дома блог страница 3209

Тимур Дибиров: “Јас сум официјално Македонец, моите деца се Македонци и сум горд на тоа” (Видео)

Во последната емисиja “Улица Македонија” на водителката Бојана Скендеровски, гостин и беше ракометната ѕвезда на Вардар, Тимур Дибиров.

Во еден дел од емисијата Дибиров вели дека официјално е Македонец и дека е горд на тоа.

“Јас сум официјално Македонец и имам право на пасош. И моите деца се Македонци, затоа што ќерката е тука родена во Скопје. Јас сум горд на тоа, мене не ми треба пасош само за да играм за репрезентација, јас земам пасош за Македонија да биде моја следна земја. Многу ја сакам Македонија и зошто да не”, вели Дибиров.

Погледнете:

Денеска ќе биде познат еден од кандидатите за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Владимир Ѓорчев денеска планира јавно да објави дека ќе поднесе кандидатура до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се бира кандидат за претседател на државата објави “Инфомакс”.

 Во текот на денот неофицијално, Ѓорчев ќе одржи прес-конференција на која со јавноста ќе ги сподели своите намери да стане претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.

Ѓорчев долги години е активен на политичката сцена, има огромно политичко искуство. Сепак и покрај континутетот на политичката сцена, позади себе, пратеникот нема ниту еден скандал. Важи за чесен човек, принципиелен, доследен и семеен човек.

Неговата политичка кариера е исполнета со низа на успеси, бројките велат тој ги освојуваше најголемите победи во парламентарната историја на независна Македонија, последните 28 години.

Ужива голема меѓународна репутација и веќе подолго време важи за политичар од ВМРО-ДПМНЕ со силни контакти и отворени врати во Брисел, Вашингтон, Берлин и Лондон. Во последните неколку месеци Ѓорчев постојано е на терен помеѓу граѓаните.

Оженет е со сопругата Сузана, со која живеат во Скопје и имаат 4 деца, Марта, Филип, Никола и Катерина.

Ѓорчев годинава ќе наполни 41 година.

Извор: “Инфомакс”

Конечно познато зошто Врањеш ги сподели експлицитните фотографии и видеа на Карлеуша во јавноста

Врањеш ја предупредил што би можело да се случи ако јавно го посрамоти.

Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш повеќе од десетина денови се главни актери на скандалот кој долго време не е виден на домашната сцена.

Тие двајцата, како и сопругот на Јелена, Душко Тошиќ, не се симнуваат од насловните страници откако е откриено дека пејачката и босанскиот фудбалер биле во тајна врска две години, после што се објавија и нејзините пopнo фотографии и пораки кои наводно ги праќала на љубовникот.

Карелуша сега се обидува да докаже дека целата афера и е наместена, дека таа не е на фотографиите, а заборава дека за време на врската, Врањеш, како што тврди изворот на српски Курир, ја предупредил што би можело да се случи ако јавно го посрамоти.

Јелена и Огњен многу се сакаа. Тој се правеше за неа, како и таа за него. Јелена во медиумите ја одржуваше сликата на добра и верна сопруга, а Врањеш се трудеше да биде во сенка, бидејќи не сакаше да и прави проблеми. Му беше важно таа да е среќна. Не и бараше да се разведе, се согласи да бидат вечни љубовници, само под еден услов, никогаш јавно да не го понижи. И кажа дека ако тоа го направи, ќе ја уништи и на виделина ќе ја изнесе вистината за нивната врска – тврди изворот за Курир.

После избивање на скандалот, Јелена Врањеш го нарече фан и психопат кој ја прогонува, што го испровоцирало фудбалерот. Разочаран и лут и возврати со отворено писмо во кое призна дека биле во врска и објави нејзини фотографии. После снимките од Акропол каде Јелена била со Врањеш, таа тврдеше дека се работи за фотомонтажа, па објави писмо во кое Врањеш го нарекува црв и му порача да бега со жена му и ќерка му, бидејќи нема добро да помине. Тогаш за Јелена настапи уште поголем пекол, бидејќи социјаните мрежи каде беа објавени нејзините гoли фотографии, зовреа.

Да го побараше и човечки да му кажеше дека има проблем и да му најавеше што мора да напарви за да се оправда пред мажот, Огњен никогаш не би открил дека биле заедно. Напротив, би ја заштитил. Бидејќи таа го гледаше само нејзиното семејство, а неговото го зеде во уста, реши да каже што има, бидејќи не сакаше да испадне будала и да го навредува пред луѓето. Да не го понижуваше, ништо од ова немаше да се случи – завршил извoрот на Курир.

Заев: Ќе бидам прв со двојазичен пасош во Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за АлсатМ, рече дека тој веројатно ќе биде првиот кој ќе добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија.

