Калифорнискиот крајбрежен град Сан Луис Обиспо плаќа по 100 долари за првите 500 туристи кои ќе го посетат во зимската сезона.
За да добијат пари, потенцијалните посетители мора да резервираат минимум две ноќевања во некој од градските хотели преку официјалниот градски сајт. Веднаш штом ја резервираат својата соба, тие треба да испратат електронска пошта на [email protected], по што, според порцедурата, треба да добијат промотивен код.
Понудата важи само за првите 500 туристи кои ќе се најават со е-пошта. Доколку не добијат повратна порака со код, тоа значи дека заинтресираните не влегле во првите 500 туристи за оваа зимска сезона која трае од 1 јануари до 31 март.
Се работи за град каде што има многу што да се види, вклучувајќи ја и уметноста со силно шпанско влијание, но и познатата долина „Баблгам“ односно 21-метарска улица која е целосно покриена со гуми за џвакање.
Се претпоставува дека на неа има залепено најмалку два милиона гуми за џвакање.
Владата на Република Србија е исклучително задоволна од Владата на Република Македонија, од сето тоа што се случува во Македонија, порачува Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.
Но, ова негово тврдење воопшто не се темели на пофални зборови за македонската Влада.
Тој во интервју за КУРИР говори за повеќе аспекти од најактуелните случувања во Македонија, но и за економијата, за договорот со Преспа, за уставните измени, за надворешната политика…
– Владата на Република Србија е исклучително задоволна од Владата на Република Македонија. Зошто? Од многу проста причина што 15-тина инвеститори кои во изминатиов период требаше да дојдат во Македонија, скоро сите во изминативе година-година ипол, си ги отворија своите капацитети во Република Србија. Од тој аспект српската Влада и целото политичко раководство е мошне задоволноод политиките на македонската Влада. Што се однесува до делот кога станува збор за можните решенија, ќе ве вратам на фактот дека овдека најдобро за овој момент во кој се наоѓаме, одговара реченицата на Слободан Милошевиќ, за време на промените во Србија во 2000-та година кога рече дека некои грешки ќе се поправат, но некои грешки нема да може да се поправат, истакна Стоилковиќ во интервју за КУРИР.
За потребата од вонредни парламентарни избори, тој вели дека тие се неопходна потреба на граѓаните на Република Македонија, но вели дека за да дојде до тоа треба да се склопат коцки кои во моментов не се склопени.
Обвинува дека со уставните измени по Договорот од Преспа, не се прави општество за сите, туку општество за Албанците и општество за една хибридна национална структура.
-Новоформираната република Северна Македонија допрва ќе треба да го менува својот уставо-правен систем. Јас мислам дека тука има многу малку простор и дека најпразната флоскула која е кажана во иминатиов период е дека правиме едно општество за сите. Правењето на едно општество за сите е продавање на обична магла затоа што, во суштина, ние не правиме едно општество за сите, туку правиме општество за Албанците и општество за една хибридна национална структура која најверојатно ќе се состои од нешто што порано беше македонскиот народ и припадниците на помалите етнички заедници, рече лидерот на ДПСМ во интервју за КУРИР.
Целото интервју, можете да го погледнете во видеото кое ви го пренесуваме во продолжение:
На свои седум години, во своето прво телевизиско интервју, светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ знаеше што сака во животот, особено на полето – тенис.
Неговата желба како дете е одамна исполнета. За тоа сведочи ова видео, кое исто така одамна е објавено на социјалните мрежи, но секогаш служи како добро потсетување, особено за оние кои не веруваат во детските желби и соништа. Упорноста и силната волја кон нештата, на крајот секогаш се исплаќаат.
Па така, 31-годишниот српскиот рекет по седмиот рекорден трофеј на Австралија Опен, дојде до бројката 15 Грен слем титули, доволно за да го надмине легендарниот Пит Самрас, а да им се доближи на Рафа Надал со 17 и Роџер Федерер на врвот со 20 освоени големи турнири.
Финска е најсреќната земја на светот, но староста на населението во оваа држава е она што ја загрижува тамошната влада, па поради тоа бараат работници од други држави.
Консолидацијата на пазарот на труд ќе биде централно прашање на парламентарните избори во Финска кои ќе се одржат на 14 април.
Според извештајот на државната агенција кој ги истакнува клучните предизвици во следниот период, новата влада мора да пронајде начин да ја зголеми вработеноста на 75% од сите работноспособни Финци до 2023 година.
Моменталната стапка е 72%, што одговара на целта која во 2015 година ја постави сегашниот премиер Јуха Спила и која во тоа време се сметаше за тешко достижна.
Сепак потребни се 150.000 нови работни места за северната членка на еврозоната да го одржи својот систем за социјална помош.
Твитерџиите се шегуваат на сметка на вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој планираната инвестиција на индиската компанија “Малхотра” ja објави како успех на владата на СДСМ, иако истата била најавена уште во 2016 година, од екс премиерот Никола Груевски.
Во Собранието денеска се расправа за интерпелацијата за министерот Никола Димитров, која ја покренаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
“Македонската мудрост знае да каже, “Крушата под круша паѓа”, но тоа не е случај со нашиот министер Никола Димитров. Ако било така “крушата под круша да паѓа”, нема неговите ставови да бидат контрадикторни со ставовите на неговите родители”, порача меѓудругото пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Целото негово излагање погледнете го во продолжение:
Сметам дека денес е правото време да одговорите и пред македонската јавност и пред нашите сограѓани Кавадарчани. Прво што сакам да ве прашам е зошто ве чува полиција и тоа 24 часа на ден, ако политиката што ја води оваа влада е во ред.
Тоа да им го објасните на нашите кавадарчани кои ви го дадоа гласот, му порача пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова на пратеникот од СДСМ Бетијан Китев. Таа додаде дека тој гласал за промена на уставното име на Република Македонија, прашувајќи го како можел тоа да го направи кога во Кавадарци на референдумот гласале само 9.600 граѓани од вкупно 32.000 граѓани кои имаат право на глас.
Зорица Брунцлик жестоко ја „подбра“ Јелена Карлеуша.
Имено, на фолк-пејачката не и’ се допадна тоа што Карлеуша во рамките на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ изреагира на една кандидатка, која сакаше да пее нејзина песна.
Фолк-пејачката на својот Инстаграм профил сподели видео каде што Карлеуша ја критикува кандидатката. Коментарот е остар.
Во време кога Карлеуша е среде секс-скандал, Брунцлик и порачува дека е добра во СЕ, освен во пеење. „Би ти рекла срам да ти е, но ти не знаеш што значи да се срамиш“!
Срнчето Бамби од кичевското село Белица стана вистинска интернет сензација. Семејството чиј миленик е слаткиот Бамби објави ново видео од милото животно како јаде ореви.
Инаку срнчето Бамби самото дошло во домот на ова семејство, а тие со голема љубов и внимание го одгледуваат во нивниот дом.