оштетени“. Алал вера! Ви се восхитувам. Така се брани својот став.

Камо да имавме барем еден политичар сличен на Вашите! Барем да имавме „Д“ од Вашиот ДУХ!
Искрени честитки!

За ракија од казани, направена дома ќе се плаќа акциза!

Министерството за финансии го објави Предлог-законот за акцизите кој е во фаза на подготовка. Земјоделците кои од овошје и грозје произведуваат жестоки алкохолни пијалоци ќе смеат во текот на годината да произведат најмногу 1.000 литри чист алкохол. Според предложените измени, на произведената количина се плаќа акциза од 30 денари по литар жесток алкохолен пијалок со просечна јачина од 45 отсто. Според одредбите, земјоделците кои сакаат да прават ракија од грозје или од друго овошје и производот да го продаваат, должни се да се регистрираат во Царината.

„Целта на Предлог-законот е усогласување со директивите на Европската Унија од областа на акцизите. Воедно, во Предлог-законот се предлагаат нови системски решенија кои ќе стапат во сила со денот на применување на Предлог-законот, модифицирани системски решенија во однос на постојниот Закон за акцизите кои ќе стапат во сила со денот на примена на Предлог-законот, како и нови системски решенија кои ќе се применуваат со влез на Република Македонија во ЕУ“, посочуваат од Министерството за финансии.

“Каде е Стојанче и Општина Прилеп да се грижат за нашите трошоци како што ветуваа?? Прашаа бранителите на Совет”

На 22-та седница на Советот на општина Прилеп, која се одржа на 26.12.2018, беше разговарано по опсежен Дневен ред кој го сочинуваа 34 точки. Пред почетокот на седницата, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Стефаноски, побарал во дневниот ред да се стави и точка за ослободување од сметки за вода и комунални услуги, данок на имот и заостанати сметки и камати по истите, како и други погодности, за бранителите од Прилеп кои во 2001 година застанаа во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

“Вчера доставивме предлог до Претседателот на Советот за ставање точка на дневен ред што минатиот пат разговаравме, сега ви ја доставивме малце поопширно за донесување на повеќе одлуки. Односно станува збор за припадниците на безбедносните сили што учествувале во воениот конфлит 2001/2002 година во одбраната на македонскиот територијален интегритет и суверенитет. Поточно се однесува за ослободување од сметки за вода и комунални услуги, ослободување од данок на имот за објектите во кои што живеат, ослободување од заостанати сметки и камати по истите, ослободување од погребалните услуги за нив и за членовите на нивните семејства, преднос при носење во старски домови, одлука за ослободување на училишни екскурзии и сместување на нивните деца во основните и средните училишта и доделување на стипендии на најдобрите ученици од припадниците на безбедносните сили. Ова писмено ви го доставивме во вчерашниот ден, а мислиме дека може да се разговара, немаме директни импликации по Буџетот на Општина Прилеп, тие се јавуваат индиректно. Но, верувам дека може од овие некои предлози да бидат прифатливи и остварливи. Во наредната буџетска година да се планира и да се разговара. Кога можело во некои општини да бидат ослободени, па и овде стручните служби во општината, нека ги разгледаат малце подетално, нека направат една подобра анализа кои ќе бидат импликациите и колку ЛС и јавните претпријатија можат да го издржат сето ова. Затоа предлагам денеска да ја ставиме на дневен ред и да разговараме по точката”, истакнал Стефаноски.

Според стенографот од седницата на Советот, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на вака поставеното прашање од претседателот на Советот, меѓудругото добил одговор дека поднесеното барање е “штуро” и дека требало да се направи поопсежна анализа.

Македонската јавност неодамна беше сведок дека општина Сарај, донесе одлука сите поранешни војници на Ослободителната народна армија, кои се жители на општината, да бидат ослободени од комуналните давачки кон ЈКП “Сарај”.

Иако прилепските бранители го заштитуваа територијалниот интегритет и суверенитет во 2001 година, а многумина и го положија животот, засега вакви права за нив нема да има.

Останува да видеме, дали ќе биде доведена во прашање поддршката која актуелниот градоначалник, Илија Јованоски, ја добиваше од едно прилепско здружение на бранители пред локалните избори.

Покрај игнорирањето од локалните власти, нема ракција ниту од Националниот координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, Стојанче Ангелов.

Милан донесе уште едно скапо засилување: За младиот напаѓач ќе платат 35 милиони евра

АЦ Милан и Џенова постигнаа договор за преминувањето на младиот напаѓач од Полска, Пиатек – дознава “Калчомеркато”.

Според информациите на Фабрицио Романо, росоњерите за Пиатек ќе платат 35 милиони евра.

Полјакот ќе потпише 5-годишен договор, а неговата плата ќе изнесува 2 милиони евра по сезона.

Пиатек доаѓа во Милано откако росоњерите по само една полусезона се разделија со Гонзало Игуаин, кој кариерата ја продолжи во Челзи.

Новиот напаѓач на Милан во досегашниот тек на Сериа А има постигнато 13 погодоци, или само еден помалку од водечките стрелци Кваљарела, Запата и Роналдо кои имаат по 14.

Американецот кој беше ангажиран околу промената на името поднесе оставка

Фото/printscreen/youtube/Videography by Aleksandra Dukovska

Вес Мичел, помошникот државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, денес информираше дека поднел оставка од функцијата. Мичел, кој беше ангажиран во притисоците врз Македонија да се прифати договорот за менување на името, одбра соопштението го објави преку „Вашингтон Пост“, весник кој е на „воена нога“ со претседателот Доналд Трамп, но сепак инсистира дека причината за неговото повлекување е од личен, а не политички карактер – објави порталот “Република”.