Во текот на целото интервју, Заев немаше проблем да го користи скратеното име Северна Македонија, а на крајот од интервјуто на одјавата на новинарот во која му се заблагодари на Премиерот на Република Северна Македонија за учеството во емисијата, Заев рече дека официјално тој сѐ уште е премиер на Република Македонија.

Млада докторка од Македонија ќе лекува на Хвар, единствена се јавила на оглас кој нуди и бонус од 6.700 евра

Докторката Дивна Војновска, која е прва докторка по шест месеци во местото Суќурај, на Хвар, денеска имаше полни раце работа.

Како што јавуваат хрватските медиуми, докторката дошла на радост на жителите, кои половина година биле без медицинска помош. Ниту еден доктор од Хрватска не се јавил на јавниот оглас, на кој се нудело плата, стан и 6.800 евра бонус.

Првиот ден на работа на докторката и поминал со полна амбуланта постари пациенти, кои сакале да им измери притисок, да им препише таблети за простата или едноставно да ја запознаат новата докторка.

Околу четиристотини жители на местото Суќурај од денеска добија медицинска нега, а во анкетата велат дека се многу задоволни од новата докторка од Македонија.

Докторката Војновска за да го добие ова работно место положила државен испит, како и уште 8 испити за нострификација на дипломата.

Извор: “Лидер”

Девојки пијте пиво – постои цела низа причини зошто е корисно за женското здравје

Пивото е препознатлив алкохолен пијалок на мажите, и тие би навеле мал милион причини зошто им е меѓу омилените секојдневни пијалоци, но кога станува збор за жените кои пијат пиво, некако отсекогаш претставувало табу тема.

Сепак, постојат навистина проверени, докажани и оправдани причини зошто токму пивото е идеален алкохолен пијалок баш за жените.

Пивото е намирница која рамноправно се носи со останатите здрави и хранливи продукти. Умереното пиење алкохолни пијалоци има добар ефект на здравјето на човекот. Истражувањата покажале дека пивото, а особено темното, благотворно делува на здравјето и убавината на жените.

Во продолжение следуваат главните причини зошто е апсолутно добра идеја да испиете чаша пиво после напорниот работен ден….

Ги зајакнува коските

Жените кои пијат две чаши пиво секојдневно имаат посилни коски за разлика од оние припаднички на понежниот пол кои не уживаат во овој алкохолен пијалок. Ова е резултат на истражувањето спроведено од страна на Националниот универзитет за невропатска медицина во Орегон, САД, објавена во списанието „Natural Medicine Journal/Весник за природна медицина“.

Истата студија покажала дека пивото содржи значителни количини на биоразградлив силициум, што е еден од важните елементи од кои се изградени човечки коски. Токму затоа, умерена консумација е особено препорачлива за жени во менопауза, фаза која е неминовно поврзана со намалување на коскената густина.

Анти-воспалителни својства

Пивото е одличен извор на витамини и минерали како што се магнезиум, калциум и селен, кои го штитат целото тело од сезонски болести. Покрај тоа, содржи и многу антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот на организмот.

Пивото е храна која подеднакво се носи и со другата здрава храна. Има горчлив вкус како маслиново масло, спанаќ, блитва или рукола. Основните состојки на хмељот имаат моќно анти-воспалително дејство кое ги инхибира ензимите одговорни за иницирање на воспалителни процеси во телото.

Позитивно влијае на кожата

Пивото е одличен извор на витамините од групата Б комплекс (тиамин, рибофлавин, нијацин, пантотенска киселина, пиридоксин, биотин, фолна киселина и кобаламин) кои се одговорни за убава и затегната кожа. Овие витамини помагаат да се задржи тонусот на мускулите и даваат енергија на целото тело.

Бидејќи потребното количество витамини од оваа група не се апсорбира само од храната, дневните потреби треба да бидат надокнадени на друг начин. Постои дури и „урбана“ легенда дека комарците ги одбегнуваат луѓето кои имаат избалансиран однос на витамините Б комплекс во телото.

Во древниот Египет, побогатите жени ја миеле косата со пиво, бидејќи после третманот станувала многу сјајна и убава.

Го „убива“ заморот

Појавата на замор, меѓу другото, често е поврзана со недостаток на железо во крвта. Железото тешко се апсорбира од храната, па затоа треба да се зема и на други начини. Темното пиво е добар извор на овој минерал. Додека пак ефектот од алкохолот може позитивно да ги реши проблемите со несоница.

Пивото е богат извор на витамините од Б групата, а особено Б12 (кобаламин). Овој витамин не се наоѓа во растителниот свет, а е одговорен за производство на црвени крвни клетки во организмот.

Го штити срцето

Умереното пиење на пиво ја зголемува количината на ХДЛ „добриот“ холестерол, го намалува нивото на ЛДЛ „лошиот“, ја разредува крв и на тој начин го намалува ризикот од срцев удар.

