дома блог страница 3194

ВМРО-ДПМНЕ: “12.000 прилепски пензионери со пониски пензии?? Дојде живот во двојазичен Прилеп?” (Видео)

Со секој изминат ден од владеењето на СДСМ, станува се појасно дека ова власт работи исклучиво на штета на граѓаниите. Преку најновите измени на Законот за пензии, власта директно удира по една од најголемите категории граѓани во државава. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Со измените на Законот се предвидува усогласување на пензиите само доколку постои раст на трошоците за живот, а не како досега, кога усогласувањето се вршеше не само кога постои пораст на трошоците за живот туку и според растот на платите во државава.

Имајќи во предвид дека Македонија е земја каде сите политики се насочени кон најниска инфлација, односно што помало зголемување на трошоците за жиивот, а резултатите од минатата година покажуваат дека истите се зголемиле само за 1,5% пензионерите речиси нема да добијат некое покачување на своите месечни примања.

Од друга страна имајќи го во предвид движењето на нето платите за миинатото полугодие, со ова законско решение пензионерите ќе бидат оштетени за околу 500 денари месечно.

Во ситуација кога повеќе од половина од пензионерите во земјава имаат потпросечни примања, односно добиваат помалку од 14.421 денар, ова ќе биде удар врз пензионерите кои се најранливи, односно оние со најмали пензии.

Гледано во бројки, од вкупно 320 илјади пензионери, дури 170 илјади имаат пензија под просечната, а околу 80 илјади примаат пензија која е под 9.000 денари.

Со овие законски измени, пензионерите кои земаат најниски пензии и во услови на најмало зголемување ќе добиваат помалку од пензионерите со поголемии месечни примања, за разлика од претходните години кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и се вршеше правично, подеднакво зголемување на пензиите на сите категории пензионери.

Вака предвидените измени на Законот, секако нема да ги одминат и прилепските пензионери, кои се повеќе од 12.000 на број и важат за едно од поголемите пензионерски здруженија во државава.

ВМРО-ДПМНЕ знае дека оваа категорија на граѓани заслужува многу подобро, заслужува почитување и вреднување на нивниот вложен работен труд низ годините. Нашите политики и во минатото и во иднина ќе бидат насочени кон подобрување на животот на пензионерите и постојано зголемување на нивните месечни примања.

Токму затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе Закон за укинување на новото законско решение и ќе побара враќање на претходното“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

ВИДЕО: “www.infokompas.com.mk”

(Видео) Станете и поклонете се пред “Богот на фудбалот”: Формата е привремена, но класата вечна

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдињо и на 38 години воодушевува со спектакуларни потези.

Роналдињо учествуваше на последниот меч на бразилската легенда во фудбал на песок – 44 годишниот Жоржињо.

Жоржињо ја заврши кариерата во дресот на Бразил со меч против Јапонија во кој неговата селекција славеше со резултат 11:4, а на мечот неверојатен беше Роналдињо.

Иако својата последна утакмица ја одигра во 2015 година, Роналдињо сеуште имаше што да покаже.

Воз излета од пруга кај Велес

Вчера околу 17.00 часот на делницата Скопје-Велес, пред Железничката станица Велес, товарен воз, управуван од машиновозачот С.М.(23) од Скопје и совозач Р.Б., поради одрон од карпи на железничкиот коловоз, и3летал од пругата и локомотивата удpила во метални столбови од контактната мрежа.

Притоа, со повpеди се здобиле машиновозачот и совозачот и биле пренесени во болницата во Велес.

Увид извршила екипа од СВР Велес.

Адеми побара примена на албанскиот јазик и преведувач во Судски совет

Членот на Судскиот совет на РМ, Селим Адеми на почетокот на денешната седница побара од претседателот на СС, Зоран Караџовски да се почитува Законот за употреба на јазиците.

Имајќи предвид дека е донесен Законот, барам поканите за седниците на Судскиот совет да бидат и на албански јазик, а воедно да се обезбеди и преведувач, рече Адеми.

Претседателот на СС, Караџовски рече дека сите знаат дека Законот е донесен, но дека и во него има рокови за негова имплементација.

Јас имам намера да го почитувам Уставот на РМ и законите и нема да се чека последниот рок, рече тој.

Караџовски изрази надеж дека во најскоро време ќе се остварат правата согласно Законот.

Извор: kurir.mk

Денеска е Св. Антониј Велики, задолжително прочитајте од што е заштитник овој светец

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јануари.

Денеска е Св. Антониј Велики.

Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра. Еден ден во црква ги слушна зборовите:

Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот.

Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови. Во текот на многу години ги помина сите скалила на духовниот живот и со својот живот стана пример за сите монаси до денешен ден. Се упокои мирно на свои 105 година, во 356 година.

Преподобен Антониј Велики

(Именден празнуваат: Антон, Антоние, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…)

Подвизувањето е старо колку и христијанството. Но во почетокот личностите што се подвизувале не ги напуштале населените места и не оделе во пустини, пештери и сл. туку останувале во градовите или селата и тука се подвизувале сами или во помали групи. Монаштвото првите примери ги имало во ликовите на преподобните Павел Тивејски и Антониј Велики.

