дома блог страница 3198

Тројца битолчани се зakанувaлe и кршеле инвентар во кабаре

На 27.01.2019 година во 03.30 часот во СВР Битола, М.Т.(61) од Битола пријавил дека околу 00.30 часот во кабаре на градско шеталиште во Битола И.М., К.М., П.Ј. и уште едно лице, кои биле гости во кабарето, непристојно се однесувале и започнале да го кршат инвентарот и да му упатуваат закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ваква „војна“ помеѓу соседи немате видено: Летаа метли и даски на сите страни (видео)

Добро е познато дека многу Македонци не се во добар однос со своите соседи, па оттаму и изреката „да му умре козата на комшијата“

Сепак се чини дека тоа не е феномен само во нашата земја и на Балканот, туку ширум светот.

На Твитер се појави видео, за кое не е познато каде е снимено, од двајца соседи кое насмеа, но и шокира многумина.

Прво едниот со даска го мава другиот, а потоа тој возвраќа, па се приклучува и сопругата која со метла почнува да мава.

Погледнете:

(Фото) Директорот на “Старбакс” ја најави својата кандидатура за претседател на САД

Американскиот бизнисмен и поранешен директор на “Старбакс”, Хауард Шулц, рече дека сериозно размислува да се кандидира за претседател на САД.

Шулц, кој минатата година ја напушти функцијата од Старбакс, наведе дека размислува за можноста да се кандидира за американски претседател на изборите во 2020 година како независен кандидат.

Во низата на твитови кои ги објави, тој наведе дека двете партии во САД се “целосно поделени”, пренесува Би-Би-Си.

Мицевски: Законот за трговија на зелени пазари поднесен од ВМРО-ДПМНЕ по итна постапка не е ставен на денешната седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за трговија на зелени пазари и тоа го поднесе по итна постапка но законот не е ставен на денешната седница на Собранието, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на денешната седница во Собрание на Република Македонија.

Мицевски образложи дека имајќи ја во обѕир итноста и она се што значи во јавноста и она што проструи изминативе денови како важна информација се бара престанување на важење на законот за зелени пазари.

Зошто го бараме ова? Бидејќи ваквото брзоплето и несериозно носење на законот за трговија не донесе во состојба да имаме реакција на над 20-25.000 луѓе кои што закупуваат тезги. Имајќи ја во предвид итноста и проблемот кој што може да настане владејачкото мнозинство побара одложување на законот. Меѓутоа морам да алармирам дека со самото одложување ние нема да го решиме проблемот. Од таа причина бараме да се врати старото законско решение односно законот за зелени пазари да престане да важи да се вратиме на старото решение и во една нормална атмосфера, во една нормална состојба да побараме средба со сите заинтересирани страни. Односно тезгаџиите, луѓето кои што работат на пазари, организираторите на пазари, како и коморите кои што исто така се заинтересирани. Да седнат и да изнајдеме едно заедничко решение, посочи Мицевски.

(Видео) Вака изгледа бурата во Хрватска – седнаа да го испијат својот пијалок, но погледнете што се случи

Двајца пријатели од Хрватска се обиделе да изведат невозможна мисија.

Орканската бура на подрачјето на Хрватска која достигна брзина од 190 километри на час измами друштво на нова доза адреналин.

Изнеле столчиња и маса и одлучиле да испијат пијалок на свеж воздух додека дува ветер. Погледнете:

Хит видео: Санките сега имаат ново име

Додека за време на зимските месеци и студените денови родителите се плашат за здравјето на децата, сепак најмладите уживаат во овој период од годината.

Санкањето за овие деца е уживање, а покрај санките користат и други предмети. Меѓутоа, ова момче има друго име за лизгалките:

Мицкоски вечерва на дебата: За сите мои ставови, крахот во економијата и лажните ветувања на Владата, гледајте МТВ

МТВ денеска во 20.15 часот организира двочасовна дебата каде гостин ќе биде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоки со новинари од националните телевизиски медиуми.

-Со задоволство ја прифатив понудата на уредништвото на МТВ за телевизиска дебата, интервју со претставниците на националните телевизиски медиуми. Сметам дека транспарентноста и подготвеноста за дебатирање за најважните прашања, ќе им овозможи на граѓаните појасно да ги воочат и оценат состојбите, ставовите и предизвиците на нашата земја. За сите мои ставови, за крахот во економијата и разобличувањето на лажните ветувања од Владата, за името, двојазичноста, изборите, за НАТО и ЕУ и за сите други теми, Ве поканувам да гледате МТВ во понеделник во 20:15 часот, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Во минатото Христијан Мицкоски два пати го повикуваше премиерот Заев на дебата, тој во двата наврата одбиваше да дебатира со Мицкоски.

Бугарите се без граници! Му најдоа бугарско потекло и на грофот Дракула

Дали е можно во вените на Дракула да тече бугарска крв, прашуваат бугарските медиуми. Тие тврдат дека историјата на Власите (Валахија) е неразделно поврзана со Бугарија.

Во текот на првата и втората бугарска држава, земјите од Валахија се дел од неа. Поради тоа голем дел од влашкото аристократија била со бугарски корени затоа има многу примери – Влајко, Мирчеа, Раду, Владислав.

Во случајот со Дракула неговиот татко се вика Владислав (Влад II), едниот брат Мирчеа, а другиот Радо. Влад Втори е син на славниот војвода Мирчеа Стари, кој е поставен на тронот на Влашка од цар Иван Шишман.

Друга интересна карактеристика на Валахија и сведоштво за влијанието на Бугарија е официјалното пишување. Влашките кнезови пишувале на кирилица, а официјален јазик бил старобугарскиот кој од непознати причини се нарекува црковнословенски.

Дури во 1861 година, кога во ново создадената држава Романија е направена јазична реформа кирилицата е заменета со латиница.

Извор: “ПрессингТВ”

Не можел да издржи, па за да отиде во тоалет украл автомобил – што се’ шета по земјата

Кусото одење во тоалет ќе има сериозни последици за 18-годишно момче од германскиот град Над Нојштад, објави во саботата тамошната полиција.

Кога трчајќи во петокот го почувствувал ненаделниот повик на природата, тинејџерот одлучил на најбрз можен начин да дојде до тоалетот, со отклучен автомобил и мотор во погон кој сопственикот го оставил пред самиот дом.

Сопственикот го оставил возилото да се загрее на ниските температури кои оваа зима ја погодија Германија. Сфаќајќи дека му го нема автомобилот, 34-годишникот повикал полиција.

Набрзо полицајците го откриле виновникот за кражбата, и тоа пред истата куќа од којашто автомобилот исчезнал.

Според полицијата, момчето објаснило дека само „го позајмило“ автомобилот за да се одвезе до неговиот дом оддалечен километар и половина.

Сепак, извинувањето нема да го спаси од обвинувањето за кражба на автомобил и за возење без возачка дозвола.

УХМР: Од денеска нови врнежи од снег и дожд, ќе продолжат и во наредните денови

Зголемување на облачноста, а во попладневните часови и нови врнежи од дожд на пониските места, како и снег на планините, најавуваат за денеска од УХМР.

Врнежите се очекува најпрво да бидат поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во вторник кога ќе бидат засилени на југоистокот и истокот.