Една студија спроведена во Италија докажала дека жените кои пијат по една чаша пиво секојдневно, имаат за 42 отсто помала шанса да добијат кардиоваскуларна болест, за разлика од оние кои не пиеле алкохол воопшто.

Хидратација

Шпански истражувачи од Универзитетот во Гранада, докажале дека пивото има подобар хидратантен ефект врз телото отколку обичната вода, особено кога телото достигнува повисоки температури, како што е случајот кај посериозни рекреационисти и професионални спортисти.

Наздравје!

Извор: “Нетпресс”

И ова е возможно во Кина: Отворена првата антистрес соба – посетителите ќе кршат шишиња, мобилни телефони и други предмети

Во Пекинг, Кина, е отворена соба за „антистрес терапии“, каде што клиентите ќе можат да ги намалат напнатоста и фрустрацијата.

Овој концепт нема за цел промовирање на насилството, туку едноставно луѓето да се ослободат од стресот кој го носат големите градови како Пекинг, истакнува сопственичката на објектот, Џин Менг.

За да се ослободат од негативната енергија, корисниците во „антистрес собите“ ќе може да фрлаат шишиња, мобилни телефони, радија и со токмак да кршат кукли со човечки лик.

Жан Митрев клиниката вработува медицински сестри и доктори специјалисти: Плата од 40 до 240.000 денари

ПЗУ Клиничка Болница “ЖАН МИТРЕВ” објави огласи за вработување на медицински сестри и доктори специјалисти од сите области.

Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ нуди одлични услови за работа и високо професиoнална работна атмосфера. Основната почетна бруто месечна плата за рботното место медицинска сестра изнесува 60.000 илјади денари (нето почетна плата 40.000).

Основната бруто месечна почетна плата за доктори специјалисти, по поднесенa и прифатена програма за реализација изнесува 390.000 илјади денари (нето почетна плата 240.000).

Огласите можете да ги погледнете на следните линкови:

ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИСТИ

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

“Пензионерите помножени со нула??”

Пензиите минимално ќе се растат откако власта го смени законот за да куртули од обврската за пензионерите да одвои повеќе пари. Пензионерите се револтирани бидејќи примањата ќе им растат согласно зголемувањето на трошоците за живот, но не и според просечната плата, како што беше случај изминативе години. Со оглед на тоа што инфлацијата е ниска, од Сојузот на здруженија на пензионери велат примањата незначително ќе им се зголемат, а јазот меѓу најсиромашните и најбогатите пензионери уште повеќе ќе се продлабочи, објавува Алфа.

Пензионерите сметаат дека власта побрзала на крајот на декември да го смени законот и тоа токму во годината кога просечната нето плата пораснала за 5.7%, што значи дека ако се останело по старо пензиите би се зголемиле многу повеќе. Велат до крајот на месецов ќе му предложат на министерството за труд вонредно да ги зголеми најниските пензии, затоа што во моментов многу пензии се пониски од износот на социјална помош.

Од министерството за труд, пак потврдуваат дека пензиите ќе се усогласуваат редовно два пати во годината, но само согласно растот на трошоците за живот.

„Исто така воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%“ – велат од министерството за труд.

Со години наназад Македонија никако не може да достигне економски раст од 4 отсто. Последен пат ова се случи во 2008 година кога реалниот пораст на БДП изнесуваше 5.5%. Лани просечната пензија во земјава изнесувала 14.421 денар, но дури 170 илјади пензионери имале пониски примања од просекот. Според последните податоци, 7.7% од пензионерите и покрај примањата живеат во сиромаштија.

Распишана потерница за водителот Милан Калиниќ

Прекршочниот суд во Белград распишал две потерници по водителот Милан Калиниќ затоа што не се јавувал на рочиштата за изречување на пресудите и казните.

Калиниќ продолжил да се однесува непримерно во сообраќајот и притоа избегнувал казни за таков вид на возење. Тој досега имал направено два сообраќајни прекршоци. Првата казна му е за пребрзo возење во населено место, а втората за незаконско престигнување.

„Поради тоа што поканите секој пат се враќаа, а со самото тоа беше невозможно да се лоцира актерот, судијата бил приморан на полицијата да ѝ нареди да го приведе Калиниќ“, вели извор близок до истрагата за „Блиц“.

„Иако неколку пати полицијата доаѓала на адресата на Калиниќ за да го приведат поради нејавувањето на судските покани, полицијата ниту еденаш не го затекнале актерот дома. Калиниќ исто така се нема појавено на суд. Првата наредба за приведување е издадена уште во февруари минатата година, а втората во септември. За месец дена ќе поминат точно година дена, период колку што го бара судот и полицијата. Калиниќ во меѓувреме слободно се движи и е присутен во јавниот живот. Тој игра во претстави и гостува во телевизиски шоуа. Но, просто никогаш не е дома кога полицијата го бара“, вели изворот упатен во целиот случај.