дома блог страница 3199

Тече рокот: 5 години за промена на личните документи и регистарските таблички

Во рок од пет години или најдоцна до 2024 година личните документи на граѓаните ќе го носат новото име „Република Северна Македонија“. Со новите амандмани во нив ќе биде наведена и етничката припадност на малцинските заедници во државата.

Нови лични карти и пасоши ќе треба да си набават граѓаните, како и нови ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години од денот на ратификација на договорот за името во грчкиот Парламент и откако македонските пратеници со усвојувањето на потребните уставни измени го запечатија новото име на државата „Република Северна Македонија“.

Регистарските таблички во иднина ќе ја носат кратенката НМ или НМК, а новото име на земјата ќе биде вметнато во личните карти и патните исправи. Во рок од 5 години ќе треба да се смени и сета останата документација на јавната администрација за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба и нивното издавање ќе почне со отворањето на секое поглавје на релеватното поле во преговорите со ЕУ. Тоа значи дека секоја институција етапно ќе го менува своето име и документацијата.

Се уште не се знае како ќе бидат сменети личните документи на граѓаните кои нема да истечат во дадениот рок. Во секој случај до 2024 година, граѓаните ќе треба да имаат лична карта или пасош под новото државно име.

Извор: “Пресс24”

АПЕЛ: На пејачот Момо Николовски му е потребна наша помош

На македонската музичка легенда Момо Николовски му е потребна итна помош поради сериозноста на болеста од која боледува. Колеги на социјалните мрежи апелираат кој е во можност да уплати сума пари на банковната сметка на Момо Николовски, бидејќи му е потребно итно лекување. Исто така, ќе бидат органзирани хуманитарни концерти, а ќе бидат отворени и донаторски кутии на концертите на кои настапуваат колеги на доајнот на македонската народна музика.

-Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика,ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка. Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769, пишува музичарот Сашо Ливрински.

Во тек е отворање донаторски телефонски броеви.

Знаете ли за што служеа шарите на вашите мали екрани?

Постарите сигурно паметат, а младите можеби се присетуваат на тие моменти кога имаше прекин на програмата, се слушаа ужасни пиштења, а на екранот на телевизорот се појавуваа необични шарени квадрати, правоаголници.

Се верувало дека сопствениците на телевизиите не сакаат нешто да видиме па тоа тоа го пуштаат, меѓутоа, знаете навистина за што служи?

Разнобојните форми во круг, квадрати и правоаголници кои се пратени од еднолично пиштење се вика тест карта или тест шаблон.

Овој телевизиски тест сигнал воглавно се емитува во моменти кога трансмитерот е активен, но не емитува програма, ова се случуваше во ерата кога телевизискиот програм не се емитуваше 24 часа.

Македонското знаме во контејнер, за вакво дело во Црна Гора се добива казна од 20.000 евра

На социјалните медиуми се појави фотографија од државно знаме фрлено во контејнер – објави “Република”.

Според информациите, фрленото знаме било забележано во Карпош 4, а сѐ уште не се знае кој го фрлил.

Кривичниот законик забранува подбивање со државното знаме и за тоа во членот 178 е предвидена парична казна. До пред 2013-та година за фрлање и уништување на знамето имаше построга затворска казна до три години.

Во соседството, во Црна Гора, Владата подготвува предлог-измени и дополнувања на Законот за државните симболи и Денот на државноста на Црна Гора, со кој, меѓу другото, се предвидува казна и до 2.000 евра за лица кои црногорското знаме би го користеле како прекривка или завеса.

Според предлог-законот, со парична казна од 1.000 до 20.000 евра ќе се казнуваат правни лицa ако грбот и знамето на државата ги користат на начин со кој се нарушува јавниот морал, угледот и достоинството на Црна Гора, како и доколку на грбот и знамето се извршат интервенции со кoи се бришат, додаваат или менуваат мекои детали, информира порталот ЦДМ, а пренесува „Танјуг“.

Исто така, забрането е грбот и знамето да се користaт како трговски или услужен печат, мостра или модел, или како било кој друг знак за обележување на стоки и услуги.

Како што е наведено, знамето не смее да биде поставено така што ќе ја допира земјата, ниту пак некој смее да го користи како подлога или завеса.

Законот воведува обврската за јавните установи пред нивните објекти постојно да се виори државното знаме.

Покрај тоа, забрането е да се прават промени во текстот и мелодијата на химната. Казната за физички лица кои нема да станат при изведбата на црногорската химна ќе изнесува од 300 до 2.000 евра.

Извор: “Република”

Татко на векот! Погледнете зошто ова видео има над 100 милиони прегледи

Таткото на ова мало девојче му изградил стаза позната од шоуто “Американски нинџа воин” (American’s ninja warrior) и ги освои симпатиите на целиот свет.

Не е потребен поголем коментар, само погледнете го видеото во продолжение, ќе уживате во секоја секунда.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за оставка на Заев и за распуштање на парламентот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утре во Собрание ќе поднесе барање за оставка на премиерот Зоран Заев, формирање техничка влада и иницијатива за распуштање на парламентот.

Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седниците на Извршниот и Централниот комитет на партијата.

-Велеа сме барале избори, а сме молеле Бога да не добиеме. Нека видат сега граѓаните кој е „за“, а кој моли Бога да не ги добие, рече Мицкоски и го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дека државата не била волку поделена досега и дека Македонија е во најтешка ситуација по осамостојувањето.

-Да го спречиме пеколниот план за уништување на Македонија, има време и за реформи и за корекции, додаде тој.

(Видео) Ноле направи шоу на прес-конферецијата со медиумите: Ова е неговиот одговор на кој се смее цел свет

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната седма титула во Австралија, а на конференцијата за медиумите по мечот направи вистинско шоу!

Убедливата победа во финалето над големиот ривал Рафаел Надал со 6:3, 6:2, 6:3 дава појасна слика за тоа кој е најдобриот тенисер во светот во овој момент.

Ноле на прес-конферецијата дојде расположен и подготвен за шегување.

Сите во салата се смееја откако Ѓоковиќ се обиде да го имитира италијанскиот новинар.

Фиќо вредно милион долари! Забележано како се искачува кон Пелистер на екстремни услови (Фото)

Снежните врнежи изминатите денови ги претворија зимските центри и националните паркови во прекрасни пејсажи.

Викендов вриеше од народ на Пелистер, Маврово, Крушево, Попова Шапка, Пониква….

И ова црвено фиќо било забележано како ита кон ски стазите на Пелистер.

Не знаеме дали искачило до највисоката точка, но познавајќи ја “инаетливоста” на ова количе, големи се шансите да успеало.

Секоја чест и за шоферот!

“Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесат иницијатива за самораспуштање на Собранието”

“@VMRO_DPMNE донесе одлука за предвремени избори, пратениците утре ќе поднесат предлог одлука за самораспуштање на Собранието и формирање на техничка влада за спроведување на изборите заедно со претседателските.
Се очекуваат одлуките од @SDSMakedonija и ДУИ”, напиша пратеникот Антонио Милошоски на Твитер.

Боречка екипа од Штип физички Haпаднaтa oд публиката во сала во Чаир?!

Вчера околу 15:40 часот во полиција било пријавено дека во спортска сала во Средното училиште „Зеф Љуш Марку” лоцирано на улица „Лазар Трпковски” во Скопје, К.Н.(34) и Г.Н.(44), двајцата од Штип, додека се одржувал боречки натпревар биле физички нападнати од повеќе лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Информацијата на Фејсбук ја објави и Горан Николов од боречкиот клуб “Oлимпија” од Штип.