Со навршувањето на втората година на оваа администрација, сметам дека реализирав се што сакав да направам, и дека ми е време повеќе да се посветам на моето младо семејство, на моите деца Весли и Шарлота. Целосно го поддржувам тимот во Стејт Департментот и работата што ја вршат, но моите деца доаѓаат на прво место, изјави Мичел за „Вашингтон Пост“.

Тој беше номиниран уште во мандатот на првиот државен секретар предложен од страна на Трамп, Рекс Тилерсон, кој откако беше отпуштен во март 2018 година стана критичар на претседателот. Мичел остана на функцијата и во мандатот на секретарот Мајк Помпео.

Мичел ја посети Македонија во март, а потоа и во септември, да ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот за менување на името. Откако граѓаните го бојкотираа референдумот, Мичел изрази разочарување од ставот на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак ги повика властите да го спроведат договорот со Грција. Мичел тогаш упати отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое оцени дека, независно од исходот на референдумот, партијата треба да гласа за преименувањето на државата. Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи договор кој „е отфрлен на референдумот од убедливо мнозинство од граѓаните, со кој се менува Уставот за да се промени името на државата, и со кој се бара од Македонците да се откажат од сите свои стекнати права“.

Мичел дојде во Стејт Департментот од аналитичката организација ЦЕПА, која важи за силен промотор на активна американска надворешна политика, пред се во сузбивање на влијанието на Русија во Европа. Во интервјуто за Вашингтон Пост, Мичел ги уверува новинарите дека претседателот Доналд Трамп останува посветен на американската улога во НАТО, и покрај бројните критики кои Трамп ги упати на сметка на оваа организација.

Извор: “Република”

(Видео) Како се тренираат командосите во Ирак – ако се помрдне еден милиметар готов е

За да се бориш со нови и нови терористички организации секоја година, треба да се има и силна подготовка.

Ирачките командоси се токму на такви маки, па за да заштитат својата татковина мораат најсурово и да се обучуваат.

Видеото во продолжение кое се појави на социјалните мрежи, докажува низ што се’ минува војската на Ирак за да биде подготвена и да застане на воените боишта на Блискиот Исток.

Сугарески: “Сега се гради најмногу во историјата? Дали е така си знаете вие…”

Фото/vlada.rm

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа заедничка прес-конференција на којашто Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов ги презентираа плановите за изградба на модерна патна инфраструктура за 2019 низ целата територија на Република Македонија.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески зборуваше подетално за плановите за изградба и рехабилитација на патишта во 2019 и во тој правец истакна дека ќе се вложат средства од над 1 милијарда и 200 милиони евра за изградба на патна инфраструктура во должина од над 700 км.

„Нашата цел е да нема отсечено населено место во земјава, да имаме добра и квалитетна инфраструктура каде економски бенефит ќе имаме сите ние граѓаните на Македонија. Но она што сакам јас да потенцирам е тоа што Програмата за 2019 година е уште пообемна. Околу четириесетина патни правци со вкупна вредност од преку 230 милиони евра и вкупна должина од 420 километри се подготвени за да се започнат со рехабилитација и реконструкција. Очекуваме со градежната сезона да ги ставиме во погон сите градежни компании и да се отпочне со рехабилитација на голем дел од нив.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов даде осврт на плановите и програмите што ги спроведува ова претпријатие и рече дека ЈПДП има спроведено тендерски постапки за рехабилитација на 39 патни правци кои веднаш во првиот квартал штом дозволат временските услови ќе отпочнат да се градат.

„Во 2019 се продолжува со изградбата на автопатиштата и експресните патишта со вкупна должина од 144 км и вкупна вредност од 770 милиони евра“, соопшти директорот Китанов и информираше дека преку Македонија пат се рехабилитираат уште 41 патен правец со вкупна должина од 93 км во износ од 9 милиони евра.

Откако стана хит на интернет пеејќи во кујната, куварот од Тајланд сега ја запеа “Tи, само ти” заедно со Марјан Коцев (Видео)

Македонскиот фолк пејач Марјан Коцев моментално се наоѓа на турнеја во Австралија, а неговиот престој во Сиднеј го искористи да се сретне со момчето од Тајланд, кое стана хит на социјалните мрежи пеејќи ја неговата песна “Ти, само ти”.

Коцев отишол во ресторанот “Скара Рама5” кој е во сопственост на битолчанецот Иле Моша и се сретнал со Том, момчето од Тајланд кое работи како кувар во овој ресторан.

Секако, Том и Коцев одново заедно ја запеаа песната и предизвикаа бура позитивни реакции на социјалните мрежи.

А, еве како Том сам уживаше во кујната со музиката на Марјан Коцев:

Вработени Тајландци кај македонски газда во Сиднеј пеат: “Ти, ти, ти само ти, ти ми лежиш на срце” (Хит Видео)

(Фото/Видео) Роналдо призна дека затајувал данок: Судот му одреди 2 години затвор и 19 милиони евра kaзна

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо се спогоди со судот во Мадрид околу oбвиненијата за избегнување на данок, со што се согласи на парична казна од 18.8 милиони евра.

Спогодбата, договорена однапред, вклучува и издржување на затвopcка kaзна од 23 месеци.

Но во Шпанија, ocyдениците обично не служат затвop за kaзна под две години.

Ненacилната престапка на Роналдо значи дека тој најверојатно нема да помине време во затвop и kaзната сосема веројатно ќе биде условна.

Кристијано, кој во моментов е играч на Јувентус и играше минатата вечер за клубот од Италија, пристигна во судницата насмеан, држејќи се за рака со сопругата Георгина очигледно во добро расположение.