Свети Антониј Велики е роден во 251 година во среден Египет. На 20-годишна возраст му починале родителите и тој заедно со сестра му го наследиле нивното богатство.

Откако во црквата ги слушнал зборовите на Исус „Ако сакаш да бидеш совршен, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по мене.“ (Матеј, 19/21) еден дел од имотот го продал и ја сместил сестра си во еден дом за девојки, другиот дел од имотот го раздал на сиромаси, а тој го започнал подвижничкиот живот.

Направил многу подвизи, особено се истакнал во борбата против еретиците. По молба на св. Атанасиј ја посетил Александрија во 335 година за да помогне во борбата против еретиците на Ариј кои биле силни и по поразот на Никејскиот собор (325). Неговото пристигнување во главниот град предизвикало големо внимание.

Многу пагани дошле да го видат, а многумина сакале и да го допрат поради неговата слава. Тогаш мнозина пагани го прифатиле христијанството. Иако неписмен, (не знаел грчки, ни латински, туку само египетски) водел кореспонденција со св. Константин Велики и го бранел св. Атанасиј Велики од клеветите на непријателите.

Бил строг и кон неправедните судии и им го споменувал Страшниот суд, како и нивната должност да бидат милостиви и справедливи.

Доживеал длабока старост. Починал на 105 години. Кога си го почувствувал својот крај на двајцата негови ученици им оставил завет да го погребаат тајно за луѓето да не го знаат местото на неговиот гроб. Починал на 17 јануари 356 г. (с.с.)

М. Цепенков во записите за светците вели дека „свети Наум, Свети Андонија и свети Спирудон – да лекуат улаите.“ Во прегледот на еснафските празнувања Цепенков запишал дека св. Антониј го празнувале како еснафски празник ковачкиот-цигански еснаф како и цигуларите и амалите.

Празникот Св. Андон во Гевгелиско се сметал за тежок празник и аталија, празник за лудите луѓе. Особено св. Андон се сметал за заштитник од лудилото и од ѓаволот.

Таму каде што тој ќе се јавел ѓаволот морал да бега далеку 24 часа. Еднаш ѓаволот дошол кај св. Андон и почнал да тропа на вратата. Сакал да влезе и да го залаже да не оди во црквата. Но св. Андон го здрвил пред вратата и ѓаволот пукнал.

После ова кога некој боледува од лудило покрај постелата му ја ставаат иконата на св. Андон. Било од каква болест да боледува човек покрај Евангелие му носат и икона од св. Андон и веруваат дека ако му е за умирање ќе умре, а ако му е за станување ќе оздрави.

Заврши најмасовното македонско фудбалско натпреварување во Австралија: Сонцето од Кутлеш го красеше теренот во Квинбијан (Видео)

Изминатиот викенд од 26-28 јануари се одржа најголемиот македонски фудбалски куп во австралискиот град Квинбијан.

На натпреварувањето учество зедоа триесетина македонски клубови од сите страни на австралискиот континент.

Купот беше насловен како “МАSO CUP 2019” и за прв пат се одржa во овој австралиски град.

Најуспешни беа екипите: Rockdale City Suns FC во машка конкуренција и во конкуренција на екипи до 20 години, Wollongong United FC во женска конкуренција и екипата на Yagoona Lions FC во мастерс конкуренцијата.

Голем број љубители на фудбалот го посетија турнирот и уживаа во богатата фудбалска понуда.

Турнирот го одбележа сонцето од Кутлеш кое беше исцртано на средината од фудбалскиот терен.

Ви пренесуваме дел од атмосферата и декорацијата на теренот:

“Еве како на суво чисти снег “Македонија пат??” (Видео)

И после некој ќе рече ништо не работеле…

Моќта и совршенството на природата – “планинско око” (Фото)

Дека природата „прави чуда“, потврдува и фотографијата на албанскиот биолог Арбен Палуши.

Во овие студени јануарски денови, кога многу населени места во северниот дел на земјата се завеани во снег и заковани во мраз, природата „со своја рака“ создаде планинско око, наведуваат албанските медиуми, пренесувајќи ја фотографијата на Палуши.

Природната убавина, Палуши ја овековечил при престојот во реонот на кањонот Шеја во близина на селото Бицај, кај северниот албански град Кукс.

Најекстремна зима во Америка досега, се огласи и Трамп: “Глобално затоплување, те молам врати се” (Видео)

Делови од САД до крајот на неделата ќе бидат зафатени од многу ниски температури кои ќе се спуштат до -53 степени Целзиусови, предупредуваат метеоролозите.

Најстудено ќе биде во среда, а Чикаго ќе биде постуден и од Антарктикот, а како што велат метеоролозите, вака ниски температури се случуваат еднаш во 25 години.

Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова предупредиле дека за време на престој на отворено луѓето не треба многу да вдишуваат и не треба многу да зборуваат.

По овој повод се огласи и претседателот на Америка, Доналд Трамп кој на Твитер напиша дека „На преубавиот Среден запад, ледените темпратури достигнуваат минус 60 степени и дека луѓето не можат да издржат ниту минута надвор“.

-Што се случува со глобалното затоплување? Те молам врати се брзо, ни требаш, напиша Трамп.